@zuto давај му електролити со шприц, нема да дехидрира. Што повеќе вода, пожелно е и да цица турбо, барем периодов. Ако не, пробај со силиконски брадавици да го доиш (ако сака така) барем додека ти заздрават раните. Карај го кога ќе те гризе и скрати го подојот, после пак врати го на града, да научи дека не смее да гризе.
Ништо гумено не сака, па не верувам дека сега силиконски брадавици ќе фати. Го карам ама вришти плаче. Додека цица не боли толку, ама свесно се чеша и ме кине како куче. Електролити имам ама како и со млеково ми е страв дека цело време повраќа. Таман се нацицал убаво (таман сум издржала подој) сѐ ќе поврати. Цел ден сум со киселото млеко во раце, шише вода, лажица... И само пробувам било што да внесе барем малку. Ајде нека мине побргу... П.С. Неделава ни е закажана крштевката
Се извинувам за постот едно по друго... Имаме течна столица, обилна. Дали е проливче? И како се дава електролитот и линексот, мислам кој сооднос?
Јас само пролајфот го имам давано, не знам за линекс, може друга мајка ќе ти каже. Електролитите на хумана се раствараат во 200 мл вода и треба да го нуди на неколку пати да испие. Макар со лажичка по некоја голтка.
Земи Аутан спрејче,многу помага.Мене многу ме касаат ама со тоа немам гајле.И малата превентивно ја мачкам,и за кожата е нежно.
Мајки јас да ја споделам денешната состојба. Ноќеска добро поминавме, ја симнавме температурата, цицавме цела ноќ. Денеска сме како нови. Супер си функционира, си јаде, си игра... Не му дадов количински многу да изеде да не се преоптовари мешето. Почесто и по малку ќе му дадам да видам како ќе биде денеска. Вчера и електролити пробав да му дадам ама безуспешно. Само се давеше и нагон за повраќање имаше.
Морам веќе да се ангажирам околу постапалките на ќерка ми. Јас нема да ги правам (тапа сум ептен), ама свекрвица или мамица со мерак ќе сакаат да направат едната баклава другата чурек. Е сега сакам да ве прашам дали од тестото од чурекот може да се направат постапалки? Калапот е купен, а мајката врска си нема каква смеса е потребна, па си велам може ќе можам од тестото од чурекот да напарам постапалки. Или за тоа си има посебен рецепт...м? Совет? Милење? ИЛи рецепт за потапалки па може ќе ме фати мерак сама да ги направам
Рецептата по која јас ги правев: 1 брашно 500 млако млеко 2 јајца и една белка Квасец Лажичка сол 2 лажици зејтин 13 -15 лажици шеќер Стасува еднаш тестото и после уште 20 мин направени. Ги мачкав само со жолчка и кога ги извадив топли наросив шеќер во прав.
Срц , пробај го тоа спрејчето на Апивита еве вака изгледа , околу 7-8 евра е лани ќерка ми цело лето со тоа ја прскав и многу ретко ја касаа комарци , пробај го баш
Бекутан против комарци е над 2години.. Јас ја прскам количката со него нсдвор... А синко со chicco спрејчето. Лани немавме ниту еден убод ќе видиме годинава Д3капки шуте давате? Кога се прави пауза?? Јули, август,... Матичната му рече да одмориме до септември... Се надевам ок е така...
I jas da gi dotrosam uste nekoj den i do Septemvri pauza. Zedov edna mast 300 den i ja mackam pa i spadnaa otocite malce. Pedijatarot Letizen sirup ni dade vo slucaj na vlosuvanje ama ne i zedov. Gledam i pominuvaat od masta. Uffff ovie komarci
@Jagoda123 мислам дека вие го поминавте тој вирус па сакав да те прашам колку дена ви траеше? Кашла продуктивно со шлајм три дена, ноќеска и повраќаше од шлајм. Гради и грло супер, крвна слика совршена. Утрово ми крена 37.7 и ја носев пак, ми рече вирус и да очекувам и три дена тт. Вака беше кај вас? Јадење ужас, спиење исто, плачливост до плафон.
@Nova недела дена ни траеше вирусот, гледам дека уште многу мајки се жалат. Значи од тогаш, па се до сега многу дечиња заболени. Температурата е најзастрашувачка, кашлањето нека не те секира. Не знам како е кај вас, ама син ми креваше многу висока температура. Му давав Далерон, па после 4 часа Блок макс а дејството на сирупите траеше само два часа, наредните два туширање, ладни облоги, чорапчиња со оцет и буквално по боди по кратки ракави го оставав. Значи што помалку облека на детето. Ние бевме 5 дена со температура, примаше и терапија (Алмацин) 7 дена и кашлаше уште 2-3 дена по испиената терапија и толку беше. На дежурен ни рекоа дека има наод на плуќа, а по два дена матичната рече дека нема и дека се сомнева и дека воопшто имал. Небитно, грлото му беше зацрвенето, а крвната слика одлична. Да не се повтори! Ви посакувам побрзо оздравување. Многу течности, електролити, полесна храна (не се нервирај и син ми скоро ич не јадеше, 90% на цицање беше) ќе помине, ќе и се врати апетитот.
Мајки,кога се болни дечињата,посебно кога имаат температура најбитно е да пијат многу течности,храната е небитна.Во тие моменти не очекувајте да јадат,инсистирајте течности и освежителни работи како јогурт,к.млеко,цедени сокчиња и не се оптеретувајте многу со храната.После тоа кога им поминува исхраната секогаш се враќа во нормала. И знајте дека овој возраст е најзезната.после втора година веќе се со појак имунитет и многу полесно им поминува се и многу помалку се разболуваат,знам по ќеркичката која за еден месец ќе полни 3 годинки. Ајде побрзо само нека им поминува.
Д3 капки се даваат од септември до април па од мај до септември се прави пауза секогаш.на нас ни рекоа до 4 годинки да ги прима после тоа веќе не.