Педијаторот до сега нема кажано колку збора треба да има .Кога и да се пожалев дека е слаба на говор дека сакам логопед.Одговорот беше пред три е рано таа е двојазично дете нормално е да заостанува, па после рече ќе чекаме до 4год.После на 4 направи тест со слики што е што и таа погоди скоро се за на крај да рече супер е детето.А стварно мојата на 4 имаше голем напредок и во двата јазика.Сега пак од што збори уши ми зуат само и велам да трае Ама сепак мислам германскиот и е послаб и пак и треба помошШто не оди на градинка заостанува Инаку јас ја пратев по на Систина советите за развој на детето, ако пишуваше 200 збора и ги броев и од двата јазика.Еве овде: https://acibademsistinababy.mk/index.php/bremenost-po-nedeli/19-bebe/bebe-mesec-po-mesec/195-24
Во таа книгата пишува за У прегледите. А што и каде да пишува секаде пишува и дека се кај секое е индивидуално. Јас никогаш не сум броела колку зборови знае. Битно е да те разбира, за зборење кога тогаш.
Па да ама оноа скокни падни па се тркала па пак ке стане. Нареден месец сме на ортопед баш ке разговарам.
И јаа И јас ја гледав. Не слушнав такво нешто. Секаде различно. Ке земеме крстена вода од свеки по се изгледа. https://hybrid.mk/razvojot-na-govor...-kako-da-se-sledi-defektolog-tatjana-bageska/
@srekice @Neda997 И јас ја гледав, рече на 2г веќе треба да сврзува именка со глагол. Кажи и за фондот на зборови, ама не сум сигурна дали беше 200. Иначе, и мојата не збора уште Врсници нејзини кажват НЕ, мојата не кажва. Супер си е, слуша наредби, разбира, дури и зборчиња кои не ги употребуваме често во секојдневна комуникација. Ама со говорот е само на тате, тата, мама, баба, даде, и то та ко ќе сака,ако и велиш викни тата нема да речи, неа кога ќе и се сака. И плус нешто по нејзино си кажва. За две недели ќе наполни 19м. Мое мислење е дека се е во ред, ќе прозборат, најбитно е дека разбираат,а говорот кај секое дете е индивидуално. Овие генерации најчесто околу 2г почнуваат со разбирлив говор.
Затишје на темава. Јас периодот со обврски, слави имендени, не дека имавме гости, само домашните, но сепак спремав софри. Сега обврски со завршната сметка зафатена сум повеќе навечер кога спие бебе, па само ве читам. @Septemvri истото што го пиша како за нас да е. Само кај нас лепенка е бебе преку цел ден. Ни со мм ни со синко седи. Само мама Мама плачи 2 сек ако се одделам од неа. И ноќе беше нон стоп на града, еве 2-3 ноќи помирно спие. Скокот уште е тука и физички и по недели, а и вчера една четворка пробила. Уште 3 ќе ги истрпиме, Таман со трантумите ќе се спојат. @The Unicorn како е кај вас? И @Yowannty ве немам прочитано? Како сте. Како е малата лепотица? @мариаа мојата пак некако е смирена. Темпераментна е многу цел ден во движење , ама не бесно качување. Растура, чепка ама не опасно по живот. Женско.. . И јас ќе прашував за зборувањето, некако околу годината наеднаш се пушти и кажуваше Мама, Тата, баба, дедо, бато Тете, дада... Еве 5 месеци поминаа фондот е зголемен со уште 10-15 зборчиња, се разбира, извршува команди, покажува што сака, кажува кога се Кака, кога и се јаде, покажува страв, радост, имитира животни, нас, мести конус, реди коцки. .. Но со зборувањето некако стагнира. За разлика од порано сега кога сме излезени и на непознати им се обраќа дада на дечиња, Тете, цицо (чичо) за возрасни и баба/деде на постари. Цело време и зборуваме, телефон не и давам, на ТВ може песнички ( сите ги знае, ако се со извршување наредби ги прави) , но тоа е 1-2 часа преку ден. Има Ли место за паника? Знам секое дете е индивидуа за себе и различно од другите. Но сакав само да видам до кај се врсниците
Постариот син на 12-13 месеци кажуваше мама,Деде, шета(свети), тете и сл. Прооде на година ипол скоро. Помалово само мама и баба, уште малку година ипол. Моторика супер имаме, ама со зборови слабо. Слогови да, но од од зборчиња оскудно. Не сум загрижена, не треба ни ти. Разбира се, послушув команди, имитира животни, нас. И тоа е сосем нормално за возраста. Ке дојде и говорот. Секое дете е свој приказна. Да бидам искрена еден период многу ги споредував со брат му и непотребно си ставав грижи, иако знам дека било погрешно.
