Денес бевме на систематски преглед. Од август не сме биле. Хемоглобинот 10,4(од 11 почнува референтната вредност) и показателите на железо и се паднати. Педијатарот на здраво бебе може вели со исхраната да регулираме, матичната ми даде ферумлек сируп. Знам @MilaSs12 имаа ниско железо. Како сте сега!? Слабо ми јаде општо. По малку а месо едвај со молење. Од овошје железо не се крева. И доста е извишена. За 4 месеци 5-6 см. А просек 8 см од 1-2 година било. Може И од тоа да е железото намалено, исто И короната како причини ја спомнаа. Се надевам ќе средиме. А за развојот ми рече др да не се грижам, повеќе од доволно кажува. Па кога се ослободи таму се им кажа И се им попиша, од картони, играчки, дури и елката ќе ја откитеше. Инаку да ве поздравам со шала на смета на татковците. Имајте убава и мирна ноќ
@Presrekna сега хемоглобинот е супер, ко за нејадач. Генерално крвната слика е супер. Не ме фаќај за збор, мислам дека 118 му беше хемоглобинот. Инаку да, имаше ниско железо и хемоглобин и прво пиеше сидерал ама без никаков ефект а 3 шишенца испи. Од 1 шише малтофер му се поправи, од 100 на 113. Плус и јадеше тој период. Сега пак не сака да јаде, некогаш ке изеде од нашиот ручек, ама не е како што сакам јас да има месо 50 60 гр. Железото од тоа е ниско, расте а не ја надополнува резервата. Синко првата година пораснал 30 цм, а за 6 месеци некаде 6 цм, го мерев пред еден месец, се заборавам да го измерам за пресек на 18 м.
До две години, па ќе се стабилизира. Барем така ми кажаа за првото на педијатар и така и беше, може нешто порано почна да се подобрува ама откако го одбив од доење, со второво иста песна, од желба да цицаат и да имам млеко, се научија дека на секое мрдање ќе цицаат. Легнувај го порано, 10h е доцна за толку мало дете, ако се преморени уште полош сон имаат
Како го даваше малтоферот по колку капки и дали и ц вит.... И дали имаше мали проблем со мешето тој период кога го пиеше Го набавив ама од страв никако да почнам д аи давам а последно 104 и беше хгб
Мами ме интересира кога почнавте да давате кравјо млеко? И како им го воведовте? Не како замена за моето туку сакам пример да и дадам бисквити (лобело) со млеко или сутлијаш со млеко да и направам.... Знам дека препорачуваат после втората година но опциите за вечера пример ми се далеку потесни кога не пие млеко Исто и за цитрусни би ве прашала како ги воведовте и од кога? Малата е во 13ти месец а уште не јаде мчечни (сака и павлака и к. Млеко но после оброк со нив ми бљуцка) и кашкавал пример каков давате Мн ми е страв дека не јаде млечно ништо дека ке има некој проблем
Јас почнав откако забележав дека не се суши со крпа повеќе. Не знам дали беше 8 9 месеци. Да да, прво вит ц 5 - 10 капки и 5 мл малтофер. Ама по совет со педијатар, не на своја рака. Од пред една недела почнав да давам, 18 м има. Ништо не сака да јаде, па пробав млеко со леб. Некогаш јаде, некогаш не. Во малку млеко му потопувам леб и залче по залче се борам. Се на се не пие повеќе од 50 мл и не секој ден. Инаку сеуште цица. Треба да вклучиш млечни производи во исхрана, јогурт и кисело млеко ако сака, супер.
Нема ништо да и биде ако не јаде и не пие млечно. Ако ти бљуцка после млечен оброк што не е твое млеко, можеби не и одговара. Пробај со производи од козјо млеко дали ќе реагира исто.
Фала на советите девојки Портокал ете денес и дадов, а за млечниве ке почекам ете уште пошто нема недела како бљуцкаше од павлака И ке пробам со козји како што рече @Annath За maltoferot и мене ми е препорака од педијатар само не ми спомна за дозирање но ке ја консултирам пак и за тоа пред да почнам
@crazylady и моето синче така правеше можеби 2 месеци и повеќе, на крај испадна дека имаше мака со курето загноено од внатре па бев на лекар и му го отворија скроз , уште од вррме на време мака иаме ама од кога средивме не се буди ,само ретко со забчиња мака кога има. Муабетот ми е дека можеби го мачи нешто бебчето размисли добро. @*malenavolena*87 ние млеко за жива гла не пиеме ,ама друго од млечни производи даваме се,јогурт ,кисело млеко, сирење, почнав да давам по навршена годинка . Кашкавал давам најчесто гауда паладин а некогаш и здравје радово крајви. Цитрусно овошје давам од 13 месеци, портокал ,мандарина, лимон,цитрон... Патем мајки дали некоја имала проблем со курето на синко? Јас правев како што ми кажа педијатар ,не го отварав не го чепкав, го одмивав само редовно, но ни загноја и го отворија на сила на доктор. Сега му е маалце залепено и пак му собира масти, веќе незнам што да превземам ,дали да го носам да му го сецнат,веќе срце ме боли да го носам на доктор секоја втора недела
Кравјо и дадов на 12+ со бисквити , кашкавал некогаш кравји некогаш мешан зависи каков имам моментално. Ги јаде и двата. Цитрусни овошја од 6м давам портокал и лимон.
Кој кажа дека детето му се врти во круг? Како пијан е. Застанува на сред соба и се врти. Не гледа под око и се кикоти.
Јас не кажав ама еве ти кажувам сега хаха се врти се врти и дури бапка на газе и се смее ,па пак станува се врти додека не му се сврти
@MilaSs12 јас кажав дека мојата се врти во круг. И да оди со затворени очи @srekice. Мислев дека имитира од песните, но и без нив го прави. @*malenavolena*87 мојата е 17+ и млеко освен моето не пие. Само во каши и тоа ретко и малку. Јогуртот, кисело млеко, козјо сирење урда и др млечно јаде. Инаку за малтоферот ми рече вчера педијатар по 1 капка на кило. Значи мојата е 10 кг 10 капки со 7-8 капки витамин Ц. Но не можам да го најдам кај нас малтоферот. Ми рекоа ферумлек. Дајте предлог за убав препарат за железо. Ја повикам @Septemvri за совет. Денес од рано утро бебе ме извади од паметПак и излезе препонската кила.Плачеше без престан покажуваше на препоните и заспа од болка. Со масажа и ја вратив назад. Бевме на хирург рече не е страшно чим се враќа. Само раат да не си. А ноќеска само еднаш стана па си реков можеби фаќа ред ќе спијам и јас. Сега од грижа не ќе заспијам. До која возраст се јавува килата?
@Presrekna не оди така малтоферот, се пие од 2 до 5 мл, еднаш или два пати на ден. Синко пиеше еднаш 5 мл со 7 8 капки вит ц. Малтофер само во Бугарија, го нема ни вп Србија. Преку шофери да го бараш.
Малтофер капки има? Не сум знаела, јас давав сируп, а во фрижидер имам неотворено пакување, со нејадач треба да се има.