Мајки сакам да ве прашам за МРП вакцина кога ја ставивте? За реакција знам дека е индивидуално кај секое дете, ама сепак би сакала да слушнам искуства?
И јас се придружувам на прашањево Веке 3та покана ни стига на недела дена ми ги пракаат мислиш немаат што да прават Секако сакам да ја вакцинираѓ но не сега, малку е пандемијава малку се мачи да прозбори прооди и со заби уште вакцина и фали :/
Мед. Да да, како и секој лек. На синко му остана за 2 3 пиења, ама шишето е 150 мл мислам дека, па две три дози се занемарливи.
Е периодов фрлање позади комоди, шкафови и кревети ствари што неможеш никогаш веќе да ги пронајдеш е крш. Сите чорапи му се по една зашо у фиока за лажици можеш да најдеш друг чорап. Само пика нешто негде. Не е можно да го следам веќе. Од понеделник тргнува во градинка со надеж дека и мама и дете ќе бидам посреќни и повеќе продуктивни секојдневно.
Тука негде сме со фрлање, а чорапи нема зашто нон стоп му се соблечени и скриени за да не му ги облече некој
@Presrekna те прочитав дека малата има кила. Кај мене едниот јави на неполни два месеци. Ни рекоа дека кај прематурчиња честа појава е. Еден период му беше многу повлечено ама сега се мачи со проодување, нон стоп е активен, стани-седни безброј пати во денот прави и сега пак му испакна бааги. Не советуваа да се отстрани после годината. На контрола не сум го однела. Али душа ми се пара ако треба да има зафат. Вас што ви рекоа?
Кај нас се повлекува. Вака нема ништо. При напор( а цел ден е активна и вреска на цел глас) умирам од страв да не излези. Прв пат и се јави пред годината од многу плачење еден ден и вакцина и КС и преглед и се собрале многу. Еве скоро 6 месеци немаше ништо. Вчера и се јави пск, сама се повлече. Денес газето и беше потпарено (Кака 4-5 пати) и плачеше. Мислев килата и се пак. Но вака на допир нема ништо. Вечерва пред легнување пак проверив како топче напипав. Мм кога проба рече го вратил и пак немаше ништо. Немаат споменато за зафат. Ептен ако се вклештени ни рече вчера хирургот. Не сакам ни да помислам на тоа, но ако мора тоа е ќе стиснеме заби. Само со помин. И ова секојдневно стрепење и страв не се трпи. А Таман се опуштив. Дали сеуште врескаат децата ваши од ништо и за се? Кога се радува, плаче, ако сака нешто, ако нејке нешто, ако ја земе татко и или Бато, ако не ја земат... Буквално за се вреска на цел глас. Само со мене е мирна се разбираме. Ретко ми се прпелка и вреска Ама не можам да се изолирам само со неа. @Мариаа. @Septemvri исто со фрлање и криење работи. Лажици од 18 комплет, 10 нема. Полека ги наоѓам на чудни места. Најново тоалет шолјата и е најинтересна. Некој ден ќе ја најдам да се мие над неа. И фрлање во ѓубре. Цуцли 2 нема сигурно на депонија се. И кој знае што уште. Сега редовно проверувам. Секогаш наоѓам нешто. @Мариаа. Со лесно на зетко во градинка, ти малку ќе здивнеш.
@Presrekna синко се затрчува и вода на бидето пушта. Вреска, тоа му е начин да се изрази. Кога ке збори ке е друго. Сега почнува со кенкање а преминува во врескање. Крие работи, по фиоки најмногу.
Без паника и да има зафат ништо страшно. Јас сум родена исто орематурец како што кажа @bela.m е многу честа појава кај нив. Ги имав јас и на двете страни. Сум оперирана на 3 и на 5 години. Зафатот е лесен и се останува неколку дена во болница после уште неколку дома додека се извадат или паснат сами конците, моите ги вадеа. После низ години не се чуствува ништо многу ретко осеќам на промена на време и имам 2 мали бледи лузни.[/QUOTE]
[/QUOTE] Фала ти. Знам дека лесен зафат е. Но кога се работи за свое дете, боли и најмало удирање И покажување на болка. Тоа е. Моето не е прематурче по недели, 39 е родена, но од 31 недела во мене скоро и да не напредуваше Се роди 2400 гр со 45 см и запишана е како прематурче од 35-36 недела. И твоето ако не се лажам порано беше родено?! Само со лесно да поминуваат се. Синко еве го 16 год. Релативно мирно дете растеше од таа страна немав проблем со удирање, скршеници, но од болести се И сешто се фарбам скоро 2 пати месечно.
