Да најверојатно е фаза, три дена така ми правеше само шо јас морав да ја будам за да престане да плаче.
Женски, тие што имате деца цицалчиња, како и кога се научија да пијат вода ? Една година направи неќна, и сеуште сака со цице да и помине жедта. Пробав со разни цуцли, и со чашка со клунче, не фаќа од нипто. Сака само од чашка, ама се нурнува цела, и ако повлече повеќе се закашлува. А сакам полека да ја одбивам више.
И јас имав мака со разни шишиња пробував. На крај купив нук некапечка чаша и си пиеше од неа. После му давав и од чаша за ракија,шоља за еспресо,шише со цуцла од обична вода Јана... пробај што ќе прифати тоа. Имај во предвид дека од некапечката чаша може да се засркне,ама не е ништо страшно ќе се научи.
@Dikinzi и моето неќеше да се напие ништо од цуцла, ни од клунче никако. Пробав со шишенце јана (од тие малечките за деца вода) и од тоа сакаше. На 10 месеци почна да пие вода. И еве сеуште пие од шишенце такво или од чаша обична. @srekice мислам дека не, ако најдеш те молам сподели
И давам од чашка, се заскрнува. Ќе пробам уште со некапечка, и со шишенце од Јана вода. Секако за големата такво користам, најпрактично ми е, недела дена и го фрлам, да не стерилизирам. Има шишенца со цефка што не течат, на нук се такви.
@Adams да тие ги има во зегин, кога неможев јана да најдам купував такви. @Dikinzi баш ќе купам, сега сме во фаза -сакам од цевка да пијам ама со тоа ида и голем неред П.с шишенце повеќе од недела не користи ,да речиме 2 -3 дена , читав дека се насобирале мн бактерии а и не се бпа фри, пластиката после долгонамена употреба станува штетна. Тоа е само безвезе ако не ти пие од цуцла,мора снабден да си на секое да купуваш шишенца ама битно нека пијат
Иод ова ќе пробам Големата пиеше од цуцла, мака немав, после префрли на шише со цефка. Ама ич не ги сакав тие, и на крај вакви шишенца од Јана вода користам за неа, некој ден и у ѓубре одат. Ама големово цицаше до 6 месеца, после тоа беше на АД, па знаеше од шишенце. Ама воа другово ништо не признава освен цице. А да бидам искрена, сакам више да се олабавам малце. Сакам да излезам надвор без да ја мислам дали ќе бара или не. Сакам да излезам навечер без да зависи од мене пред да заспие ( заспива со цицање). Сакам да излезам надвор и да облечам фустан, а не да носам блузи за да може она да цица. Па доста е више, таман си е ..година дена. И многу почна да ме разранува на десната града, само што ќе се затвори дупката, се отвора нова..лудница..
Oд кoга пoчнаа да ви пиjат oд цевка? @FreeMind @Мариаа. Jас и имам пoнуденo самo држи, не знае да пие...
Од кога и го фрлив на нук шишето со кое се лигавеше и стануваше ноќно време да испие литро вода. Пред еден месец се случи тоа, на 23ти фактички. Дотогаш не сакаше. Ама кога нема избор ќе пие и ќе праша дали има уште
Хаха јасно веќе сме у фаза дека не треба да се чува во стаклено ѕвоно Ама од водата се прават прљавштини како лиги,ми се згади кога ја немав измиено комплет некапечката чаша неколку дена