Од вашите совети јас навреме ја откажав. Мислам Фри велеше 3 дена плачки и толку. Па привиот ден плачи, плачи смири се, пак плачи - можи еден час и половина се на се и заспа, вториот помалку и третиот мислам за 15 минути. Гледав на ова како на некој протокол, чекор по чекор и успеав. Ама велат поголеми потешко, поеќ разбираат. Мојата имаше 14 и пол месеци ко ја одбив.
Настинати сме, вироза и ни искачаат 5ки. 18мсесеци сме. Носе и кашлање не сака никако да престане. Цела недела се мачиме ао пумпици, инхалатори, сирупи ... гревче синко..толку ли се мачни тие 5ки? Десно доле ни е излезена сега лево...
Оф многу гаден вирус или што и да беше. 20 дена беше со мрсоли и кашлица, не спушти на гради па поминаме без антибиотици, ама ептен тешко дишеше и со маки спиеше.
Ќути макарони со сирење ни поминуваат за ручек овие 2 дена, ќе давам од нив дури не ги прејаде, само колку да не е сув леб
Премногу мрсули има, 3 пати со пумпица му ги вадам, башка што го бришам и со инхалаторот 2 пати..исто и тешко диши кога спие дури се гуши, еве 7 дена веќе и нема подобрување, само што не течат мрсулите толку а се многу густи, лепливи дури..плус нервозен е од 5киве....хаос...среќа овој пат не ми спушти на гради
Исто беше. Не влечев јас, инхалирав со физиолошки 3 пати на ден, пред спиење прскав оперил па на кај 2,3 лепев Спиранто лепенка и пак немаше некое којзнае колку подобрување. Мрсолите на 15тата ден завршија и пак 5 дена кашлаше. И сега поткашлува ама не така продуктивно. Давав и Виранто сируп ама не дека помогна нешто.
И јас му ставам оперил и цитерал капки заедно помешани, инхалација со физиолошки и сируп кларитромицин.. така рече педијатарот..утре сме на контрола, нема кој знае колку подобрување.. многу густи мрсули и тешка кашлица има
јас веќе од кај 14-15 месец не водам евиденција колку и што неделно консумира од причина што и да понудам според мое замислено мени тој си има свои желби и веќе не јаде се како ќе му се даде туку како тој ќе сака. Сега научил да оди до фрижидер да бара да му отвориш да разгледа и да земе што сака најчесто тоа е ЛО (јогурт) и тоа со тони може да јаде и да пие. Друго млечно јок. Освен оние инстант пудинзи што ги правиме за нас. И тоа во него малку и бисквити кршени. Месо еднаш до два пати ако касне. Риба кога како само ако е тазе така си раче да ја зема у да ја јаде телешко само во манџа и тоа кога како и ако е ситна и убаво изварена. Од зеленчук јаде разновидно а од овошје.... Мислам дека само од тоа живее. Само нешто јаде цел ден. По 10 пати да му се понуди ќе си јаде овошје. Грицки обожаваше и тоа соленки сега слабо. Интересно му е да ги истури и да ги дроби. А количински не јаде баш многу. Пробав со б комплекс витамини со мисла дека може до апетитот е па ќе зајаде повеќе ама не. Веќе и тоа не сака да го испие. Земав прашак од кој една лажичка се раствора во вода. Неќе да чуе. Течности слабо. Вода исто ептен слабо. Пие сокови и ладен чај ама не секој. Среќа што цица. овој проблем го имав со првото дете. До 2 години се јадеше после вака како тебе. И јас будала ајде тоа што сака тоа нека е. За сега на скоро 8 години на не јаде скоро ништо. Може да бев поупорна тогаш ќе пројадеше уште нешто ама сега....
Пак имаме проблем со какањето. Совет од педијатар ставање на зејтин во секое млеко, не помага. Давање на праски, сливи исто не помага, пиење на домашен компот од сливи и праски не помага. Што да дадам друго при запек?
Година и 10 месеци, педијатарот кажа во краен случај клизма Ако нема какано една недела. Она секако излегува на 3 до 4 дена ама ептен тврдо, дури се грчи, се крие во едно ќоше, стенка и кака. Некогаш ако не е какана повеќе време, плаче од болки
Јас би ставила клизма. Нема зошто да се маче детето и да трпи болки. Само не знам дали би ти дала да ѝ ставеш, големка е.
Давам и јогурт, кисело млеко, баланс воведов, смути и правам од слива, праска така го пие барем, ама џабе. Секако дека и ја сменив исхраната, повеќе да е на супа и на потечна храна, ама гледам дека нема некој резултат.
И ние имаме проблеми со какањето. Гледам дека има страв кога треба да кака и од кога ќе се искака , кога ќе ја земам да ја пресоблечам плаче. Минатата недела 3 дена не можрше да се искака и бев решена клизма да и земам , но среќа се искака па ништо. Сега на два три дена и давам свежи сливи да јаде па така кака без мака
сувите се подобри. Или како компот варени или ако може да грицка исечи и 2-3 суви сливи на парченца. Или се и смокви суви свари ги и од водата давај и неколку пати да пие. За ова јас не знаев ми кажа една пријателка пробав и вистина имаше ефект
Ај пробај да му даваш за доручек секој ден овесни снегулки и чиа или ленено. Ги спремам со овошје, печено јаболко, банана, брусница. Ќе ти пишам комбинации ако сакаш. На Андреа ова и ја среди. Ама треба долгорочно да даваш, не ден, два. Давај и пробиотик. Исто сум ставала клизми неколку пати. @marchi-cool Не ме плаши еј. До 8 години ако ми прави вака