Тек иди забавата како што растат се потешко е, сега па на 2 год уште помачно е А мислев на 6 месеци тешко ми било
И после саат И пол таман мислиш се успала, само очи мрдаш друго веќе се е здрвено И слушаш едно мамаааа со цуцлата на страна гризната како Попај со лулето И пак наново. Па искрено секоја вечер добивам по три четири шлаканици И клоци во фаца. И потоа бакнежи на тоа место со лигавици. Кој може да одолее. Не дај Боже нокти да има подолги. Право во око или непце. И замисли една недела корона ме Дрма со тт малаксаност. .. Нерви, нерви. .. И јас успевам,, И секое наредно успивање нова надеж Јачи нерви мајка. 16 месеци вреска сеуште, за се И сешто. И инает магарешки. Или по нејзино или бунт и фрлање на под. Среќа Бог ме обдарил со јаки нерви
@Presrekna леле да. Ама нокти почнав да и сечам на секои 4 дена, само што ќе потпркнат, оти и се кршат лошо кога сака да отвори некој капак или било што кај што треба повеќе сила. За врескање да не зборам. Си вреска од 4 месеци и тоа се нема променето на подобро, само јача децибели. Сега имаме тантруми. Едно време беа само дома, ама неколку пати и надвор ми се трескаше од земја оти сака од парк да премине улица сама за да оди покрај море, па тоа е драми и трагедии, мислам до соседна Левкада не слушаат. Пред некој ден јас бев во кујна, а маж се занимаваше со неа. Ја снимал дур имала налик тантрум, и уловено е на снимката каков суптилно дискретен брз поглед упатува до маж ми, во моментот пред да почне да се треска од креветот. Го гледаме видеото и се газиме од смеење, колку се само проникливи. На почеток, се маваше многу силно, научи дека боли, и сега кога се симнува на земја, тоа се оди забавено и полека, внимава да не се удри за не боли, ама да изгледа као дека ќе се удри, проследено со хистерија. Каков период ни следи, со среќа на сите. Како успеваш жено слики убави да и направиш? Немам нормална слика од последниве месеци, кај што нешто не е блур.
И ние во раце заспиваме. Не се смирува. Станува исто и се симнува од кревет. Фрла перници, се смее. Ќе ми биде предизвик ова да пробам Синоќа будна од 1:45 - 04:10. Сабајле во 7 кукурек
Дали некој од вас имал искуство со осип после температура? За колку време се повлекува? Зборев и со педијатар но сакам да слушнам и некое ваше искуство..
Колку што траела температурата, толку време ќе трае и осипот. Ќе помине, нема потреба од третирање со ништо.
Прашував за заби пред некое време, излезе конечно 2ка долу сега горе е потечена, па неделава јадење тешко. Посебно за ручек ништо не јади. И количински намали со јадење. Да препишам на заби сето ова? Крвна слика праевме пред еден месец, супер беше.
Се изнасмеав на ова, ама од мака....скрос исто. Мене ме зима за рака и ме носи во соба за играње, некогаш успивањето ни трае по саат два, поготово кога подолго спиел преку ден. И многу лесно се буди навечер, во последно време плаче кога ќе го покријам и го бутка ќебето а ладно е да го оставам така....Пак почнавме со успивање во раце (година и пол има), друго решение засега не знам, ептен ретко заспива сам само да лежам до него, дали неколку пати месечно
сака сликање. Само што ќе и речам застани да те сликам оди кај елката наназад се гледа до каде може да оди и штом допре со грбот на елката застанува инсекти кези. Но тоа трае секунди така што сите слики се матни и наново треба. Всушност одењето до елката е штосот. А за чудо елката не ја гиба веќе. Ми откачи два три лампиони на почеток и толку. Еве два три дена не гиба нигде. А секаде имаме украсено. Само штеќерите ни се затворени и кај што може да гиба имаме сијалички на батерии. Спојлер: Сликање
@Presrekna Душаааа Ова ќе биде "инстаграмуша" опасна Туку. Ај еден совет од оние што " мораа" да стават дете на шест месеци во дубак за да фатат нешто низ дома. Што праиме на 18 месеци. Освен кафез и соба, со добра звучна изолација, друго решение не гледам. Мајки што се заборавени од општеството, сами по цел ден дома. Што правите? Како постигнувате.? Или ми е во раце, или е во креветче со телефонот, и врти по цел именик, и праќа клипови Чаре!!???
Исто сме другарке, врескање уши да те здоболат. Дали било дека не сум го земала, не сака да јаде, не сака во хранилка... Се е проследено со дерење За трчање не ми збори, од сабајле само трчам, еве да си ги вратам денов назад јас само 30мин сум седнала кај мајка ми едно кафе после работа што испив. Откако го земав од градинка застанав во кујна и за мама нема одмор. Мм вика имаш ли душа, седни одмори. Имам, ама кој ќе среди јадење, тањири, алишта, ужинки, па за на раб да се спремам... Од што ми е толку турбо периодов некогаш ми доаѓа мака на крај на денот да се истуширам Што убаво беше кога имаше 4м,извади цицката ајт со здравје, кој ја измисли цврстава храна @Presrekna со лесно да поминува
Шетање. Игри со тесто. Да фаќа текстури. Да пееш песнички и кореографии, брзо ќе ги научи. Да бои, лист и боички Мене најубавиот период ми беше од 18 месеци навака. Ем дома карантински бевме до 2 години, највеќе се разви со говорот овој период, разговаравме, сортирање, кутии да собира нешто, да истура, да враќа. Коцки. Слагалици од 3 дела. Тенџере и лажица да готвите.
Да не ве плашам ама стварно е потешко како што одат кон 2 год, синко мн беше мирен дење сега почна бељи да прави, се само да е по негово, инает магарешки Как се 3 години
Колку спротивно пишавме. Не знам... мене ми е траума моментот на беспомошно бебе, грчеви, плачки. Со сите тантруми ќе се справам, бар пообјасниви ми се.
Со мојов на 18м прв пат пробавме да боиме со водени боици и ја лижеше четката со боја, сега па за инает се шо знае дека не треба пика во уста, па се бркаме по соба за да му ги вадам глупостите од уста, најчесто хартија Дали да ризикувам со тесто?
Е не пикаше во уста мојава. На 14 месеци имаше стомачен вирус и од тогаш кога со сила бутав електролити престана да пика се во уста. Нешто и се згади.
Ништо, не пробувам. И така деновиве само 3 работи ни се на мени, да не му се згади тестото па ни ова да не го јади.
Со овај памет сега, овие дена само плачи за се, тамтруми, нејадење, неспиење можи после 3 год Теди сега го читам твојот пост, до сега беше мирен сега после 2 год наеднаш смени