По твое Нити имав намера да ја,, уплашам'', секако дека пресреќна си знае како е детето. Нема веза, секој со своето мислење Сакав да прашам, што ќе земете за нова година на вашите деца?
Син ми од вчера вечер има температура, без никакви други симптоми. Ноќеска имаше 38.6 денес и до 38.9, со сируп се намалува до 37.2 и тие неколку саати е весел, игра, јаде по нешто но пак качува. Вртевме до брза помош дали да го однесеме рекоа не, да даваме сируп и вода и да следеме ситуација. Дали некој од вас имал вакво искуство со децата, темп.без симптоми, кај нас прв пат е и немам поим што може да биде? Утре ќе вртам и до матичната но и некое ваше искуство би ми било од помош од што ме фаќа паника
Исто и мојот син, петокот и вчера 38.5, никако да му се симне, до 37.2 помалку нејќе и нејќе..предходно ништо не му беше,други симптоми немаше, отидов на дежурен, ми дадоа антибиотик,рекоа црвено грлцето.. послето го истуширав, денес еве 36.6..сакам утре да го носам кај матична,некако се мислам.. а во акција е цело време
Пред се, со помин и со лесно да ви е..што побрзо да оздравете најискрено Бев вчера на дежурен, рекоа грлцето е црвено..еве денес нема 36.6, па се мислам дали сабајле да тркнеме докај матичната да го ѕирне..
Како даваат антибиотици како гумени бомбони. И за вирус. Ако си дала антибиотик и пробиотик треба да уклучиш ради цревна флора. Сезонски вирус е со температура без никакви други знаци. Оставете го детето да се бори со вирусот овие се најлесни за поминување. Не паничете оставете го до 38.5 тт. @Presrekna со помин. На бебето нема апсолутно ништо да му е. Прашање е и дали воопшто има вирус. До три години организмот не ни го препознава како вирус. Вие одмарајте. Пушти и цртани не е време за изигравање херој мајка. Короната бара одмор и мирување. Ништо нема да и биде две недели ако и смениш темпо. Едноставно мора да одмараш зошто ако се исцрпиш овој вирус ќе те совлада. А ти не смееш тоа да го дозволиш.
Вие сте надежни со елките. Јас оваа година не китам. Немам контрола над него, лани купив нова елка, бар догодина читава да ми остане. Во влез имаме елка, ми бега од лифт и ги вади и прави бам бам, па дур ги вратам, па не можам во рака да го кренам, се издига. Некад си мислам да ја накитам ќе се радува, ама ќе ги видам играчките, хаос, еден тон играчки, ѕидовите уметнички дела, и знам колку му попуштам и се со арно и не ме слуша мене, само татко му. Иначе почна да се заигрува долго, со колчки мали, само ги вози ги паркира, а јас ги газам и така. Од градинка секој ден 5 на рачето, и кога ќе го земам одма ми покажува, се фали, па си плеска сам за браво.
никогаш не можам да сфатам како прв температура не сакаат да ти прегледаат дете. Или па како тоа да ти речат ништо не е следи ситуација. Ајде да кашла да тече нос разбирам ама температура бе?? Никогаш тоа од ништо не се фаќа. За да ја избегнеш треба да го лекуваш причинителот. Стварно да се чудиш.
Јас накитив елка. Бебе ми ги извади лампионите од долните гранки. Куче се возбуди какви се овие нови играчки. Партал ги направи. И така... Сега имам полу накитена елка, полу изгризани лампиони и ѓубре на секаде.
Вчера вртев и кај матична, исто и она да следиме и да се слушнеме во среда. Сето ова е ради короната, ама сепак станува за дете со температура и си бара тоа преглед ама ете..некој друг одлучува за нас. Според докторкара, кај малите било нормално некогаш само темп.да се има како симтом, траело од 3 до 5 дена. Он вчера беше подобар, ќе видиме денес како ќе е.
Бебе ми преминува на една дремка. До сега прва дремка и беше од 9:30-11:00. Два три дена сегс заспива кај 10 како и секогаш за прва дремка, но веднаш се буди и до кај 13-13:30 е неподнослива дури заспие. Еве денес имавме два неуспешни обиди, но сега сама побара да спие само што заспа. Како се прилагодија вашите бебуши? Како им ги организирате оброците. Моево кај 8 доручек, 11:30 ужина 13:30 ручек, 16:30 ужина и околу 18:30-19 . вечера. Сега не можам во ред да ја донесам. Сега заспа а ужина не и дадов. Цица. Кога давате ручек? Колку и кога спијат. Генерацио? @Мариаа. @Mia Fuentes @Magic13 @Yowannty @Septemvri @The Unicorn , @marchi-cool @koritsaki може и постарите @FreeMind , @srekice @drugarka , @MilaSs12 , други не ми текнуваат.
Елката е чупава, ружна со искршени лампиони. Се мавта само една трака на средина моментално. Ваљда не му е занимлива. Не докачи само лампиони, целата ја сруши и славното 'бам' уз паѓање. Ја китев надежно едно 2 саати, за 2 секунди ја снема. @Presrekna Спие од 14 до 16ч. Веднаш штом стане го јаде ручекот.
@Presrekna една дремка има Ирис од 12 месеци. Цел 11ти месец беше еднаш една, 2 пати две дремки, конечно од една година преспива само еднаш. Станува околу 9 наутро. Ако стане порано не го рачуна тоа за будење, па си призаспива. Спанка. Дневната дремка е од 1 ипол до 2ипол, поретко и подолго од тоа. Околу 3 е ручек. Дневната дремка е многу лесна. Сама доаѓа, последно легнува на мене и прво покажуваме нос, око, обравче итн итн, се што има на лице, завршуваме со тоа, се поднаместува и заспива, па ја преместувам во креветче. Сега само што заспа, праќам мислењево, да ја легнам и да си напраам кафе. Те прочитав дека сте позитивни. Се надевам дека сите сте добри, праќам гушки. Нека врви со лесно.
Со една дремка е веќе цел месец и ќерка ми. Од 12 до 14 часот спие. Кога ќе стани веднаш и е ручекот. Но има денови кога добива криза за спиење за попладневна дремка, плаче, се нервира, а не може да заспие. И ако дрмени два пати после доцна заспива. Да ја пофалам сега кога ја одбив од доење веќе ја спие цела ноќ, без будење.