Фала ти. Знам дека лесен зафат е. Но кога се работи за свое дете, боли и најмало удирање И покажување на болка. Тоа е. Моето не е прематурче по недели, 39 е родена, но од 31 недела во мене скоро и да не напредуваше Се роди 2400 гр со 45 см и запишана е како прематурче од 35-36 недела. И твоето ако не се лажам порано беше родено?! Само со лесно да поминуваат се. Синко еве го 16 год. Релативно мирно дете растеше од таа страна немав проблем со удирање, скршеници, но од болести се И сешто се фарбам скоро 2 пати месечно.[/QUOTE] Да и моето е прематурче родено 35г.недела со 2220, излеговме со 2кг. Само да се здрави и живи
30 Јануари 2019 ден навидум обичен како и сите останати. Во исчекување на породилни болки мрзоволно се извлеков од кревет, си го лапнав тостот со кечап и мајонез и решив да искочиме да го фатиме сонцето. 19.15 часот Јесс пукна водењакот! Со трчање влегов да се истуширам, торбата ми беше спремна четири недели ме чекаше пред врата. Мајка ми со загрижена фаца ме бакна и посака лесен пораѓај. Ах пустата колку долга ноќ доживеала. Мајка. По пат снежна олуја. 31 Јануари 2019 во 4.34 се роди Емили Мирна без плач. Со некое тешко дишење. Ја сликаа за моментот да се овековечи и ја однесоа. ..... 30 Јануари 2021, утро како и пред две години. Само сликата од мојот прозорец е различна. Ова утро е поубаво: Година далеку полесна од претходната, многу подинамична и поинтересна. Година со многу турболенции. Од најмирни фази до агресивен тодлер. Започна со првите чекори, период во кој не си веруваш на очите дека тоа мало бебе веќе не ти ја бара раката да се движи. И наеднаш почнуваш да си веруваш одлепувајќи ја од земја со камења во рацете. Ооо зошто не одиш? Ова ли е фамозното проодување? За два дена ја гледаш качена на табуретка. Во следниот момент беше веќе во градинка и ми мафташе со рачето за чао. Чекај малку тоа е она истото бебе кое не се одлепуваше од мене? Да да, она веќе има свој малечок свет. Има пријатели и учителки. Со нив ги учи боите и животните, учи да пее и да споделува, учи да јаде сама и да се извинува. Да тоа малечко бебе е веќе самостојно. Ја гледам јаде сама со лажица додека половина и се потура и тече по рацете. Она секој ден е се подобра и подобра помислувам. Се фаќам себе си со насмевка како и се воодушевувам на тие несмасни потези. Баш е слатка. Имаше моменти на себеисклоцување и годинава. Ќе остане запаметен периодот на тројките. Тони вино се испија. Потоа штама, мирен период и силно забрзување на крајот во терибл ту. Влезе главечки! Горе доле. Така е и целиот живот. Во еден момент ја гушкаш сакајќи да ја изедеш и потонуваш во нејзината заразна насмевка, за да во другиот ја држиш на мал прст од нога сакајќи само да ја спуштиш и тој плач да прекине. Но има нешто посилно што те држи трезвен и во најлудачките тантруми. Учиш самоконтрола, учиш како да ги пребродиш тие силни моменти молкум и потоа да се исправиш. Знаете, тоа е родителство. Да останеш на нога кога се тресе тлото. Да стоиш цврсто и збор да не изустиш додека детето ти ги лижи плочките на аеродром и си ја мава главата од стаклото на пасошка. Нека ми е среќна. Да се соблечам пред врата: Клоцнете ме посилно да влезам со салто во следната, ден претходно да скршам малер.
Да биде најсреќна. И личи на себе уште на првата слика. Секоја чест за постот. Те клоцам за да не чекаш полна искуства да не советуваш. Баба ми велеше не знам внуко дека сум учена( 4 одделение имаше) знам дека имам поминато, животот ме научи. И навистина денес сме поумни од вчера. Сега за ќере сум попаметна од за синко... И така. ..
Среќен роденден на Емили Фри....секој од нас се пронаоѓа во твоите зборови....la vie est belle мислам така се пишуваше. И ние растеме со нив