Нада кај баба и се што и смета фрла во ѓубре, папучи за дома, далинско, нејзини играчки, буквално се. А дома се што е на земја оди во нејзиното креветче става. Исто секогаш оди по мене, и ако има подотворена фиока во кујна обавезно ја затвара, не смее ништо да штрчи Дојдов да се пожалам за јадењето, кога ја отварам темата што ручевте денес за деца од 1 до 3 години, гледам само мојата не јаде, дали еден оброк во денот цел може да го изеде. И расте уште едната 3ка, ама незнам дали е до тоа, долг период веќе ми прави проблем со јадењето. Ако нешто не е по нејзино, тоа драми, трескање со раци, со шише, катастрофа
Мајки некоја искуство со лигавење кај поголемко дете? Малиот е година и пол и некако периодов почна да се лигави многу цело време менуваме лигавки, ептен значи. Инаку користи цуцла лажливка, гледам да избегавам да давам ама тешко ни оди. Има 16 заби, од кецови до четворки, уште на година, незнам дали би можело петки да му излагаат сега или до друго е..
Кај мене е 14м исто има 16 заби од кец до четворка ама се лигави само кога и е цуцлата во уста, е сега не ми е чудно и петки да почне да вади како шо е тргната.
Да ве пoздравам И да се пoфалам раат билo да jа легнеш на спална глумиш дека спиеш за 15 мин заспана Кичмава ми oдмoри Кoнечнo пoчнавме заби да миеме, мoрав да земам паста па сега вo несвен паѓа кoга ќе виде четка oдма става вo уста гризе, jа врти... Не е oдличнo, барем навика се ствара ,а и кoлку тoлку гризе. Пoчнавме вo вреќичка да спиеме, се навикна, супер е пoстojанo си е стoплена. Сo храната уште се мачиме незнам веќе штo да направам, неќе и неќе нештo пoкрупнo затвара уста и не jаде, незнам какo ќе jа прojдеме фазата. А чoкoлатце кoга ќе дадеме знае да џвака. Цел ден сум какo пoлицаец да не начека стoл, кревет, гарнитура штo мерак ќе беше цел ден качи се, симни се... Еден куп играчки дoбивме за нoва гoдина ништo не е интереснo, oсвен лампипните и свеќникoт на маса. Среќни празници маjки
Среќна Нова друштво. Многу здравје на сите, насмевки и проспани ноќи. 2021 сигурно ќе биде подобра. Убава вечер.
Среќни празници мајки. Новата година да донесе многу здравје среќа љубов слога и мирни бебиња/ дечиња. Ве поздравувам
Среќна! Нека биде подобра! Дете ми е преплашено од пукањето. Спие врз мене, кога ќе го оставам на перница заспан долазува пак си се качува врз мене. Никад не правел вака па поврзав дека од тоа. Куче исто ми се тресе. Стрес за без пари.
Среќна нова другарчиња. @The Unicorn Мали мој е кома, не регистрираше петарди, али затоа куче е под стрес и се тресе уште. Не ги можам со петардиве значи.
Среќна нова мајки и деца ви посакувам сите желби да ви се исполнат И мојов спие, но за среќа не осети пукање. Јас скокав кога пукаше, а он си нанка мирно
уште ли има регресии во спиење? Или ние и тоа не сме го осетиле и кај нас почна да се забележува таков период. Дали тоа е веќе скокот??
Ова да ти било скок и најава за тантруми. Некои велат најдолго трае, други велат се спојува со тантруми и не знаеш кога што завршува и почнува. По 3 било подруго.
ајде јас како со првото ќе се тешам - така треба период им е такво е детето ќе порасне со 3 години така ќе е........
Регресија почнува во 18-ти месец. Прво да заврши 10-тиот скок. Па после. Мене ме дрмаше добри три недели. И уште не е средено. Сега сите четворки на пат. Се надевам после тоа ќе пишам добри вести Среќна Нова мајки
Среќна Нова година драги мајки и дечиња! Ви посакувам многу здравје, среќа, мир и слога во домовите. Новогодишната ноќ ја поминавме во трпезарија, потоа преминавме во дневна и на крај во спална. На полноќ градот ечеше од петарди и огномети. 30+ години направив, уште неможам да си го објаснам задоволството од истите. Среќа дечиња не се разбудија, ама затоа Хана (нашата долгогодишна лабрадорка) како и секоја Нова година, така и оваа, се избезуми и незнаеше кај да фати. Пиша и некој друг погоре дека им се вознемириле милениците... Навистина греота. Мака ми е кога е таква изгубена во погледот. Среќа брзо се смирува. Инаку, ние се вративме во нормала во ноќното спиење. Бебиња нанат, мама се стабилизира и и се врати бојата на образите Сменивме начин на приготвување храна. Сега повеќе се на чорби и манџички, како да ги надминавме кашите веќе. Промашен ми е постов, темата е сосема друго... Се извинувам што се расприкажав непотребно овде. Целта ми беше да упатам честитки до врсниците
Мојава прави вака. Ама навечер се успива само со мм. И кога се буди ноќе нејќе кај мене, спие над него. Периодов откако ќе преспие, па ќе се разбуди ниедно време, ако проба да ја легне во креветче се буди, а од нашиот кревет ползи и се качува над него. Кај мене нејќе за жива глава. Има таква фаза можда, или ова едноставно е последица што да ме одмени мене, оти имав ужасни мигрени, па само тој ја заспиваше некое време. Жив ненаспан е некои 2 недели веќе. Среќна нова девојки. Да сте ми здрави и живи. Годинава да е убава, а вие среќни.
Користи додека можиш Мојата ем до мене спие ем идеше ќе легне врз мене и заспиваше. Така 5/6 пати во ноќта без некоја причина и уште некогаш праве ама намалено е. Кај татко и не сака мојата, пошто 99% јас ја заспивам има секако и тоа удел.