Зејтин е поштетен од клизма. Има еден сируп на билна база, не знам како се викаше. Има и едни кесички со прашок кој се раствара во вода. Се е подобро од зејтин.
Од ист ранг со свекрва ти. @Neda997 овој мојот педијатар и го препиша. Од шест дена сега на три искача. Дозата само педијатар може да ја дозира.
@Neda997 мојата нема проблем, кака 3-4 пати на ден, многу брз метаболизам има. Свекрва ми и купила сокчиња од хип, освен компоти и цедени сокови, не сум дала ништо такво претходно. Приметив дека после секое сокче кака течно, а се од вкусовите воведено е. И ги дадов тие 3-4 и веќе не и давам. Пробај така ако сакаш, може ќе помогне.
Тие сами треба да си стават во гз првин да видат како е. Ако е фино тогаш може и кај беба. Масло маслиново се користи во овошна бомба од семиња за убрзување на столица. Но кога природните лактасиви не помагаат (суви сливи, јаболко, чиа, ленено, грашок, леќа, сливи, киви, сончоглед, семки од тиква, палента) тогаш се иде на терапија. @koritsaki клизма после пет дена се става. До три е нормално кај некои деца. Веќе шест како кај моето е премногу. Ако искача до три дена само со храна обиди се да регулираш. И запишувај на лист што јаде. Можеби нешто и прави проблем. Млекото знае да направи голем проблем на столица.
@Yowannty јас и земав од слива и од круша, ама нејке купачки каши и сокчиња, прво многу пиеше од праска сега ни тоа не го сака, затоа дома и правам смути. Ете денес 2 пати кака, ама ептен со мака @srekice хахахах, твојата свеки е закон не сакаше одма да даде хемија докторката , а и ние сакавме прво со храна некако да ја регулираме столицата, ама џабе @FreeMind фала многу, ќе ја слегнам сега сликата и ќе ја прашам за тој сируп
Оф душа мала. На пријателка моја така малечкото не какаше. Знам сируп порталак и даваше. И синко кога беше мал имаше проблем со тврда И ретка столица. Со водата од варени суви сливи ја решивме. Секое утро во овошно смути со житарки му давав некое време па се среди. Со ова бебе пак обратно. Откако е родена по 3-4 пати Кака секој ден. И тоа водена столица. До сега формиран измет немам видено. Дали дека цица, дали од овошје што многу јаде или едноставно е до метаболизмот не знам. Едит: @Yowannty значи исто ни се децата. Ме потсети и мојата ако дадам хип Круша за 5 мин ја Кака. @Neda997 пробај во домашна каша да и ја подметниш ако не ја сака така.
. @Neda997 Шега ми е за свеки. И мајка ми е иста за тие работи. Давај вода, ако јаде брокула и тоа. Се што е богато со влакна. Изгуглај тамо. Ако не бива, прашај ја матичната за овие клизми. Ние уште на 8 месеци ги стававме. За деца се
Било кои клизми се океј, глицеринска клизма барај во аптека. Јас неколку типа имам сатавано и океј е.
Еднаш и ставив клизма, и не се искака, а не ја ни исфрли клизмата. Можеш да замислиш што ми се дешаваше тогаш. Веќе никогаш не ставив после тоа. Фала Богу, не ни имав потреба
Леле стресови. Мене ми се нема случено. Еднаш лошо му ја ставив, плитко и истече веднаш. Потоа маж ми нова стави и веднаш се искака. Кај синко од сируп немаше ефект. Ем со драми и плачење го пиеше, ем не беше ефикасно. Потоа давав од прашокот и се среди.
@Neda997 Заборавив, и кокосово масло можеш. И во овошни оброци, и во млеко. Ем здраво, ем вкусно. И помага за подобрување на метаболизмот.
Кога преминаа вашите дечиња од 2 на 1 дремка? Мојов е во транзиционен период, ова намалување на број на дремки најтешко ми се гледа од сите до сега некако. 12+ е синче. Станува од 7 до 8 и отприлика за 4 саати му се приспива. Еве денес стана во 8 и не сакаше да спие до 12, заспа тогаш и еве уште спие. Нема шанса за уште една асална дремка, а ако издржи до 7 за ноќно спиење тоа ќе биде со 300 маки и плачки после. Исто кога заспива пред 8-9 ми се буди во сред ноќ и седи буден.. Што советувате, да ја пролонгирам првава дремка, претпоставувам спремен е веќе за само една или?
Па мислам сега ви е време. После роденденот почна некој ден 2 пати да спие,па неколку дена еднаш,па пак 2 пати и на крај остана на една дремка. Не памтам точно,ама знам дека брзо по роденденот беше. Пробај малку покасно да ти заспива за прва дремка,па со тоа нема да има потреба од втора.
Тешки се премините. Мојата беше околу 13 месеци кога прејде на 1 дремка. Првите денови кенкаво ќе е пред заспивање ама за неколку дена се навикнуваат.
И моето околy година. Со тоа што се буди покасно, околy 9, заспива околу 1 и спие два саати. Не ми е ОК тоа што руча во скоро 4, ама он така си намести. Пробај покасно да биде дремката, на почеток сигурно ќе кенка. Моево првите денови додека беше меѓy две и една, со две му се фаќаше заспивање во 11 навечер. Ама неколку дена беа тоа, се издржа.
Ние сме од утре 16 месеци и премина од 2 во една дремка минатата недела. Спие околу 11 часот , саат ипол и легнува навечер во 20:30 - 21 часот