Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    Аманте не спомнувајте сваки и маалски тетки затоа што ме разболија. Сега око не ми трепнува само игнор. Зошто ти е детето слабо? Зошто не го научи во галама да спие? Зошто не го повиваш, нашите деца прави пушки беа!! Зошто на 16 месеџи носи пелени, еее те мрзи да го учиш на нокшир! Аајде сега второ дете ке имате поинаку ќе го учиш не како првово ! -значи ми се повраќа од вакви коментари кои секојденвно ги добивам :envy:.

    Патем вчера пишав за лупење на кожата, педијатарот ми рече најверојатно е недостиг на витамин а и д. Ми препиша некој масти со витамини. Јас му давам молерс да пие по 1 лажичка, таа ми рече ок е. Какви суплементи користите за Д витамин и А? Се плашам да не не е доволно ова маслово што го давам?
     
    На NNA, *malenavolena*87, koritsaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Витамин Д од молерс сигурно не ти е доволен. Јас давам молерс, и плус 2 капки Пливит Д. 20+ сме
     
    На NNA и NewMama им се допаѓа ова.
  3. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.449
    Допаѓања:
    18.700
    А пред да почнеш со молерс колку вот Д даваше?
    Јас давав 2 капки пливит и 1 бејбитол капсула, сега земав молерс и мислев дека треба по 5мл да му давам заради витаминот д?
    Баш ќе и пишам и на педијатарот...
     
    На NNA и NewMama им се допаѓа ова.
  4. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    @srekice @Sofi.ja давав по две . Но читав во одредената доза на молерс дека има 400 единици(колку што е и препорачливо за здраво дете) па претпоставив дека е доволно. Ова е моја грешка голема се надевам дека ке се надохнадат овие 2 недели. Мн се уплашив сега . Јас давав бејби тол, па педијатарот ми кажа да ги оставам да давам 2 капки од пливит. И на своја рака си земав молерс бидеќи го фалат многу. Ама изгледа грешка направив
     
    Последна измена: 4 февруари 2021
  5. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.927
    Допаѓања:
    18.818
    Пол:
    Женски
    Зошто давате молерс? Гледам голем дел од вас даваат. Заради градинка или?
     
    На NewMama му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    Како давате молерс?
    Ми го плука секој пат.
     
    На NewMama му/ѝ се допаѓа ова.
  7. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Пред тоа давав една капдула витамин Д од babytol, давав Waya со Д3 и плус молерс. Матичната рече ок е така.

    @Мариаа. Во почетокот го пиеше молерсот, а дефендилот го плукашр. Сега пие дефендил, а молерс ми плука. Го ставам во овесните за доручек. Ги правам со банана и док од цеден портокал. Не го осеќа

    @MilaSs12 Молерс е најчист омега3. Одличен е за имунитет, срце, и за развој на мозочето.
     
    На NNA, Sofi.ja, NewMama и 2 други им се допаѓа ова.
  8. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    @MilaSs12 srekice објасна ,од таа причина давам

    @Мариаа. Јас го давам со вкус на зелено јаболко па претпоставувам поради тоа го пие без проблем директ од лажица
     
    На NNA, Мариаа. и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  9. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Нема што да се плашиш. Сега педијатарот ти кажа ли колку плус Д вит да даваш? Инаку егземата е поврзана со Д вит, но не се појавува само од негов недостаток. Како и да е пробај одредено време само со Д.
     
    На NewMama и srekice им се допаѓа ова.
  10. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    Ми кажа дека ако ја пазам дозата доволно е и молерс, но јас ке давам пливит плус лажичка масло. И ми препиша јекодерм една вечер а друга вечер пантенол. Бидеќи биле богати со д и а витамини мастиве посебно јекодерм која е направена од уље од риба... јас така ке пробам сега па ќе видиме. Сабајле ке мачкам биодерма а на вечер тоа.
     
    На srekice и NNA им се допаѓа ова.
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.927
    Допаѓања:
    18.818
    Пол:
    Женски
    18 месец

    Говор: Речникот наеднаш „експлодира“ : почнува да учи и до 12 збора дневно. „НЕ“ е главниот збор. Покажува на сопственото тело или делови од облеката кога ќе го прашаат. Себеси се нарекува по име.
    - Главниот збор е тато. Знае да покаже делови од тело, лице и облека. Знае да каже ЈА и да покаже на него, името не знае да го каже ама се одзива на име. Кога прави беља се прави наудрен и гледа под око.
    Совет: Прашувајќи го едноставни прашања го стимулирате процесот за донесување одлука кај детето.
    - Донесува одлуки, воглавно околу правење беља. Знае да вади и става играчки, работи, ги знае скоро сите предмети. Знае кога ке му кажам да го стави кебето во фиока, а има куп играчки и корпа, фиока, повеќе опции.
    Свест: Го доловува значењето на зборот „СЕГА“
    Го знае значењето на многу именки и глаголи. Значење на нови зборови учи брзо.
    Фини движења: Ги избира плочките според формата и ги става во соодветните отвори. Расклопува поедноставна играчка и ја склопува. Отвора патент.
    - Играчките ги барата целосно. Отвара и затвора патент и соблекува горен дел тренерка.
    Груби движења: Оди со споени нозе. Оди по скали.
    - Оди, трча и се качува по скали, се држи со една рака за ограда. Се качува и спушта од маса стол кревет во сите правци.
    Хранење: Кога се храни веќе без проблем ја погодува устата. Да се одбегнува храна богата со шеќер поради превенција на забен кариес.
    - Се храни без проблем. Користи вилушка без проблем, со лажица не е многу спретен. Уште му паѓа кога ја врти.
    Одбегнува секаква храна, не само чоколади. Ама има и добри денови, како денес.
    Облекување: Покажува кога се водени панталоните. Ужива да ги соблекува чевлите и чорапите и да отвора и затвора патент.
    - Покажува кога е мочкан, кога му се мокри и валкани алиштата. Соблекува патики, чорапи, пробива да ги облече.
    Спиење: Кога е подготвено за спиење носи и покажува играчка која го асоцира на спиењето (мало мече).
    - Кога му се спие, легнува на перница. Ако нема, на земја се постела.
    Свест: Свесно е за причината и последицата, но не и за опасностите при неговите акции. Отвора и затвора врата, но не сфаќа дека ќе ги фати прстите.
    - Свесен е и за причина и за последица, и за опасноста. Еднаш два пати ги фати прстите и сега пази како затвора фиоки, врати.

