Можно е 5ки, син ми од кај 18 месеци почна да пика прсти назад кај 5ките и на 23 месеци извади 1 петка, сега друга е пред пукање.
Моево нема плукнато до сега незнае изгледа. Му е интересно сега, ќе му помини за брзо, не го карај, прај се дека не гледаш, оти ако го караш уште поќе ќе плука ќе му биди поинтересно
На огледалото во спална дека големо од плакарот, се гледа и си игра пред него, после ќе му текне ќе го баци и ќе прска, па после со рачето брише. Ај на момент ќе речеш интересно, дури и ти ќе се насмееш, ама па навика ќе му стане, не знам како да го одвикнам... ако ми е затворена таа соба, на предсобјето, тоа огледало, на крај ако нема каде на фрижидер Ај кажи дека не е за карање, па уште знае да врати и тој ме кара дека јас викам по него Не знам од каде му е ова..ама од кожа ме вади
Тоа му е целта хахаха да те налути, интересно му е дека го караш, дека беља прави, вака за се е, штом видат дека нешто пали кај нас и одма искористуваат, се за забава игнорирај и ќе видиш за некој ден ќе престани
Синко се научи да плука храна. Ке земе залче, ке го држи и ке плукне. Вчера кај мајка ми чистеше со крпа и демек да јаде. Му дадов леб со намаз, тој плукна, го стави во крпата, го скри и вели "кака" и продолжи да чисти.
Два месеци мислам петки се петки се но никаде ги нема фаза на гризење и тегнење цуцли од шише помина аха ете ги тие го мачат. Сега прстот во уста позади до крајник ете ги петките. Цуцла лажкивка нон стоп во уста ако не ја види кризира но петките никаде ги нема. Незнам што го мачи што и ноќе луѓе како комбајн е само ора низ кревет. Тоа станува зборува,се кара вика,плаче и оп во 5 сабајле наспан. За активен нормално е не нешто претерано,гледа само кокомелон по еден час се на се вкупно но од каде му е таа енергија кога ке заспие и тоа толку немирно спиење. Нема шанси ни да го покријам. А сака да зборува многу кажува (ау не нам нам) тоа било волку(ау) не нам нам било не ка кради храната од прасињата Денски неможам да се пожалам слуша ама ноќе ми наплајќа дебело. И фала богу намали да го тепа брат му во секоја прилика може виде дека бебето останува со нас
Има 16 месеци. 7 цели заби и 4ки на пат. И сеуште не ја џвака убаво храната и многу често знае да се засркне. Го приметувам пример кога јаде нешто меко пример јуфки не ни џвака многу си голта дирекно. Нели е веќе голем за волку често да се засркнува? Минимум еднаш на ден се вадам од памет со ова задавување.
Знам, многу е тешко да се одлучиш и да слушаш врискање посебно со две дома ама се по разбираат и потешко ќе биде да ја одвикне.
Мајки од кој инхалатор сте задоволни? Синко ми настина, матична рече да инхалирам, немаме..па не знам од кој да земеме...фала
Јас omron имам за синко земен пред 10 години и повеќе. Беше со чести ларингити па употребуван е многу пати. Сеуште е како нов. Многу сум задоволна има две маски помала и поголема. Често и јас го користам заради синуситис
Јас ставам по 3 мл физиолошки секои 6 часа така рече докторот ама не ме остава дење да го инхалирам така што го инхалирам кога спие му доаѓа 4 пати за 24 часа, мојот е 20 месеци. Поздрав.
Зависи од возраста на детето. Секогаш консултирај се со педијатар. Јас на почеток ставав по 3 мл физиолошки и гарамицин понекогаш и дексаметазон бидејки имаше тешки форми на ларингити со гушење. Како растеше зголемував доза по препорака. Со малата да не ја урочам 17 месеци нема потреба од инхалација.
Мајки 12м сме, беба ништо не јаде освен ориз. И тоа јас да и давам, сама не зема. Дајте некој совет како да почне да јаде, имам пробано секако, и повеќе часа да поминат, и млеко да не и давам и со нас на маса да седи ма нее не јаде и готово. Жолчка нема ни пола изедено наеднаш, месо не јаде, не знам веќе што да правам. Крвната слика и е добра, добро напреднува ама скоро само на млеко на Хип е.
Го имаш одговорот во прашањето. Наместо да јаде тоа се заситува со млеко. Млеко нема ни потреба да пие од 12 месеци, треба млечни да јаде. А како ќе јаде? Од одма фрли го. Три дена траат плачките. Ќе нудиш вода, овошје и храна. Можеш и леб тоа сакаат да грицкаат. Полека за ден, два, три ќе видиш напредок. И јас сум кај храната заглавена. Бојкотот сеуште трае. Буквално ништо не става во уста, а секоја понуда на храна почна да предизвикува тантрум. Дај и грицки јаде. Дај и биксвити јаде, што значи не е заб, не е грло туку инат магарешки.
Пишав погоре дека имам пробано и млеко да не давам, нема ефект никаков. Од млечни павлака и сирење јаде ама и тоа зависи како е расположена. Баш инает магарешки, седи и плаче и уста не отвара