Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.159
    Допаѓања:
    6.518
    Пол:
    Женски
    Не сум го оставила нигде да преспие без мене. И нема ни да го оставам у блиска иднина. Он може и да нема проблем, ама јас имам. Значи не е стално до детето, некад е и до мајката:|
     
    На Mia Fuentes, Lisicko, NNA и 7 други им се допаѓа ова.
  2. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Ја немам оставено, ќе а оставам сама кога ќе побара :D
    Се надевам не за скоро, ќе ми фале :envy:
     
    На NNA, The Unicorn и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.277
    Допаѓања:
    67.893
    Пол:
    Женски
    Различно е секое дете, ако си спие и денски веројатно не би имало проблем.
    Мојата не сакаше. Додека беше помала не ни помислував зашто немам доверба во моите за чување. Кога потпорасна сама викаше ќе спиела кај нив, пакуваше пижами, ама додека дојде вечер се предомислуваше. :D
    Се сеќавам со брат ми кога бевме мали не носеа кај баба и дедо на спиење, а они на другиот крај на градот. И ќе си легневме, се убаво, ама баба ми ја гледавме како се моли пред да легне и не фаќаше страв зошто се моли.:rofl: И почнувавме да рикаме на цел глас и во ниедно време доаѓаа да не земат од другиот крај на градот.
    И после пак пробаа, ама пак беше исто. Којзнае колку сакале да куртулат од нас штом пак се осмелија.:worried::sweat:

    А за ова споделуваме мислења и факти, како и за се друго. Ако гледаме вака не треба ништо нит да се објавува, нит да се споделува. :)
     
    На NNA, Yowannty, Kaetana и 2 други им се допаѓа ова.
  4. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.991
    Допаѓања:
    59.667
    Пол:
    Женски
    Секако дека ќе почне да збори.
    Мојот само што наполни 2 години и послаб е со зборењето но овие два дена многу изненадува.
    Почна да кажува кога кака, пробав да го седнам на нокшир нејќе, прееска сам не однесе во тоалет да го качам на шоља и вика мама кака.Го седнав и се искака, мислам дека скокав од среќа:D
    Утре купувам адаптер и почнуваме со одвикнување пелени.
    Има рок до јули да се одвикне, тронот на пелени ќе го предава.

    Иначе јас за зборењето се консултирав со двајца логопеди и по основ на тоа што го прави ми кажаа дека нема потреба за грижи дека кај и дае ќе се пушти.
    А матичната не праќа во центар за развојно здравје, бидејки на оваа возраст требало да кажуваа реченица.
    На 14 месеци го оставивме една вечер кај баба му и добро мина.
    Ептен одевме во Софија иначе не би го оставила и така малце време поминуваме заедно.
     
    На NNA, lackygirl, srekice и 3 други им се допаѓа ова.
  5. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    @monik55 прати ја матичната на дообука негде. Плус малиот твој пееше песнички. Може не со текст али со игра и тон.

    Овде на завршна контрола ни рекоа дека сосем доволно збори за сега, а не кажува реченици. Плус со напомена дека во следната половина до година дена ќе отвори целосно.

    Чим детето почнува да имитира животни и се труди да се објасни некако со еден збор два нема простор за плашење. Најчесто зборат до 2,5 год. А почнуваат после 20 месец.

    Требало до две да кажува реченици боже боже глупости.
     
    На drugarka, NNA, srekice и 5 други им се допаѓа ова.
  6. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.991
    Допаѓања:
    59.667
    Пол:
    Женски
    Сите истово ми го кажаа, воспитувачата од градинка вика она од 5 мин гледање неможе ништо да процени, јас си го гледам детето 8 саати и супер си напредува.
     
    На NNA, lackygirl, srekice и 5 други им се допаѓа ова.
  7. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Башка и од градинката многу ќе напредни во зборување :)
     
    На NNA, srekice, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Глупости збори. Малиот си е таман во развој. Оние што зборат веќе се понапредни во говорот. Но тоа не значи дека детето твое назадува туку е во нормала на развој.
    Како едни дечиња проодуваат на 11 месеци, а најчесто се на 14-16 месеци останатите? Исто и говорот.

