Добро утро. Среќна нова на сите освен на глупердите кои пукаа и сеуште пукаат петарди како да иде 1991 година побогу. Нив им посакувам и полоша од 2020 година само најлошо да ви се дешава. Тоа од желби. Дете ми издигаа од сон земјотрес од петарди. Плус регресија ја закачи. Плус стрес од ново место и нови луѓе. Плус ништо не јаде различен вкус. Одличен почеток на новата. Утре е на забава ќе видиме како ќе помине. Како е тргната има да се претстави во најдобро светло изгледа. Ова е една од најлошите фази евер. Значи точно пред две години започнува детето се претвора во ѕвер. Буквално не ја препознавам.
Заспаа, па да напишам некој збор. Првите два дена од Новата година ни поминаа ужасно! Потенцирам, УЖАСНО! Времето кај нас беше претопло, чиниш пролет е, не Нова година. Отидовме кај моите во двор. Децава уста не затворија. Очајно плачеа. За некои 15-20 минути се смирија. Додека пак не им текнеше... Денес пак отидовме. Бетер не снајде. Контакти немаме речиси со никој, мајка ми е медицинско лице, ја ангажираат и во ковид центар. Средбите со нив се најчесто на отворено и траат кратко ради ладното време. Неколку пати од ходник само ги гледала и толку. Брат ми, снаа ми, сите се на работа, имаат контакти еден куп, внуците би школо и градинка. Не се гледаме и со нив. Ретко, на отворено,кога дозволуваат временските услови. Кога беше топло редовно се гледавме надвор, ама тогаш па и беблаци беа мали и немаше проблем. Сега-страшно! Кога ги шетам со количка немаме апсолутно никаков проблем, проблемот е кога имаат поблизок контакт да речам со некој. Не ми остана памет во глава веќе. За три месеци се враќам на работа. Ме плаши помислата... Како ќе сме, незнам. Се прашувам, ги упропастив ли децава од толку чување? Од друга страна пак, знам дека голем дел функционираат вака затворено, ама никој не споделил ваков проблем. Зар моите се само вака диви? Кажувајте чаре. Јас очигледно треба да си скинам диплома!
@bela.m Срце, сите сме во иста ситуација. Плус со коронава, седење дома без дружење!?? Сите сме во иста дупка И мојата никого несака. Мислам, не аака по гости де За акање по сокаци е прва
Кај мене е сега многу изразено срамење. Таа фаза е. Не знам дали до корона изолирањето е или фаза во раст. Баш е повлечена, тивка и мирна ... Ама затоа дома ни наплаќа...
Да си ми жива! Така де, така, по гости не сакаат. На нивен терен не се вакви. По сокаци како што велиш, умни се. Зимава не ни оди во прилог за да подобриме ситуација, незнам веќе. Денеска јас сум како во делириум... На моменти ми доаѓа да тргнам ембарго и да правиме средби со моите. Незнам колку штета ќе се стори кај нив од ваквиот начин на живот.
Јас баш сакав да прашувам кога почнуваат да се срамат или да имаат осет или нешто така. Имавме "мајнор инцидент" па има повеќе од месец, кога му ја зема топката на едно детенце од раце, а тоа година дена и повеќе постаро и го расплака. Јас се пресрамив, трчам по неа, таа ја грабнала топката ми бега. Од тогаш си носиме топка со нас, ама џабе, сите други и се поинтересни. И кажувам не чини тоа, ама мала е за да разбере. Ја вратив топката, и го имаше првото акање од земја и паѓање во транс сред плоштад. Последно време ја удира главата. Се нешто кога не е по нејзино самата ја удира главата од нешто, најчесто напред па честопати и со устата мава. Гледа да не е силно, валда оти ја учи болката, освен кога е на кревет, ама ако е многу лута не пази како се мава. Дали е нормално? Сакам @danichap нешто да ја прашам. Веќе една недела успешно спојува животни, имам таква табла купено. Работата е што не и бев баш посветена на таа игра да и покажувам, повеќе на друго бев фокусирана, па дали знаеш да ми кажеш, како би знаела ако е можно, дали е напамет можеби научено или навистина знае да ги спои правилно?
