Тргнав се млечно, освен ад. Има мало подобрување ама не е скроз исчистен. Некои од постарите лишаи почнаа да се повлекуваат веќе. Да се исчисти бар 70 посто и полека ќе почнам козји да воведувам па ќе видиме што ќе биде. Мака мачам со смислување оброци без ништо млечно. Фала што не помисли
Страхувам, како не. Од неговата страна ставам две маички (оние ниските, белите, од Икеа) и врз нив перници. Масите се залепени до спалната и плакарот. Вака безбедно е, ама мојов шета низ цел кревет. Убаво си спиеше во креветче од раѓање. Спиењето на спална се должи на 8ми скок. Си се навикна од тогаш и така тераме. Како навиен е. Кај 2 се буди за да го земам од креветчето. До тогаш си спие таму. Среќа другиот батко си нане сеуште во креветче. Кога бев упорна да го навикнам по старо и кога давав отпор за спиење на спална, протестираше и го будеше другиот. Само заради тоа се откажав. Сепак, најважно е сите да сме наспани. А и кога би спиел до мене ако не сега...
Ништо не се штрафи,само се подига душекот и ставаш под него.Има како подолго железно постоље кое доаѓа под душекот,и не мрда.
Тоа ме интересираше, бидејќи нашата е на дигање. Не е душек него лежај. Вака како што ми кажа, нема да е проблем. Фала ти многу
Да да, секако спие со нас, уште цица. Без цицање не заспива до 3 месеци спиеше во креветче, ама јас ноќе стани легни , стани легни не се трпеше веќе и ја ставив меѓу нас да спие. Сега сите наспани и задоволни
А зошто мењаш, Биодермата и беше ок нели. Држи се кон неа само ако не се фрла мачкај по ретко. @The Unicorn со Ад тешко дека ќе средите работа. Штом пие Ад пробај со благо козјо млеко. Вака нема да има некои големи резултати. Или ако не е зависник не давај ич, после само воведи козји и овчи.
Многу е нервозен синче. Не знам веќе кој заб го вади моментално, неколку се. Нешто ако не му е по ќејф гризе што стигне, сега и главата од маса ја мава. Малку вознемирувачки изгледа. Оваа реакција ја добив откако го извадив од вц (морам да го земам со мене, како мува без глава оди ) , сакаше во сифон да брца. Или ако не може да отвори вратичка од кујна или комода. Кога го тргам од најбељите се треска од земја. Прво ова со главава трескање дали некој го прави и што правите во ваква ситуација? Јас најчесто го игнорирам и се смирува, а некогаш попуштам и му давам нова "играчка", односно некој предмет што му е нов и интересен, со ризик пак нешто да не му се погоди па да се треска пак
Зависник е. Ептен и тоа. Знам дека е на база на кравјо ама од раѓање го пие и речиси сум убедена дека не е тоа проблемот. Ако не се среди вака тоа ми е final final опција. :/
Ми се потроши Биодерма, па имав еуцерин. Ама одма ја прави со лишаи. Тешка хемикалиа е. Инаку во Зегин е најефтина. 1235 денари е 500мл.
Обавезно, без нешто до неа не запива. Леже и ќе и текне на некоја играчка па морам да одам пак до дневна да земам, инаку нема шанси да заспие. И да, секој ден е различна играчка. @bela.m и мојата истото ми го направи, до годината спиеше во креветче без проблем, потоа наеднаш почна да станува накај 3 и бара со нас на спална. И да ја вратам за пола саат пак станува и ја оставив на крај, барем да се наспијам ако целс укочена
@The Unicorn , @srekice , @BabyT* Кога беше ладно ја вадев надвор ( секој ден излегуваме) па цело лице посебно под устата и на обравчињата кожата и се исуши, стана црвена и неколку дена беше нервозна. Најверојатно ја пржеше и чешаше. Мачкав павловичева но немаше ефект. Во аптека ми го препорачаа овој крем за еден ден се среди. И за атопичен дерматит се препорачува. Ова за секој случај. Еве и упатство на некоја мајка ќе се најде. Кај нас од ладното беше, сега пред да излеземе обавезно мачкам од овој крем. За @bela.m баш денес во Пи-Ки бебе на фб во стори ми излегоа огради за кревет. Види баш нормални цени имаат посебно за играчки.
Да да јасно ми е колку скокот може да измести се од колосек плус ти со две. Јас да наместам така перници ке се качува по нив ке пробува нешто да прави а голема е веројатноста некогаш да не ја сетам зошто прво станува шета во креветче па потоа вика по нас.
Значи мајки никако да се средиме со спиењето , пораснавме но ништо не се смени вадиме 4 заби крајниците , ама и од навика се буди синко... Кажете до кога трае ова,не можам да издржам стварно, 1 година и 6 дена сме..
Колку често станува? Еве мојов од 2 до 3 беше буден, навечер после 10 заспива, а јас во 6 станувам.. Не знам коа ќе почнат да спијат, сериозно. Може кога ќе ги извадат сите заби (без 5ки)..