Мојов ја гриза цефката и некогаш знае малце да повлече Јас одамна меркам едно шише со цефка ,ама не сум купила да не фрлам пари зошто уште не знае
Исто, пиеше многу од шише, па ќе ја држи цуцлата безвезе во уста. Ако му го земеш драми. И следеше цевка. @The Unicorn Фрлај низ прозор одма.
Пробај со магична чаша прво на нук и таа е некапечка. Имаш и на авент. Сепак помало е твоето. Да беше само едно шише ќе и го оставев нон стоп пиеше. По мин 3/4 на вечер. Нон стоп значи. И сега пие доста ова големово на ден не знам колку пати и се полни ама барем навечер не станува. Може не беше ни до шишето до заби може беше ама ете заврши во момент на лутина во канта и никад назад.
@Larahappy мојов запиј од цевка на 15 месеци,прво од малечките тие за сок што се,па сега и од голема трга, кога му дадов не знаеше ама му покажував дека се шмука на празно,и почна да ме емитира па така се научи
@Sofi.ja читав погоре за хгб прашуваше.... Јас се трудам со храна сеуште брокула, телешко, комбинација банана и авокадо, просо, кајсии, сливи, спанаќ, блитва сите овие намирници се добри за покачување на хгб Инаку читаѓ за чаши зборите Кога почнавте да нудите и од каква чаша? Зборам за нормална ете и со цевка во неа 12 ++ сме мм е убеден дека треба да пробаме веке да ја учиме, мене ми е незамисливо Исто и за одвикнување од пелени кога обично се препорачува???
Моето можам да кажам дека почна да пие вода од коа почна да јаде убаво шо значи од 8м некаде пие од некапечка чаша и уште пие ама само вода,јогурт пие од чаша за ракија
Земав денес сируп флорадикс Докторката ми објасни дека он има доволно количина на железо,ама не се разградува правилно па така има потреба од дополнителни витамини кои не може да ги внесе преку храна. Затоа има низок хемоглобин,хематокрит и ниски еритроцити.
Ме изнасмеа така убаво. *D Се прочитав самата. На синко секоја вечер му стерилизирав шишиња, цуцли до 2 год. На ова така фино забришувам или јас лижам пред да дадам па ништо не И фали. Поздрава е од синко. Вода пие со цевка од годината навака. Еднаш денот наутро полнам вода па која ќе ја испие само дотурам. Миење вечерта еднаш. Увидов дека стакленото звоно е само болест. Нечистотијата половина здравје. Фала Богу да не ме сфатил дека дете ми е гнасно, секој ден ја туширам, алишта менуваме 2-3 пати дневно, валкана ја оставам само 10 мин пред бањање, но не се притресувам ако лапне од земја или ако И падне шише или цуцла на под. Надвор мијам со вода ако не носам со влажни или алкохол бидејќи секогаш го имам периодов. @The Unicorn фрлај стелиризатор или тргај за второто бебе
@Adams @*malenavolena*87 Кај нас вакцината се прима на 8м, моево ја помина без реакција. @FreeMind Среќен нека ѝ е роденденот, кукла! Додека успеам да напишам еден пост уште една година ќе помине. Вода уште не пие ова мое дете. Не е дека не знае, едноставно не сака вода. Од чаша кога пие устата ја чува како да се смее и не голта туку му се цеди водата низ уста или он со прррр ја плука. Чашите и шишињата имаат основна функција да се гризаат. Тоа шише со цевка некапечко ГО МРАЗАМ. Ова што го имам на долниот дел од цевката има како топче-тег што ѝ прави гравитација за да може од било која положба да се пие. Тоа топче и уште пет дела само од цевката мора да е извадат за да се измие убаво, пошто иначе како што рече една членка, се разлигавува. И онака само ја гризе цевката, не сакам да го видам уште еднаш. Му купив од хаакаа, оној брендот што ја има силиконската пумпа вакуум што прави, мала силиконска со рачки, па од едната страна има засечено демек за носето... Му ставам две голтки, една и пол завршува на маица и си ја гриза... Барем е мала, лесно се мие. Не знам зошто уште сѐ става во уста, гриза... Не е доволно стимулиран, досадно му е или нормално е? Туку, дали некоја од вас некогаш користела онаков каиш за водење на детето? Уште не е баш стабилен, дома го пуштам слободно да оди, да се качува, кога сме на трева исто, ама некогаш го симнувам пред зграда на 20тина минути, многу опасно ми паѓа, пред некој ден падна на нос.. Знам дека тие каиши даваат лажна сигурност, ама понекогаш чисто за на бетон кога е. И кога треба убаво да има стабилност? Он си мисли може да трча веќе, не гледа каде оди, гледа на страна оди право... Паѓа по икс пати во денот. А веќе има месец како е прооден. Што да му правам? Аy и да. Мое дете на полни 14 почна конечно да плеска со рацете. Шта речи.