    Висина: 87 цм
    Тежина: 12 кг
    Број на обувки: 23,5 најк / 25 кеги

    * Развој според Систина
     
    На rainbowmama, marchi-cool, Xanty и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.222
    Допаѓања:
    26.244
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, Нина е година и 3 недели точно. Денес бевме на контрола и едвај качила 8.500, ме убиваат коментарите слабичка е.. не јајт многу, активна е и ни секунд мирна, крвта и е супер ама ете не крева на килажа добри 9 месеци хаха.

    Вчера и денес ме има полудено на чисто, ред има во спиење, на вечер е во 20:30ч најкасно легната ама сношти точно 3 саати без престан плачеше, вриштеше, хистерија ја фаќаше, а и се спиеше ептен. После бањање никогаш проблем не правела, одма ја носев во спална и копче, денес истото се деси, ми заспа на рамо додека качував скали во влез да се смири. Како што кажав денес бевме на контрола и освен запче горе кец што вади, се беше како што треба. Првите три запчиња ги извади без проблем, па зар е можно заради болка да е толку осетлива? Луѓе, вакво трескање од земја пред спиење немам видено.. страшно изгледаше.
     
    На Cherry333, NNA, NewMama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    честит роденден (со задоцнување) здрава жива среќна весела.... :party:

    Јас дојдов да споделам мака. :( јадеме како врапче. Цел ден да се поткаснувало. Јас онака не можам да се најадам. Наутро цицање 5-6 пати каснува овошје после еден сат пак после еден сат пак.... Нудам оброк џабе,ретко ако го распрета и пола касне. Ручек јаде фала богу се што ќе му се понуди ама пак мислам количински недоволно. После некој саат два зеленчук салата. И така до легнување си јаде. Многу пати по малку. Дали е тоа нормално?
     
    На NNA, NewMama, FreeMind и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Битно јаде. Да е гладен, ќе неможе да го смируш. Твојот јаде мајка. Не се секирај. Тоа што го наброја, не е ич. И ти не јадеш секогаш исто.
    Јас сум оперирана од нејадачот мој. Колку јаде, толку. Што сака, тоа.

    Денес изеде и пола крем банана замислете. Не ми се веруваше дека јадеше благо.
     
    На marchi-cool, Septemvri, NNA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.449
    Допаѓања:
    18.700
    Јас ептен видов мака кога пробиваа горните кецови,така да можно е да и било тешко од запчето
     
    На Septemvri, Bubish26 и NewMama им се допаѓа ова.
  16. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски
    На малата пред 5 мин и ги сечев ноктите, и забележав на палецот на ножето,малце задебелено и жолто на крајот. Ако знае некој што може да биде нека пише .
     
  17. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    Исто е и кај нас ,на двете стапалца но на малото прсте крајчето на ноктот е такво. Можеби се набива ,баш не прашав тоа на педијатар ,пон треба пак да де чујам ќе прашам
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    Мајки кога им дадовте урми и какао на дечињата
    Имам еден рец за здрав пудинг ама уште не сум дала тие работи
    Инаку моја беба секој ден се поумна се повеке сваќа како мал сунгер ми е :)
    Најново е за се што не е по ќеф се урла ама па ке и дадеш нешто друго и се смирува оди од 0 до 100тка и обратно со тонот за секунда :)
    Пробува и да оди ама уште се плаши да се пушти
    Сега сме на фазата држење само со една рака за седмосед и одење напред не на страна :)
    А се качува горе на седмосед сама од вчера гледам научила и да се симнува
    Абе што да ви зборам си знаете мајкички топење ми е :*
    Изгледа има и фаза веке премин од 2 во 1 дремка пошто неколку дена првата дремка што и беше 1 ишол саат од 11 до 12 и 30 ми ја забушава (после 15 20 мин се буди свежа како цитрон) а втората дремка одамна и е накај 16 и 30 и максимум 40 мин
    Ама незз како да го направам тој премин кога ја гледам накај 10 и 30 веке и паѓа завеса на очите и станува кенкава и се валка
    И да уште за дневни дремки само цицање.... Незнам до кога ова (веројатно додека јас не речам стоп)
    Навечер заспива после цицање ставена на меше во кревет пеејки си ама преку ден урла ако не и дадам да цица за да заспие
    Се изнапишав :)
     
    На srekice, koritsaki, NNA и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски
    Кога навечер ќе почне да седи до покасно, и кога ќе почне да се буни и да не сака да спие за време на втората дремка, тогаш треба да и ја тргнеш.
     
    На srekice, NNA и *malenavolena*87 им се допаѓа ова.
  20. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.885
    Допаѓања:
    10.402
    Маjки jа приметив малата кoга движи и бoса да е знае да гo вoвлече деснoтo нoџе навнатре? Баш се загрижив...секакo сме на oртoпед закажав нo мислење? :^)