    Пред две полни години детето треба да ги извршува сите команди, да следи со поглед, да се плаши, да имитира животни, цртани, да покажува што сака, да си зема само што сака, да се траска од земја на “не таму”, да гушка и покажува емоции, да се смее гласно, да не е бестрашно, итн. Запомнете, оние дечиња кои имаат развоен проблем сами сигнализираат дека нешто не е во ред. И нема мајка што не знае дека детето има проблем. Никад не еј две години има пак сега прв пат гледам дека не комуницира никако. Тоа не е точно. Дечињата со проблем како да потонуваат во тој меѓу период од една до две години. И мајката мора да сигнализира и да бара стручна помош. Бидејќи е мајка и знае. И мора да разговара редовно со педијатар до каде е развојот. Не со твојот нели :)
     
    На Makedonka007, NNA, lackygirl и 12 други им се допаѓа ова.
  9. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.991
    Допаѓања:
    59.667
    Пол:
    Женски
    Одамна и се токмам да ја сменам, сега сигурно ќе биде сменета.
     
    На Makedonka007, NNA, Miss.Sweet и 3 други им се допаѓа ова.
  10. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.159
    Допаѓања:
    6.518
    Пол:
    Женски
    Ќе пишував зашо мојов по цел ден го слуша куче како лае а уште не пробал да го имитира ама ти го пиша ова и сватив дека дете ми е таман у развој8)
     
    На NNA, KuklickaSk, srekice и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.885
    Допаѓања:
    10.402
    Маjки дали дoкoлку е маjката на паталoшкo бoледување пoради ризична бременoст, таткoтo мoже да земе бoледување за дете?
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.068
    Допаѓања:
    108.865
    Пол:
    Женски
    @KuklickaSk големата ќерка ја имав оставано кај свекрва ми од годинка , секоја сабота зошто со мм редовно си излегувавме :whew: :D и не беше многу поврзана со нас , каде и да одев не плачеше по мене. А беше проблематична со спиењето , многу касно легнуваше и пак се нафаќаа да ја чуваат :whew: ја оставав во 12 часот и јас кога ќе станев (а бидејќи касно легнував , станував во 11 часот и во 12 ја земав)
    А навистина ми недостигаат тие времиња. Баш со мм тоа си зборувавме вчера , кога така пак би излегле. Ама сега со другово , цица уште ноќе и ќе им станува нема да можам да ја оставам така
     
    На NNA, haruki, MilaSs12 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Јас завчера се слушнав со сестрата што работи кај матичната. Девојката е дефектолог. Се мк објасни исто како и @FreeMind што пиша. Вика, до втората година е нормално. Само треба удрам форса на стимулација. Качување по скали, вежби за пинцета зафат, шетање надвор многу, џвакање, да и пеам и да играм. Исто и многу влијаеле сензорните активности. Може @danichap да посочи некоја за насока.
    Исто за имитација рече, ако има контакт со очи, а тоа одма се приметува, под имитација се подразбира и пивторување на постапките што ги прават родителите, а не само зборови повторување. Стимулација со ономатопеја, да ја земам во раце и да и објаснува жм што правам, за да поврзува работи. Можеби нешто испуштив.

    @FreeMind Верувај, не сите мајки забележуваат дека нешто не е во ред. Стварно ти кажувам, за жал гледам пример.

    Инаку, за ноќен подој. Откачувајте после 9-ти скок. Стануваат после тоа многу паметни и разбрани. Ќе си имате мака.
     
    На drugarka, NNA, The Unicorn и 4 други им се допаѓа ова.
  14. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски

    Затоа системот треба да предвиди задолжителни прегледи кои го следат развојот. Како овие овде што ги прават. Значи едноставно мора на две години да го прегледа педијатар со вежби за се и говор да увиди дали детето се развива правилно или треба да се упати на логопед.

