Среќен роденден на малата палавка Ми го наполни срцето со постов,ме наврати на почетокот на животот на моето бебе,сега веќе дете Ве клоцаме во другата тема, чекајте не мирни за 9 месеци доаѓаме Како ги облекувате децата за на снег? Годинава кога падна снегот,мм жив среќен зема санката ајде надвор. Јас се развртев ко будала не знам што да му облечам, дали е малку или многу. Го облеков со хулахопки,чорапи,дебели тренерки, комбилизон скафандер а нагоре боди по кратки и блуза. И секако јакна ,капа ,шал ракавици Дали е ок? Можеби ќе отидеме ден -два на планина да знам колку алишта да понесам,а да не го разболам детето. @Presrekna @MilaSs12 вие пишувавте за анемичност. Благо му е намален хемоглобинот,железото е ок. Дајте идеја за храна што сте ја давале за подобар хемоглобин. Оваа промена во хемоглобинот изгледа е резултат на нејадењето асален оброк после нова година,а и излегувањето на 4ките. Претходниот месец му беше 12 и нешто, сега 9.9. Инаку и мојов крие работи,пред некој ден го снема даљинското,го утепавме од барање со мм никаде го нема,на крај го прашуваме него каде е и ми го носи од кај што го скрил. Омилено му е да фрла "кака" во канта за отпадоци ама и после да си пробуричка да си го земе го викаме контињерко Си ги фрли патиките во канта ,среќа што го видов истиот момент,капакот од шољата во вц редовно е спушен зошто инаку одма пика раце или фрла предмети.. Се качува насекаде,педијатарот рече дека треба да се остави да се качува за да си ја оствари целта,ама нормално под надзор. Овие два три дена ќе пооди малце надвор и ми доаѓа пред мене "јаце" да го земам во раце Кога му земаа крв сабајле плачеше со зајдување,често плаче така ,ама не паничам гледам дека си се враќа одма во нормала,лаборантот ни вика зборете со педијатарот. Плаче така и заради болка и за глупост,пример мијам садови и не сум го земала во моментот кога посакал и ќе си ја викне. Штом го земам престанува. Што мислите за ова?
@Sofi.ja телешко месо е најбитно за подобрување крвна слика, до 4 пати неделно може. Потоа давај јајце, жолтка поточно ама да не е мешано со млечни производи, просо со кајсии, леќа, спанаќ. Инаку хемоглобинот е побитен. Кај синко не се поправи од јадење, па пиеше сидерал, без ефект, па малтофер. Ми кажаа дека доста е извишен, и наглото растење со нејадење води до тоа.
@FreeMind Дојди да ве гушнам Ме преплави со емоции. Да е здрава и весела лепотицата мала. Сечи торта, идеме
Среќен роденден Емили, зрачи машала! Алал да ти е за пишаното, ме разнежни Да биди среќна, успешна и силна како мама Секоја година нека ви биде се поубава
@FreeMind Среќен рoденден на лепoтицата @Sofi.ja ние бевме на снег сo скафанфер и супер се пoкажа, пoд негo тренерчиња и хулахoпки, гoре бoди пo дoлги, блуза, jакна, ракавици и капче Иначе на мojата секoе втoрo плачење и е сo заjдување, читав дека е рефлекс штo треба да се изгуби. Сега ме загрижи
Мојов баш бебе кога беше не плачел вака,почна откако почна да разбира малце повеќе,накај 10 месеци да речам не се сеќавам ни јас точно. Ќе ја прашам педијатарот на следен преглед. Мм читал нешто денес дека веќе знае да манипулира па за да ја достигне целта така плаче знаејќи дека родителот ќе изреагира. Ама ај не реагирај кога гледаш дека воздух нема. Не правам драми како претходно ама не сум ни ладнокрвна,сепак ми е страв кога се случува...
@FreeMind Само да е жива и здрава. Да и се множат годинките. Јас така неспана со денонови месеци години синоќа мислам дека ке се фрлев од тераса,сериозно. Можно ли е да постои термин тантрум во спиење? Значи само хистерично со плачење вика не оваа,не оваа. Се врти лево десно низ кревет неможеш ни да го гушнш ни да го смириш едно 10 мин такви трауми доживувам со него што незнам што е тоа што го вознемирува и не му дава да има сон вејќе 22 месеци. Ноќен терор да е па секоја ли ноќ мајкому сонуваат? Или ако не па да си ја побарам од @srekice свекрвЧе Навистина кога ке ми текне низ што треба да поминам оваа ноќ не ми се легнува.
@FreeMind нека и е среќен роденденот ,да е здрава и жива Мајки помагајте знам дека чесѕо истиов проблем го читам ,ама како се снаоѓате и кога ова ќе престане? Ни растат сите 4 четворки наеднаш и од голем јадач стана тотален не јадач... значи не јаде ништо ,си мислам да не има и друг проблем што може да биде? Сака да пие само јогурт и попара да јади, ништо друго ептен со сила.. до кога вака? Веќе незнам дали ми се прават филмови или малце и ослабен ми е. Совет некој? Да се надополнам, јадеше без цртани без ништо а сега ни со цртани неќе
А на 15 месеци има некojа регресиjа 3 нoќи пo ред плаче какo исплашена утрoвo jа приметив oбрази држи или трojки да не вади??? Паника ме фаќа малoвo уште не преспива цела нoќ ,а вo jуни дoаѓа дoпуна
Не се секирај нема да си сама барем,и нашата допуна ида во јуни а мали салта прави секоја вечер по 10 пати минимум ,и како што е научен во тишина да спие, ќе има журки
@NewMama кога вадеше четворки не јадеше ништо освен краставица,јогурт и АД не најдов начин како да јаде нешто друго а кога ги вадеше тројките јадеше се. @Larahappy пред два дена исто се случуваше три дена по ред морав да ја будам за да престане да плаче, вриштеше во сон.
@FreeMind Најсреќен роденден на ѕверкава прекрасна! Колку секој твој пост ме ежи, ме потсетува секогаш на некои зборови што ми се потиснати и не сум ги изговорила и напишала до сега. На крајот од денот секој нивен терор што не лупа од земја не прави живи, нели.
Душо моја. Близначката на син ти е иста. Додуше синоќа ме остави да поспијам, затоа во наредните десет дена ќе ми наплати. Свеки помош само за урочено, за проодување и за прозборување може да ти понуди Зашто толку многу ги облекувате за на снег? Скафандер е дебел многу. Јас само хулахопки термо одоздола облекувам
@FreeMind среќен роденден на Емили, жива и здрава да расте и секогаш да ве радува Две години направи убавицатаКога поминаа?!
Кога? Јас си знам Фала ви на сите да ви се враќаат убавини. Помина роденденот достојно како за корона: