Здраво и од мене за недела дена малата има прв роденден па ви се придружувам Сакав да ве прашам за искуства од Малтофер капките за хемоглобин и дали ги дававте со вит Ц или.... Матичната ни ги предложи ги порачав од Бг е сега незз дали е доволно вит што го внесува со овошје и зеленчук или секако ви препорачувале и вит Ц
Малтофер се пие со вит Ц обавезно. Прво вит ц па за 10 15 мин малтофер. Јас давав 7 8 капки вит Ц, а се даваат од 5 до 10. И 5 мл малтофер. Прашај педијатар за соодветна доза.
Секако ке ја прашам кога ке ми стигне малтоферот туку имаше ли ефект кај твоето детенце на крвната слика?
овие оброци јадат ама ужините редовно само грицки и биксвити... се плашам да не е претерано сол, ама па друго нејќат за помеѓу оброци Среќна Нова бај д веј, саглам ви немам честитано на никој! . таков е периодов
Ужината треба да е или зеленчук или овошје. Чим е грицки нешто не штима. Мешај, прај сок у блендер, прај сладолед, ставај очи и уши, моркови, краставици..било шо. Среќна
Пијат сокови,портокали нонстоп цедам, тоа бутаат ,не го рачунам за ужина тоа...и овошје исто...ама ете пусти мерак и некој крекер да се мавне, знаат кај стојат и ќе застанат со тоа прстите покажувајќи,оди не им дади...
Ам тогаш нека бутаат што им се мешаш у мезлакот? Остај нека си јадат љубомора една низаедна Ништо не им е чим се примаат друго.
уште карти на маса им фалат и додуша имаат еден чукнат дедо, на секое идење шах им вади, морале од мали да се учат шах беее му ги јадат фигурите Иначе а ме видат на шанк како нешто грицкам одма идат.... и што и да правам идат во инспекција, дерман немам....
Somebody shoot me. 10ти скок, горна единица, без цуцла. Детево нема мака за заспивање ама кон 5 сабајле мора да дојди на спална и се пика во мене, ме тегни за коса, не ме пушта да мрдам. Ужас луѓе, никако неможам да ја преместам во креветче. Останав и без коса и без нерви, кај и да е ќе рипнам од тераса. Мислам дека ова не е резултат на фрлањето на цуцлата, оти се случува веќе подолго време. Со цуцлата прелесно поминавме. Како да ја одучам да спие со мене? За дремката спие во креветче без проблем.
Мојов денеска 20месеци наполни, и пак се претвори во нејадач. Луге шо да правам? За ручек нерви кинеме сите дома, леб сув сака да јаде друго се одбива и плука. Секако пробав и сам да јаде и ситно сецкано, дури и блендирано НЕ и НЕ. И на крај јогурт и леб или леб и павлака се јаде, на сабајле јајце само бара, жими тој оброк шо е како шо треба. Апетит има само шо ништо не му чини. Ако знај некој некоја финта кажувајте нерви немам веќе, остарев овие денови
Да си прашам @FreeMind @Emma2 дискутираа за ужини и грицки. Колку овошни, зеленчукови, млечни. .. оброци му треба на 1.5 год бебе? Јас давам ( така јаде) 2-3 овошни, 1-2 зеленчукови, 1-2 млечни во денот. Месо 4-5 пати, риба 1-2 пати неделно. Има 1-2 денови без месо/риба, само зеленчук или грав/леќа. На пример доручек и втора ужина овошје, но може и во вечерата да има пак овошје, зеленчук претежно за ручек, ретко за ужина или вечера како тиквица. Млечниот оброк обично е навечер, но и за ужина често како јогурт со овошје или павлака со жолчка...Грицки не форсирам, ама и не јаде. Може 2-3 смоки или 1/4 краш или Киндер јајце. Не е по благото. И онака јас не јадам грицки не гледа и не бара. Оваа тематика ми е најнеоткриена. @Mia Fuentes welcome во моја кожа другарче. Подолго време мојата така прави. Спие во креветче до кај 1-2 и Еве ти ја сама дошла кај нас. Колку да ја враќам нема ефект. Дури некогаш плаче рика, па ќе се расони и цела ноќ журка. Ајде што ќе ја оставам кај мене, мава, куби коса, станува на нозе. .. Исто дневните дремки без проблем во креветче ги тера. На прагот од 10 скок. Трантуми на јако се наговестуваат. Кај нас прсти нон стоп во уста мислам 4 се на повидок. Врв е периодов. Дали некогаш мируваат вашите деца?? ?? ? ?? ?? ?? ? Мојава е постојано, ама буквално нон стоп во движење, трчање качување. Вчера од троседот исправена се качуваше на столот за хранење, па се лизна и со рацете буквално како мајмун се обеси на масичето (табланката) од столот и висеше како на вратило додека не ја зедов. Само по 15 мин врзана во хранилката