До 24 месеци според развојни табели треба да сврзе само два збора. Мама дај, ауто да, како пример. Ова е нормална граница за говор. Има и една подгрупа се именува како касно прозборени дечиња кои до 2,5год имаат 50 збора и сврзуваат два збора. Во овој случај кај Моник станува збор за дете кое ја пее бејби шарк песната што значи детето владее повеќе зборови. Конкретно кај Емили на 22 месеци педијатарот очекуваше максимално 10 збора. Ова колку за споредба како се оценува говорот. Првенствено прашањата беа насочени кон рано откривање на аутизам и пречки во развој. Преку 50 прашања кои се однесуваат за детето и реакции. Дали е детето за специјалист или не би требало да процени од некакви вежби, а не од прашањето дали сврзува проста реченица. Се протнува една паника помеѓу родителите. Страв. Нема потреба. @monik55 држ се сесре
Истото го кажав. Проста реченица (два збора именка и глагол, односно подмет и прирок). Кај твоето очекувале 10 збора зашто е билингвално детето. Различно со проценува. Инау повторување на зборови од песна и спонтано продуцирање зборови и реченици не е исто. Едното е просто меморирање (пеењето песни), другото е разбирање на процесот на комуникација и почнување да се сфаќа граматика. Не е за паника, ама многу често луѓето касно реагираат зашто мислат во ред е дете на 2 години да не комуницира. Меч со две острици испадна ова за педијатриве: ако каже крева паника, ако не каже пропушта нешто.
Моментално сите тројца позитивни. Прв синот, па мм од вчера И јас. Со симптоми сите. Синко најмногу. Ме чуди што има многу симптоми, а е дете 15 год. Бебе сеуште нема ништо со оглед што сме сите заедно неизолирани. Денес 2-3 пати дијареа имаше и толку. Ти благодарам. Со лесно кај тебе. Читам бремена си.
Лесно да ви пројде, обично до 7 дена највеќе има симптоми. На бебе ништо не би требало да има, само следија и вит ц давај и. Ние го тестиравме со лимон малиот дали го осеќа.
Ова моево обожава да си игра со храна, гмечи, стиска, истура хаос е низ дома ке се насоберат 300 инсекти Ај на страна чистењето секако друга работа немам ама како да му објаснам дека така не треба? Од НЕ не се разбира, туку намерно упорно си тера по негово..
Абе оброк јас го ранам, ама за ужина нешто ке му ставам во чинија или некои грицки од кеса ако има, иги истура на маса па ги турка на земја, па гази, па стиска со раце, хаос. Ми е страв да појдам на гости некаде
Епа некако мора да се научи. Сака веќе сам да јаде. Прво ќе фрла Мојата уште дроби и фрла Само чистам.
Таа фаза сите ја минуваат додека да научат дека не треба така. Наместо не (пошто прават за инат), викај му пример ајде не го фрлај да му го на мечето, или дај и го на мама, да ране некој друг. И устата пења нека ти фати. Јаде мојата од после годинка сама , уште знае да шлапа ама не е до толку како што беше. Некогаш кога ќе ме налути и зимам и и го тргам, па ако плаче и велам ќе ти го дадам ама да не фрлаш и валкаш. Пак ако праве така пак и го зимам.
Леле @srekice оваа твоја свекрва се знаела, алал ти е како ја трпаш. Читав некои истражувања, дете до 2 години треба за знае барем 10-12 зборчиња, е сега од дете до дете секако има разлика, пр мојата кажува мама ТатЕ, баба и деде, цице(чиче), ајде, ај, као, кака, ма(маче), исто цице(на градата мисли), нана(името си го кажува), да и не.. Иста сум била и јас, до 3 години не сум сврзувала зборови, кога сум преговорила, сум имала проблем со ф, в, л, ама со секојдневна работа со логопед се среди. Исто сметам дека можеби од мене има попримено Нада во врска со говорот, можеби и она ќе преговори накај 3 година. Исто ги реди сите играчки од поголемо до помало, разбира се. @Presrekna со лесно да минете, чувајте се
Овој за шо и да му речам не, упорно праи како за инает. Некогаш ме провоцира со нешто шо несмее за да привлече внимание. Најчесто му одвлекувам внимание со нешто друго, ама ко ке претера му земам и јас.
Со лесно да поминете сите. @monik55 и кај тебе со лесно до крај! @FreeMind подобро напишано, амин. И јас се чудам - не се чита ништо, не се истражува, а без проблем знаат да најдат групи на ФБ и да прашаат што да му капнат во увото на бебето оти го боли.
Да се дообјасниме. До две години треба да поврзе само два збора. Глаголите идат покасно во говор. Затоа и се вели два збора поврзување. Како што и кажав до две години нормално е 50 збора основни да има. Нормално. Ако има 20 или 10 и тоа е нормално земајќи ги сите параметри заедно. Од втората до третата е говорот. Тогаш е продуцирањето на реченици и нивно разбирање. Најчесто бумот е околу 2,5 год. Повторување песни и движења, ономатопеја е првата фаза во говорот. И се очекува до две години да го има. Вака е барем овде објаснето. Кај билингвални, предвреме родени и близнаци уште подоле е границата на зборови. Затоа не ми е сфатлива проценка на говор со едно прашање дали поврзува реченица. Каде се другите компоненти кои го носат заклучокот до специјалист. За да сигнализираш проблем мора да имаш основа. А основа не се прави шалабајзерски туку со анализа. Го спорам начинот по кој се водат во оваа проблематика матичните. Инаку ако има за сигнализација секако е подобро навремено да се сигнализира или ако не е сигурна во проценка. Ама онака од пушка на прва не, тоа не е во ред.
Синко уште од вчера е со температура. Кога си дојдов од работа му мерам 38, му дадов сируп ефералган и електролити на хип..му спадна на 37.5 за 6 саати, му дадов пак ноќта, кратко време му беше падната сабајлево пак 38..пиеше сируп пак сега...еве го заспа, вчера цел ден слабо спиен, а и ноќеска..поткашлува мноооогу ретко, друго ништо..пред некој ден често какаше..се слушнав со матична синојка на излагање само ова ми даде...да не му е некој вирус, стомачен да не има или пак нешто друго е во прашање...17месеци е..доста време ми се лигави да искачаат 5ки сега..рано ќе да е...
Исто ми кажа и матичната и дефектологот како што објасни ти. Нашите доктори се малце нестручни во таа област. Знаеш сепак, на Балкан деца не носат пелени од 9 месеци, тогаш и проодуваат а на година веќе зборат како возрасни Сите проблеми ги решаваат со темјан, крстена-света вода и бајачки. Ми се повраќа од глупоштини. Добро е што сум водолија во хороскоп и тешко злопамтило. Ќе ги чекам сите да ми се наместат @Neda997 Така ке се справам со свеки
Прати го неколку дена и биди си во контакт со матичниот,тт не е страшно,јас на 38 ретко кога им давам сируп,освен ако не го малакса тт.
Има еден вирус сезонски е само со температура. Пред три дена го прележа малата. Наеднаш температура цел ден 38 до 38.9 качи вечерта. И следниот ден држеше 38. Носот затнат, но без секрет. Како балгами на грло имаше манифестација, веројатно и мала болка. Третиот ден немаше ништо буквално. Парацетомол над 38.5 остави го да билда имунитет. Колку и да ти личи чудно убаво е да го фаќаат овие сезонски вируси. И јас го прележав вчера не е страшен, кај мене само еден ден беше.