Хмм нешто му смета. И во папчето тоа е да знаеш. Да се консултираш со матичен да даваш сируп за алергија некоа ден дали ќе се смири. Немаш приметено од што може така?
Па не го поврзував со алергија зашто не се онакви типични црвенила како што му се појавувале од некои сирења пример. Туку баш многу ситен осип, како мали брунки кои не се ни толку црвени. Кога проаѓам со рака како шмиргла му е кожата. На стомак, грб и бутки ги има. Пупаков му е долго време црвен внатре. Мислев нормално е дека ќе помине само ама еве не поминува. Се мислам да не го носам кај матичнава туку дирекно на дерматолог.
Ако најдиш некој добар носи. Може телото внатрешно се бори со некој алерген, а на кожата излева само дерматит. Да исфрлиш скроз млечно па да видиш како ќе биде?
Да така ќе направам. Ќе тргнам се млечно освен формула па ќе видам како ќе биде. Нема раат од алергииве и кожниве проблеми. А таман помислив после годинка му се смириле...
Што е со 10ти скок? Свечена најава за влез у тодлерство? А-у.... Оди па згреши му како дишеш во негова близина.
има и 10ти скок???? и што се случува? Нас изгледа не не фатил сеуште ама да знам да се спремам. Уствари кај нас има повишување на глас кога е нервозен. Као демек не кара
Дали 10ти скок е пропратен со дерење? Вчера се дереше зошто го извадив од купатило додека пушташе вода на чешма. До лакти беше мокар. Денес вриштеше на цел глас затоа што татко му го извади од кола. Со вино би било полесно. Ама нема.
Која недела доаѓа 10 скок. Ние така сме излезени од колосек, корона, празници, може го живееме 10 скок. Имам чувство дека сум роб- поданик на една педа чоече. Добро е што мм е дома да види каква тортура доживува жена му од едно навидум мирно и убаво девојченце-ѓаволче. Вчера кога рече не излегувам од зад стаклото во тоалетот. Само носиња ми правеше. Се смееше и ако ја земев плачки, мавање, врескање, фрлање на назад. Спојлер: Тоалет О дали ви кријат предмети? Под тепих и тоа што не ја бендисува во ѓубре оди. До сега ноктарчето, пумпицата за нос некои лажици ги имам извадено. Кој знае што има фрлено пред да сфатам дека таа е фрлачот. Тргнав ѓубре и затворив се во кујната. Но си најде нови предизвици во дневна, трпезарија, салон. Синко веќе се заклучува во соба.
Да , почна да крие предмети , баш приметувам овие 2-3 дена. Отвара фиоки, ќе стави нешто и после оди барај што каде е само уште во ѓубре среќа не почнала да фрла
Крие работи уште кога почна да лази, сега не толку многу. А од пред некој ден почна да фаќа во кантата за ѓубре, баш прееска имаше лушпи од портокал размавани низ дневна.
10 Скок почнува во 75 недела. Нема да го утнеш со сигурност. Такво нешто секој ќе орепознае Тоа што го опиша е секојдневие кај нас, веќе долго време. Крие се живо и диво. И фрла, освен она што го сака. Тоа го чува опасно. Се друго лета. Не бира место и правец. Вчера попив кола челична малечка во глава Вчера и денес ми прави проблем за дневно спиење. Таман мислам заспала, она почнува да ме гризе, тепа, се мава со глава во мене и плаче со липање и крокодилски солзи. Под стрес сум жими се. Детство ми расплака. И после за пет минути заспива. Можно е да е од четворките? Горе се набабрени се гледаат. Само што не пробиле Или уште ја држи регресија
Синко не крие веќе предмети, му помина таа фаза. Ама затоа пред неколку дена го ставил мојот телефон и резервниот со скршен екран во кесата од памперс (јас редев памперси) и јас со други кутии ја фрлив во канта. Подоцна ми текна да си го барам мобилниот. 10ти скок вели дека е околу 17ти месец. Мислам дека почна. Вришти за се што му е кеф.
Не да вришти, ушиве ме болат. Ам баш за се и сешто, може и онака без причина. Како оперски пејач да е. @Presrekna крие предмети по шкафчиња, во кантата во кујна знае дека се фрла кака. Два пати фрли хартифчиња третиот пат играчка. Брзо ја извадив и му кажав дека не е тоа кака. Сега има обиди, кој знае може и да фрлил нешто, уште тоа ми фали да го проверувам ѓубрето Од кога е во ред да се будат со сува пелена? Кога ќе се разбуди еднаш за цицање се случува да не моча во текот на ноќта, дали е тоа во ред?