    Не велам дека не се прават превиди, но системот мора да реагира. Во градинките исто има развојно следење кое детектира проблем. Има контроли државни медицински кои на своја рака вршат прегледи. Се пријавува родителот автоматски ако во кутијата за појадок има само салами секој ден. И за подоцна ако кма проблем имаш програми, школи за секаков тип на проблеми и мешани паралелки да се учат различности има константна работа со дефектолози има реха програми од месец дена каде имаш 24 часа надзор и стимулација на детето и милион разни детектори наместени насекаде да детектираат проблем и да се бара солуција. Мора да има и протокол и стандарди на третман на секоја болест.

    Не може на која да и да и текне да треска од ракав. Тоа за жал го нема доле и многу многу дечиња кои имаат проблем ги кријат по дома од срам или не знаење што понатаму.

    Затоа Дани преку нејзиниот канал дава сеопфатна анализа и помош на овие мајки. Епа сега среќо 2021 е да не си во тек со програми за развој на дете и не можеш да детектираш проблем кај сопствено дете...до кога да ги молиме да се модернизираат и информираат? До 2333 доволно ќе е? А знае да изгугла број за онлајн бајач, а ваму не знае да изгугла развојни етапи. Сатарот и кај што е најтенко.
     
    На kockichka, bela.m, Alishan30 и 14 други им се допаѓа ова.
  15. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    12.942
    Пол:
    Женски
    Синко на 6 месеци го оставив кај мајка ми, една вечер морав и Супер поминаа, а после годината редовно си поседуваше и по 2-3 дена
    Сестра ми не беше мажена и на глава им се качуваше.
    И кај свекрвата спиеше, но во иста куќа сме па често се враќаше горе ако бевме дома.
    Е сега ова бебе поради ситуација со корона, сеуште го дојам некако е поприврзано И не ми се пушта нигде. Малку до мајката е но многу И од детето зависи.
    Од сестра ми внуката 10 год нигде нема преноќено освен дома
     
    На NNA, srekice, KuklickaSk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Сванав како што треба? Има нешто ново? :angel:
     
    На mamaJana му/ѝ се допаѓа ова.
  17. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.991
    Допаѓања:
    59.667
    Пол:
    Женски
    Дедо Мраз дојде и кај нас:D
     
    На Annath, koritsaki, mal.ecka и 10 други им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.277
    Допаѓања:
    67.893
    Пол:
    Женски
    Ништо нема кај нас, за жал. Јас еднаш педијатарката ја прашав кога треба да почне бои да распознава и се најде затечена од прашањето, не знаеше да ми каже, па почна одприлика да врти. Баш е штета што нема такви прегледи за развојот, па да се насочи родителот кон што да обрне внимание. Има и многу прост народ, навистина има, затоа би требало системот и нив да ги регулира, да не се на крај децата оштетени. Ама ете...

    @monik55 честитки. :)
     
    На Makedonka007, drugarka, NNA и 5 други им се допаѓа ова.
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.398
    Пол:
    Женски
    По развојните табели во период од околу 18 месеци до 24 месеци треба да сврзе два збора во проста реченица.
    Само што ако другите работи се во ред, пример моторика и ако детето разбира команди, има покажување, реагирање на име, дург развиен начин на комуникација со родителите и ако има зборчиња (дури и ако работите га кажува погрешно) не се рагира веднаш туку се чека до кај 3 години да се дооформи говор. Потоа до 5 години се чека правилно да се почне со изговор на гласови. Ова ако е како што кажав се во ред со слух, ако има разбирање на команди и обиди за комуникација со околина.

    Така што педијатарот ако се овди по таблица, а не е многу вичен во општа проценка на развој го праќа детето кај специјалисти за таква проценка. Подобро да се биде на сигурно, отколку да се промаши нешто.
     
    На NNA, BabyT* и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  20. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Со добра мисла :inlove: :hug:
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.