Фала ти. Ќе паѓа уште долго. И треба да научи да паѓа. Да користи раце пред паѓање. Тој дел го рипнал при проодување му имате помагано да прооди и сега директно на глава паѓа оти не знае како поинаку. Ако го врзеш и не научи да паѓа уште полоши денови идат кога се качува и трча така да лом ќе биде. Ќе падне неколку пати на нос и ќе му текне зошто му се рацете. И ќе научи. Колку повеќе мислиш дека му помагаш толку силно му одмагаш. Стисни заби за месец дена ќе биде многу стабилен.
Мојот е 2ипол месеци прооден,па уште паѓа лево десно. Убаво си паѓаше дома прво со раце, сега надвор последниов период да паѓа прво со фаца па после со другиот дел од телото и јас само паничам. До 6м од проодување треба да се стабилизира За ставањето во уста можеби се заби. Моево ставашр,па еден период престана,сега пак почна а гледам никнува двојката доле. Скоро 16м е.
Немој каиш. За синко користев го вратив месеци назад. До 2 год не одеше стабилно морав да го пазам зад него бидејќи од старт го паткавме и водевме. Ова бебе буквално на земја сама порасна во таа насока. Од мало бебе ја оставав на меше, самата почна да се врти, сама пролази, се исправи и заоди. Како мајмунче. Од земја почна сама да станува откако прооди и сега тоа го прави во сек. Паѓа многу убаво на раце. Но како што рече @FreeMind мора само да усоврши. Без помош. Дали вашите се плашат. Има период мојата се плаши од мече. Некогаш и ние во разговор ќе речеме ете го мечето или не чепкај таму ќе дојди мечето. Но не како закана или сл. Сега епрен се плаши и Ноќески сигурно сонувала нешто во 1 стана до 4 го бркавме мечето. Само во мене збиена седеше. Утрово ги тргнале сите сликовници со мечиња и татко и ја избрка мечката во шумата. Како се справувате со оваа ситуација. Не сакам дете да се плаши или со услов да добивам од неа.
Фала ти многу Инаку син ми е прооден скоро 3 месеци оди стабилно, првиот месец паѓаше ама ги ставаше рачињата пред него, а сега нсмерно оди трча и вика бам паѓа и се смее Цел е модрици по нозе од така шо се траќа Јас си викам не и он ми вика мама не и со прст ме кара и пак продолжува со бам
И на тема чаши,утрово ја вадам некапечкава чаша од машина и гумава деформирана Има начин да се оправи или да си тргнам со време по нова чаша? На самата чаша има знак дека е дозволено да се пере во машина,не знам што се случи @koritsaki @Yowannty @FreeMind @Мариаа. Знам вие дека имате ваква чаша,ги миете ли во машина?
Кај нас имаше момент со плашење од волкот. Во периодот после година кога бегаше за менување пелена,со намера да седи мирен мм една вечер кога со спремав за спиење, со батерија му правеше сенка од волкот. Почна да цифка во моментот а ноќта плачеше многу на неколку пати. Се покајавме сто пати за играта. После некое време сам викаше аууу и ја зимаше батеријата. Сега веќе се пријатели Мое дете нема страв ни од мечка,змија,буба или било што,упорно пипка штекери,отвара шкафчиња,фиоки итн...се плаши само надвор кога се шетаме,и кога не ми дава рака му викам чао мама отиде, цифка и трча по мене.
@FreeMind @Sofi.ja @Presrekna Не сум користела каиш, го доби на поклон и ми текна дека го имам, затоа прашав. А и сам прооде, не ми паднало на памет да го паткам, ем да се веднам ем со неговите килограми, ноy тенкс. Плус лазеше долго време, нели викаат и тоа допринесува за баланс и стабилност... Затоа се прашував зошто еве уште толку паѓа. Он паѓа на раце ама и главата му треска надоле некогаш. Дома скоро и да не паѓа ама надвор не знам што е, дали многу се возбудува. Ништо. Не го оставам на бетонот пред зграда. Гледам многу штотуку проодени ги оставаат и шетаат по улица без проблем, затоа викам да прашам.. Али како и за сѐ друго и за ова не треба да се споредува очигледно, треба да се потсеќам. Фала ви. За плашењето, ми се има случено да се плаши од нови работи, на пример играчка со звук, мече што тропка итн. Обично ги тргам, пробувам по некој ден пак. Можеби и тоа е некоја фаза?
Јас рачно ја мијам, а на упатството пишуваше дека може и во машина да се мие на Нук е нели? Можеш да ја вратиш назад на пластичниот дел?
Ако ја видиш мојата ке добиеш срцев удар, трча а не гледа напред,трча со затворени очи Знае да паѓа ама тоа не значи дека нема модрици, целата е Ке се научи не се грижи. @Larahappy скрос исто гајле и е ако си одам