Здраво мајки на поголемки дечиња, мое бебе за некој ден прави година, па гледам и дека проблемиве што ги имаме моментално се повеќе за оваа тема. Во последно време ништо не му се погодува, стандард. Работата е во тоа што кога не е по негово или нешто ќе се изнервира гризе што стигне. Мене и татко му пробува, ако го фатам не му дозволувам, некогаш успева. Ги гризе прекривките од креветот, перници, тегне како кученце. Многу е мал и не знам како да постапам кога прави вака, ако го игнорирам, не е убаво да гризе така. Го тргам најчесто и не му дозволувам да гризе. За трескање од земја да не зборувам, со судни маки се пресоблекуваме, не знам како ќе тргне во градинка и што ќе му прават таму, тоа е веќе друга тема. Со гризењево ме загрижува, не знам како да постапам..
Како и секоја фаза до сега, а и секоја наредна, ке помине. И синко гризеше и помина, не ни памтам кога. Објаснувај со убаво, тргај го кога ке гризе. Битно е да не се смееш и да не дозволуваш еднаш а три пати не. Само не не не и ке разбере со тек на време.
Новитет : Се врти во круг до зашеметување,на крај треска на земја и се гази од смеење. Станува и пак од почеток. И така до недоглед. Каква игра е ова
Кај тебе се врти, а кај мене трча се залетува и клиза на пархет на колена и тоа стрикно на пархет не на теписон и се гази од смеење а модрици по нозе страшни...
И кај нас исто, одење на зад, вртење во круг, фрлање наназад, затоа минатата недела толку лошо падна, цела рака и грбот и е модар
Ние сме + на корона, синот јас и мм, а бебе пројави симптоми, не е тестирана, но најверојатно е +. Тем не крена, имаше дијареа со шлајм, црвени очи и многу раздразлива и плачлива. Денес е подобра. Матичната и патронажната( која работи со + мајки и бебиња) ми рекоа дека бебињата лесно поминуваат корона и не губат мирис и вкус. Може но не мора да покажат симптоми Но ако не сте + тешко дека е корона. Најверојатна е настинка или друг вирус.
Генерацио исти сме. Секој ден ми ја прекитува елката. Ми носи лампиони ги реди по нејзино кај сака. Оди наназад, се врти и паѓа. Најново мижи кога оди напред и редовно се " Бацува" Со се пред неа. Замислете дома инфективно одделение, таа денес подобра и шоу прави. АКО ГО ИЗДРЖАМ ПЕРИОДОВ СТОЕЧКИ САМА НА СЕБЕ ОРДЕН И ТРОФЕЈ ЌЕ СИ ДОДЕЛАМ. Ве гушкам
@Presrekna бебе да е добро, Вие секако ќе се изборите со короната. Чувајте се и со лесно, се ќе помине
Да, да. И одење наназад. Стоење на глава ми е припрема за колут напред!?? А лижење ѕидови, и криење се под теписи? Елка ќе откитувам. И удри мерак. Ќе биде или она или елката
Оди назад поодамна, а од скоро клекнува како жаба, главата ја става на под и ме ѕирка меѓу нозе. Пресмешно е. И он се кези. Да очекувам колут напред значи? Да оди мижејки уште не открил дека може.
со помин нека е. Брзо оздравување. Мене се повеќе ме фаќа страв и секој ден си велам фала ти Боже што и денес поминавме здрави и прави. Не за себе ама што и да ги фати децава мене ме фаќа паника. Од срце ви посакувам побрзо да оздравите безразлика дали сте со помалку или повеќе симптоми.