се исправила за секунда и со нозете на масичето од столот се качи како за чочек во кафеана. Уште кога ја зедов се фрли на земја да тупа со раце и нозе. И луѓе цица како будала. Само тите бара. Сега се сеќавам на @Chanell* кога и се смеев за цицо, цицо на глава ми дојде. Повеќе со ништо не се смеам Млеко ми тече шприца како да сум 1 месец породена, а не 17 месеци И растура ова мало човече што да ви кажам додека средам едно таа 10 растурила. Мене грев од синко ќе ме фати колку беше мирен и разбран. Мене ни крстена вода ни ѓавол не помага @Мариаа. Да не случајно сакате да си ја земете како малечката невеста?? ? Се ќе ви готвам, спремам. .. А од друга страна толку е мила ми доаѓа да ја изедам само едно Мама и ќе се пикне во мене како маче да се гали и готово Мама се заборава
@Presrekna јас секое утро пред доручекот и давам овошје, ама ние малку сме скарани со овошјето има денови кога јаде има денови кога ќе касне 3-4 парчиња и толку. Месо и давам ден на ден за ручек во меѓувреме јајца варени, макарони со сос , полнети пиперки, а уште телешкото мелено и го давав ама сега ни така не го сака. Приметувам не сака мелено веќе. Ептен кремиве ванилино , гриз си јаде. Од грицки само переци еднаш и имам дадено и бејк ролс 7 дејс понекогаш. Сама со вилушка јаде ама бута неколку парчињ оддеднаш не знае да голтне па да стави друго Грав не ми текнало да и направам. Па и риба никогаш не сум и дала. телешко месо и пилешко како и даваш? Благото некако не го сака , мафини и имам правено не ги сака. Зденки , кашкавали јаде охоо , кога ќе и текне ќе почне днка или канка да вика и виси кај фрижидерот. А бесна е тоа немам збор. Уште е нестабилна а трча топки да шутира. Па научи да ги отвара заштитните капачиња на штекерите се до неа треба да стојам. А за титето д не правиме муабет, исто се чувствувам како новороденче да имам дома чувствувам градите како ми се полнат истото чувство како кога се породив. @Presrekna а цица навечер? Моево само ми ја крева пижамата и цица дури не заспие
И мојата има апетит, ама не јаде ништо. Пет исти работи. Со месеци за ручек јаде палента и телешко со кисело млеко. Крај. Едно исто. Зеленчук???? Никаков зеленчук. Не ни пробувам веќе, зашто ако и дадам да го види само, после не отвара уста за ништо. Благо не јаде. МЛЕКО НИКАКВО НЕ ПИЕ. Цица два пати на, ден. Вчера и ставив млеко со бжнесквик. Го плукна. И после го истурив за, да и ставам вода. Госпожата го зеде шишето. Го провери прво, па се напи со резерва. Неможеш да ја излажеш. Јаде овошје многу. Малини, вишњи, јагоди, авокадо, банана, портокал. Со или без плазма. И грицка солени бисквити. Такво е детето озбилно. Ја гледам малата на девер ми. Циганска торба. Само гледа дал некој јаде, и одма бута во уста. Сака ете се да касне. Моево јок. @Presrekna, Ни Андреа не застанува. Ме исцрпува од што е толку хипер-активна
@Presrekna и синко е ист, заспива околу 9, и до 1 2, некогаш и 5 6 си спие во креветче. Потоа се буди и ако не го преместам до мене се расонува. Денски спие во дневна на кревет без проблем, јас седам до него, ама не се допираме да знае дека сум до него.
@Presrekna ќе ја чувам јас, само ти да готвиш и спремаш. За дете демек здрави оброци, маж бил на кето, за себе шо стигнам... Среќа куче ми е на сува храна. Највише ме мачи спремањево храна, идеи 0. 5 ќе чувам само да имам куварка дома! Спремни оброци за сите и средена кујна. Многу барам?
Дали е можно дете за 3 дена прави 15 месеци и да сонува? Во сон зборува ги кажува некои зборови или работи што сме ги правеле во текот на денот. Вчера местевме батерии на играчки тој ги вика теа чистевме со правосмукалка и синоќа кога заспа почна да зборува мамо теа мамо брм брма... Многу е хиперактивно дете по цела ден не застанува трча низ цел стан и ниту во сон не е мирен се врти превртува сега и зборува..
Ене го телешкото пола стои во фрижидер, пола мачката го изеде шо ми одбива господинот. Зеленчук нејки, а овошје само тврдо јади, мекото го гмечи и си игра. Порано му подменував во сос со тестенини јадеше, сега го приметува и плука.
@Presrekna на ваков начин послужувам храна, така да внесува пр јајце зеленчук и овошје на едно јадење.