Ова истово ко јас да сум го пишувала Исто и кај нас се случува со туѓите топки, со главата ,раце во уста пика кога ќе се налути.Само зема од други деца топки ,тротинети и им бега, тие плачат мене срам ме јаде и коа ќе земеш да вратиш можеш да замислиш што се случуваОва се случува секое одење надвор.Имаме 3 различни големини на топки со надеж дека некоја ќе се погоди, купив и тротинет иако е уште мала за тротинет,баш поради таа причина ама џабе е се
Ова со спојување животни е нормална фаза. Долго време го прави тоа. Посебно оние дрвени сложувалки. Се сортира по боја ( штипки, коцки, лакови, чашки, чинии, лаѓици и вилушки) пакување ( кафиња 3х1 и 2х1, чоколадца, бомбони) , сродство ( пилиња, кучиња, мачиња, риби, камења, листови Едит : Карти за меморија обожава. И ги истурам пред нејзе сите. И давам кантичка од павлака со исечен отвор на капакот. И она ги наоѓа по две исти и ги става во кантичка.
Исто, се топки сме дома. Ама сега само една носам со нас некоја средна големина. Онака за секој случај. И не ја пуштам до деца, ми е страв да не расплаче уште некое. А колку што е несоцијализирана, еве не знам како толку сака да оди меѓу деца, па и возрасни. Ако грицка нешто, обавезно дава на сите. Пред некој ден ја дала чашата на еден дедо. Не видов, се утепав од барање и после некое време тој ми ја врати. И исто трча по тротинети и точачиња. Ама што се вели вчера прооде, шанса нема тоа да вози сега, многу е рано. Гледав тротинети каде што може да седне, па тоа да се тргне и користи како регулар тротинет понатака. Не знам тоа колку би било практично... @srekice мене ме буни тоа што таа не беше заинтересирана за тие игри. Кога и да земев да и покажувам, таа ми дрпаше од рака, траскаше по нејзино не ги играше ич. Кога пред една недела, од нигде и никаде зема и ги нареди без грешка. Со маж се погледнавме збунети, никој не ја учеше, не даваше сама. Сега секој ден редиме, јас и ги подавам и таа ги става точно на местата. Затоа не знам дали знае што прави, или само напамет и е научено кое каде стои.
Епа исто. Оваа ништо не дава да и покажам. Посебно за коцки беше војна. Ги фрлаше. Кога, едно утро и ги давам. Таа тап, почна да ги реди и да прави кула. Јас цела во прашалници Исто и со картите. Бев убедена дека ке ги скине. А она почна да ги бара две исти, и ги гледа. Исто се случи и со таблата со животни. Од нигде никаде. Почна да ја реди и да си прави сама браво За овие табли ти зборам
Ееее така кажи. Јас се засекирав да не учи на памет, па излезе дека ништо не знае после. Сериозно, се мислев како да ја научам нешто кога сама не дава. Вакви табли имам Ми се свиѓаат твоиве, плус впечатливи бои, на магнет се? Ај те молам кажи дека се онлајн земени? Овде се е затворено, ништо не можам да разгледам во живо се оди онлајн, пукнувачка. А за бои ти текнува одприлика кога почнува да разликува? Учиме и тоа, ама и за тоа е незаинтересирана. Се што и подавам или крие зад кујната или фрла во канта. Не знам детево како ќе научи.
Ај пратете слика од таа табла со животни да му ја купам. Никако да ги научиме. Нејќе ни да изимитира ништо и крај. По цел ден муукам дома... Вчера после бањање оставив дете без пелена зашто газето му е хаос. Се моткаше некоја минута и застана у кујна на плочки и почна да мочка. Кога го виде млазот се преплаши. Почна да вика и испаничено истрча у веце, влезе сам у туш, за да му го пуштам. Таму заедно со млазот од тушот си се измочка до крај. Од кога разбира поише прв пат му се дешава да мочка без пелена, ама што се уплаши толку којзнае... Едит: Ја ставила веќе @Yowannty таблата. Имаме вакви, ама не ги погодува уште Ја има одоздола сликичката од животното што треба да се стави? Нашава е ваква па си викам да не му е тешка
@The Unicorn не имитира животни сем мачка. За мјау вели јаиј. Мене ме имитира само како стојам и чучнувам кога играме криенка по дома. За таблата преку ноќ. Еден ден ќе стане и ќе нареди се точно и ќе се зачудиш како мене од кај знае.