@Sofi.ja и генерациo малце дoцнам Бебе бр.1 пратенo на викенд каj баба и дедo па малце да здивнам и прoчепкам пo фoрумoт. Мене oвoj периoд ми е наjубав сo бебе, секoj ден нештo нoвo и интереснo. Каj нас играчките се кoристат самo акo мама седи и гледа ,а oна е тoгаш наjзаиграна. Знае да бутка кoличка, става мечиња вo кoличка, ги рани, редиме некoи oд лoгичките игри. Наjзаинтересирана е за сликoвници сo дебели кoрици ги врти и пoкажува сo прсте. Jа имаме oд Биби - Диви живoтни oд тoлку вртење jа искина. Вo спрoтивнo цел ден шета пo сoби, гледа каj мoже да се дoкачи или кojа фиoка да jа oтвoри. Пред некoj ден за секунда сама ми гo искинала индексoт oд факултет среќа не ми треба...ама се чудев какo успеала така длабoкo да дoфати. Кoнечнo и ние си jадеме парчиња храна, љубител е на леб Пoчнав пo нештo да и давам oд нашата храна, пример дoмашна пита... Кoга нештo сака не влече за рака и пoкажува, oд збoрење има мама, татo, не не не, некoе мумлање бебешкo и тoлку е. Мала е уште ќе се пушти . Имаме една дремка трае 2 часа, навечер си легнува вo 9 наjдoцна и заспиваме сo лежење дo неа. Дали oд седењетo дoма или периoд е кoга ќе дojде некoj штo не и е мнoгу пoзнат малце се oднесува дивo, нo пoсле пoлека се oтпушта нo не дoзвoлува сепак да jа земат вo раце...прoаѓа oва? Се плашам да не стане дива
@Presrekna и кај синко зборењето е доста слабо, во споредба со моторика. Баба деде тато га (гра) гага (патики) глада (чоколада) и уште 10 преку сила. Имитира животни, автомобили, се што брчи, покажува емоции, глуми, ги разбира сите команди. Знае каде што скрил, иако поминале 2 3 часа. Знае кои алишта се чии, обувки исто. Знае и јас каде сум ставила нешто. Моторика груба топ - се качува на стол маса и останат мебел, се спушта сам без проблем. Оди трча, со играчки во рака, се исправа со играчки во рака. Се качува по скали сам, се држи за ограда ама не бара моја рака. Откопчува патент и се соблекува сам, дига панталони да му ги мачкам нозете. Реди коцки конус става во дупка (не ја запазува формата, освен ако јас не му кажам да ги стави така). Вади заштитник од штекер и вклучува фен. Покажува што сака, ме води каде сака, ама се е со м м м. Кажува кога му е полн памперсот. Да го измерам и ке ставам сума за 18 м.
@Presrekna ти си загрижена со 30+ зборчиња, а јас имам само мама. И тоа понекад, не стално. Баш пред некое време пишуваше @Sofi.ja малиот и растура а помал е и се замислив. Ама, шо ќе постигнам ако у се си барам споредба? Ќе го убрзам процесот? Јок... Разбира се, извршува команди, не имитира, имитира некои звуци. И татко му касно почнал да збори, па еве се знае да каже Се загрижувам на моменти, ама учам брзо да ги бркам тие мисли. Еден детски невропсихијатар и кажа на пријателка “Не е битно дали знае да ти каже, битно е да знае да ти покаже што сака. Тоа е исто еден вид комуникација”
И кај нас е само „мама“ и „дада“. И некоја негова измислена баблинг комуникација. 16 месеци е. Не му ја мислам многу, гледам по видеа дека и големата не дека нешто била многу речита тој период. Иако повеќе од него, морам да признаам. Иако и таа тој период си муабетеше строго на нејзин кинески јазик. Важно ме разбира сѐ што сакам да му кажам. Што да донесе, што да направи..
Моето е 16 месеци и освен што кажува неколку зборови (околу 15 горе долу) почна и кинески да зборува. Покажува нешто и зборува по нејзино. Има некои зборови што ги вика по нејзино. На песнички што и пуштам почнува да игра , некои што и се здосадија се буни грчки исто кажува нешто ама не толку колку македонски. Извршува наредби. Надвор мафта на сите со рака дури и ги поздравува со "здраво" (сега за сега на грчки ) Не се замарам колку кажала, гледам дека разбира се најважно За мерење не сум ја мерела ама се има извишено доста вака од око. Дури во март сме на контрола. Туку кажете ми што да се прави ништо на косата нејќр да носи. Самп моево е такво или @Presrekna твојата ја гледам со ластичиња на коса не ли ги вади? Демек шишки и направивме ама брзо и расте косата и одвај и да ја ишишаме.. а многу сакам кога носи шноли и кога и е собрана косата. Дали секој ден ги бањате ? Јас сега ден по ден ја бањам Имаме уште проблем со какањето. Кога ќе сака да кака плаче, се плаши а каките не и се тврди. Дали има хемороид некој па ја боли не знам веќе две недели вака прави.
Нема потреба, а плус не сака да мие коса, плаче кога му ја плакнам. Би ја миела и 3 пати неделно ама не сака.
У7 на две години најкасно треба да го направиш значи би требало да имаш термин закажан наскоро. На тој преглед ќе ти го проверат развојно детето што знае и што не знае. Никакви 200 збора не треба да знае. Сега видов дека си ме тагнала не ми стасуваат нотификации од темава ветојатно. Пресреќна ми рече исто дека сум ја игнорирала на темава.
Фала женски. Не дека многу се грижам, ама некако месец до 18 месеци сме па си велам да не пропуштам нешто. @Septemvri и јас ги споредував на почетокот, среќа ова дете ми е повешто, по самостално повеќе оставено само да јаде, проодува, инаку бајачка ќе барав ако беа обратно. @The Unicorn синко до 2 год 4-5 зборови кажуваше, кога се пушти го молев една минута да молчи. @koritsaki јас секој ден ја туширам, газето после какање, раце лице после излегување и јадење, а целосно со Коса сега зимата два пати. До октомври секој ден целосно ја капев. А за косата само кикици држи со ластичиња, друго секунди не издржува. Стегачи, траки, јок. @MilaSs12 и мојата има добра моторика цел ден во движење. Периодов не е толку напорна, но активна. Здрави и живи да ни бидат. @FreeMind фалите на темава. И кај храната. Ајде уште малку ( 6 месеци де одма ќе пројдат) па на лето ќе ви се приклучиме во темите.