Таблата е од Џамбо. Има различни. Ама Џамбо не работи 2 месеца веќе. Земена е поодамна. Башка од понеделник пак се ќе затворат. Ни click away нема да има. Не знам стварно што ќе се праи вака.
Се спремам да исфрлам цуцла, дури и каснам, не ме карајте Само за дремка и ноќно заспивање ја користи, ама ептееен ми е страв како ќе заспие без неа. Кажете искуство како е подобро, наеднаш да ја тргнам или?
Мајки, смеам ли да ставам малку Несквик во млекце? Неполни 15 месеци имаат моите. Многу сум скептик за давање работи со шеќер, од друга страна пак, чувствувам вина што знам да претерам со ограничување на некои работи. Незнам... Вие давате?
Наеднаш. Ја сечеш со ножици и ја фрлаш во канта, и тоа на сите цуцли што ги имаш. И спреми се на општ хаос три дена, и после ќе заборави. Несквик не сум дала сеуште, 2 години е. Ама во млекото некогаш ставам мед, и еднаш на ден добива нешто благо, после ручек. Пола животинско царство, едно лижавче, нешто така. На 15 месеца не беше секој ден тоа, ама после првиот роденден полека почнав да давам грицки и благо. Ограничено е на помала количина и еднаш на ден, ама не ја гледам поентата скроз да е забрането.
Која возраст сте, и мојата користи цуцла само за заспивање, отакако ќе се успија и ја вадам и спија така. Некогаш ретко се разбудува и ја бара и ја давам. Преку ден никогаш не и сум дала, ни како бебе, не е зависна ама за заспивање со душа чека да добија цуце и уште ко ќе се спремаме за спијање вика сега цуцето ме чекаа радосна, се плашам како и само одложувам а е 21м
@BabyT* @Spidy затоа сакав сега дури сум дома некој ден. Дрште среќа Фала @SarChee мојата е 16+, не е зависна од цуцла ама има убав ред за заспивање и затоа ми беше страв да не и пореметам. Ајде секако за празниците сум слободна, ќе жртвувам некој ден во плачки.
Моето 15+ е и само така пие млеко. Ама не ја форсирам. Би и ставила мед место Несквик, ама тоа по 18 месец
Ви држиме среќа,да не ви се поремети редот Јас ќе почекам да и помини периодов некој што ја има фатено веќе 10дена се заспиваме по цел саат уште и без цуце ми фали и незнам како би било. А после мора
И ние сме у фаза “чао цуки”. Само што мојот беше ептен зависен. По цел ден и цела ноќ константно цуцање. Моментално ја добива само за дремката и за ноќното спиење , што го рачунам за успех. Боље е наеднаш ко што те советувале не да се маткаш вака ко мене, само што јас сум тешка лигла... Пред некој ден се удри силно си го расече јазикот и у плачење почна да прави ц ц ц ц како што си ја бара, му ја дадов...
Јас пробав да и дадам, она не сакаше. Луѓе јас веќе немам ни сила ни нерви, сабајле пред 5 стана, побара млеко и дадов, ја намалив светлината на тв, луѓе кога почна да се дере, да хистериша, да се треска, се удараше, на мене и мм не удараше, мм ја зема кај него, ја смири, си легна и заспа. Од сабајле пак драми, земав да пишам нешто за работата, драма оти не сум и фала пенкало, добро, сакаше мобилниот да ми го зема, и реков не Нада, нема мобилен, луѓе се трескаше од земја, викаше и цикаше, почна да удира по стол, катастрофа. Главата ми е тапан, немам сила за ништо. Имаме и ние такви за редење, арно ама кога јас ја накарувам да ги стави каде и е местото, нема шанси, а сама кога си игра, ги става, ги вади, реди од најмало до најголемо и така.
Зошто ви работи тв навечер за нанење? Незнам каков ред имате, пригушено светло од некоја столна би било доволно...
Синко на огледала, пластика (хранилка, лизгалка...) гумено коњче и се слични такви работи ги плука да речам, па со рачето ги трља, ме вади од кожа ова...дали само моето дете вака прави или има и други деца...незнам како да го одвикнам..не успевам..17+++ е