@MilaSs12 мислам дека со тебе зборев за малтофер? Како даваше по ред со вит Ц? Док ми кажа дека малтофер треба после јадење а нели вит Ц е пола саат порано? Зар на глафно вит Ц да давам?
не е тоа јадење тоа е поткаснување очекувам оброк да јаде количински барем на оброк да личи. Јас кога бев на диета така ко него јадев. Туку да прашам искуство некој да сподели со излегувањето на тројките? Не знам што е работата ама 2 вечери ги поминав во пцуење мајче и шајче. Ни сум заспала ни сум станала. Виси на цицка поголем дел од ноќта. Не може убаво да се намести немирно спие кемка цивка.... Не му е ништо да речам дека има некоја здравствена мака....
Синко ништо не јадеше па се гладен беше. Давам вит ц и за 15 минути малтофер. Пола сат по јадење негде гледај да даваш.
@srekice навечер бара да пие вода твојата, јас не нудам а се обидувам да намалам со доење. Денски до сега сме на два подоја, навечер ми е потешко. Одиме понатаму, кај и да е за неколку месеци ке го одбијам
Исто е и кај нас ама на малите прстиња. Мене ноктите на малите прсти исти такви ми растат здебелени, мислев како мене се метнал малиов, ама еве кај повеќе деца го има тоа. Кога гуглав што е тоа жолтото, ми даваше габична инфекција дека е..
Да,габична инфекција , но како кај толку мали деца .. се чудам, мојот бос не оди. Алиштата му ги перам посебно само негови...
Мајки како да го научам дека треба да јади покрупно пасирано и парчиња,никако не сака ми ја плука храната само каши сака да јади...?
Давај му сам да јаде Нешто што му е вкусно, нам доручекот ни е или овес или просо со рендано или пасирано овошје тоа го јаде со лажица ама не е блендирано бар Ручек ако има месо блендирам (сум пробала месо да и дадам така го проџвакува и плука) а ако е манџа без месо се цели парчиња само поситни за да може она да ги јаде и вечера сега почнав да и давам лепче со козјо к млеко и тоа сама си зема си пика Исто банана и давам да гризе и пример во кашите брусницата не и менувам облик а слива сува е само сецкана и сл Зависи што јаде
И јас истото го прочитав, и пратив слика на докторката, ги виде и рече може удрено да е,да почекаме и да видиме. А јас па според мене мислам оти недостаток на витамини има..ама шо знам ја
Нема врска тоа мислам. Габична инфекција на нокти (може грешам, немам таква мака) се јавува во влажна средина, на испотени нозе. И мојов бос не оди, исто посебно му се пере сѐ. Чорапи неколку пати на ден му менувам, му се потат него ноџињата..
Мојата пие многу вода. Шише од 250 мл и стои на кревет. Кога е жедна сама станува. Веќе се средува работата. И сама презаспива ако се разбуди. Многу ме мачи последниот подој. По се изгледа ќе цица до 18 години. Мм се согласи со мене
Женски , путер од кикирики и други јаткасти плодови давате ли? Моево има 16+ и не знам дали да и дадам. Имам еден путер од кикирики го купив за мене без шеќер и сол е и нема палмино масло баш 100% природен ама не верувам дека ќе и се допадне. Како да и го давам? Веќе не знам што да и давамз а јадење. Се вртиме во круг те едно па исто. За ручек не ми е проблем што јадеме ние тоа и таа јаде , ама за вечера и доручек ми е. Јадеме млеко со бисквити, тие кремите , кисело млеко , јајце , јајце со лебче пржено , зденки , кашкавали.. мармалади не сака , овошје слабо освен банана другово се го игра , суви сливи јаде.Па викав нешто такво да и воведам , само како би ги јадела. Оваа возраст децава ваши се фрлаат ли уште наназад кога се нервозни. Прееска не и дадов да си игра со патиките од татко и , среќа што беше тепихот инаку отиде главата. Па тоаи беше малку се сврти со предната страна удри и ја раскрвари устата од внатре
Јас мислев дамо јас сум со дете што се фрла наназад а нешто не е по кеф се фрла срека до сега се е или на кревет дур е тоа или на тепих А за јадење и јас мислам дека се вртам во круг Јаде за јадење не е некој прејадач ама како за речиси 13 м задоволна сум..... Ама идеи слабо Еве сега варам батак и незнам како да го подметнам за да сум сигурна дека ке го изеде пошто пилешко не ми сака (а ова е од домашно пиле)
Слободно давај. Јас му давам од12+ со банана му мацкам или во мус или чиа пудинг син ми го обожава. За фрлање се фрламе инсе трескаме со глава наназаднод се од прозор комода врата било што мене коса ми се крева. Најново е ќе скока од кревет оди намерно до крај се ежам ... Мармалад исто не сака од ништо летото се изнаправив од се и сешто за џабе. Еве 2 недели ништо не јаде или ако касне тоа е леб само леб без ништо изгледа ќе е запче некое. Ад си пие оред легнување и сабајле пробав и денски да вметнам зошто не јаде ништо, не сака пие 60-70мл фрла шише вика мама не не. Ние сме за неколку дена 16м
Давај слободно, можеш како што кажа адамс со бананата ,можеш да и правиш бомбици. Ние сме исто 16 + давам се од јаткасти и путер и се што би јадел. Пред некој ден дадов и печурки. За јадењето сме исти за ручек тоа што јадеме ние,а за вечера и доручек исто та исто само што ние јадиме и мармалад. За дрецкањето и за најмала работа да му кажам не, се спушта на земја плачи и се тркала или доаѓа да ме каса се надевам за брзо ке завршат овие изливи на емоции
Можеш, од 12 + се даваат.Само еден совет, прво дај и едно лажиче за проба, случајно не дај боже да не испадне алергична. Кај мене големото е алергично. Дури сега пред неполн месец се осудив да и дадам, ораси, лешници, бадеми, готово веќе на нив не е алергична, сега се спремам кикиритки да и дадам.На нив беше најмногу.
Туку да ве прашам едно банално прашање, дали вашите деца шлапкаат кога јадат? Поголемово не шлапка, ама малово шлапка. Ми е страв така да не остане, или се учи тоа а ?
Мojата легнува на земjа и си удира главата и ме гледа дали реагирам. Педиjатарoт ми кажа да игнoрирам. Интереснo ми е штo иде пoлека накаj пoдoт и нежнo удира значи и фаќа мoзoчетo. Предлoг дoручек тoст сo путер и кашкавал. Се учи, баш пoмнам пoмала брацучетка на секoе jадење jа oпoменував и се искoрени таа навика. Мoетo не шлапка ама jа мислев пoкаснo пoчнуваат.