@Yowannty дел од развојот е, и синко прави такви работи а не сум го учела стрикно. Децата снимаат и потоа применуваат. Еве пример, никогаш не сум му покажала како да отвори врати, а тој уште не беше прооден саглам, и не беше висок да ги докачи, се дигаше на прсти и пробуваше да отвара врати. Може во момент не и било дојдено до таа игра, ама запамтила како треба. За играчките не се изненадувам, го учам и има резултати. За некои практични примени на она што го научил од нас ми е прејако. Синко не сака да му читам. Ја зема сликовницата и ја кине хартијата. Сака кога се играме да му раскажувам. Смислувам приказни за сите животни што ги има и ме гледа во очи, потоа имитира.
Интересно ми е и што знае кои предмети чии се. Мобилни, кебиња, алишта, патики. Не сум му кажувала, сам си поврзал.
Здраво мајки. Ние се префрламе во оваа тема, бебе направи година пред една недела. Уште не оди, но многу е снаодлив и подвижен и ќе си прооди кога ќе биде сигурен. И ние не сме се гледале со никој посебно во пандемијава освен со родителите, но моево бебе е многу питомо и сака луѓе. За деца да не зборувам. Последниов месец малку го дружев со дечиња на слична возраст, ги обожава. Се смее и вика. Сака да ги гали, ама не знае како и ги граба. Кубе и гризе ако не го фатиш . Страв ме фаќа, за кратко треба да тргне во градинка, ако им прави така на сите деца ќе биде интересно . Кажува мама, тата и брм брм. Колички обожава и ги вози по земја, брм брм. Почна да игра засилено на музика, многу е смешен. Ретко плеска со рачињата, мафтал со рачето за чао неколку пати, кога нему му е мерак. Затоа прстето цело време му е вперено кон нешто и сака сѐ да дофати. Ако нешто не му е по кејф, нормално трескање од земја, драматично плачење и гризење што се најде прво. Ама многу е мил и многу сака да се гушка, само со мене. Ќе го изедам .
Овие се од книжара. Ги имаш и во Jumbo, Pi-ki bebe. Дрвени се, и одоздола на табелата е нацртано истото животно. Магнет има горе само, зашто се со стапче за ловење.Како фаќање риби. И тоа го играше, ама и се здосади. Бои сама сортира од многу мала. Околу година мислам. Сина и е омилена. Јас така и ги повторувам,милијарди пати. Се надевам еден ден ке врати и она. И она фрла што не и се свиѓа. Не имитира ништо апсолутно. Книги и сликовници уште кине. Мукам, лаам, блеам, рикам по цел ден. И со кармин на уста за, да ме гледа во усни, но џабе бре. Таа карминот го брише @MilaSs12 Мојата затвара врати И по улица. А види двор со отворени капии, она затвара.
@Yowannty таблата од каде ја купи? Богами тешко со купувањево па што и да порачаш, се касни.. Јас ништо не сум и купила од едукативни играчки досега и не ни знам што за нејзина возраст , имаме од меките книги од Топер со овошјата и зеленчуците па нив ги врти моментално а за бои не се сеќавам големата кога почна да разликува ама мислам рано е
@srekice тоа е друго ниво на затварање врати, мора да признаам. Вчера во парк една мајка шеташе две деца, едното околу 4 5 години, другото како синко. Не ги држи за рака, си одат до неа, каде мајката, таму и тие. Не застануваат, не дираат ништо. Помалото се доближи до синко, му се насмеа и си замина. Ние кога шетаме, поточно кога трчаме по синко, мора да го гледаме со 736284 очи. Трча, собира ѓубре и става во уста, тапи, гранки, камења итн. Сака да ја стави ногата во дупки.