Путер од кикирики давам од пред година. Прво дај многу малку, можеш и да го раствориш со мааалку вода зашто е густ, леплив. Јас го додавам во овесна каша, на леб, некогаш ставам малку во некој сос за шпагети итн.
Јас по мое лично искуство знам дека алергијата на полен, мед и јагоди ја надминав негде после 8 годинишна возраст.
После една година дадов. На година и пол, кај моите на гости беа со сопругот. Јас штотуку породена, и дала мајка ми торта, а врз неа ситно сецкани кикиритки. За неполн саат беше цела со брунки. После ја пробав одма и на други јаткасти плодови, покажа и на нив ама многу помалку. И еве сега, после една година и дадов, не појави ништо. Се спремам сега психички за кикиритки да дадам, оти ми е страв.
На полен кај мене е уште, никогаш не ја надминав. А додека на млеко да ама незнам на која возраст. Значи на 2ипол години некаде веќе немаше реакција од јатки. За кикиритки и мене ми е страв искрено.
Моево е на путер од кикирики алергично @koritsaki летото мислам прв пат лизна од лајче беше 18 месеци негде и беше одма црвен околу уста, потоа и егземи по тело му се јавија, сега страв ми е да му дадам. Иначе и од смоки стоби флипс исто така се правеше црвен околу уста и пред годината, не му давав од ко сетив дека од нив е. Кикиритка цела немам даено. Лешник, бадем, орев, индиски орев има пробано нема од нив.
Кај мене изреагира на лешник пред неколку месеци, сега пак и дадов нема никаква реакција. Ама менуваат така да многу внимателно со давање јаткасти особено кикиритки, бадем и лешник.
Ви благодарам на сите за советите околу јаткастите плодови. Вчера и дадов да лизне од путерот од кикирики, немаше реакција Туку ние уште мака мачиме со какањето. Кака на секои 1-2 дена со жива мака, каката и е многу тврда многу мака ми беше кога видов дека и крвче светло и истече на крај.. Банана со денови не сум и дала, вода пие многу, ете и млеко почнав да и давам да пие. И скратив леб. Денес нема да и дадам. Вчера се обидуваше да се искака дури се грчи, се поти околу главата. Се јавив на педијатарот ми рече прашаков од сликата да и го давам. Ама грозно мириса и само што го стави во уста го плукна. Може ли со нешто др да го мешам? Прееска го поделив во 30мл вода и со шприц и го давав , живи муки, и ја затворав устата да голтне, па се давеше од што липаше па плачки уффф... после другиот дел ќе и го дадам. ова веќе месец трае и не збам што навистина е проблемот дури страв ме фаќа
Слива, jабoлкo, тиква мojата ептен jа oлеснува. Вари и кoмпoт oд слива, чаjче на babylove истo и пoмага.
Да , јаде суви сливи и круша ете денес и дадов сабајлево и киви.. па ајде да видиме плус со прашоков како ќе е да , може и чајче да и правам , тоа не ми текнало
Здраво мамички, за првпат пишам во оваа група после 12 месеци ) Ние сме 14+ и имаме проблем со спиењето, спие најмногу со уклучен фен повеќето спиеме преку цела ноќ со фенот само за да поспиеме.. заспива само во креветче, а потоа се буди на секое ако не е фенот ништо не правиме и многу е приврзан за шишенцето... цуцла не цуца ами шишето го цуца како да му е цуцла само навечер тоа кога се буди.. не е гладен за тоа.. не знам како да го решам да си спие нормално дали е такво детето или.. имате ли сл. проблем? Имајте убав ден
Течење нос, нејадење и кенкавост до лудило се да препишам на тројки? Се лигави како бебе. Се поклопи се' со тргнување во градинка, не знам што е што веќе.
@koritsaki се мислев деновиве да давам и сега страв ме фати. @lackygirl исто од Стоби флипс, пред некој ден дадов прв пат, мислам сама си зема и за секунда околу уста црвенило. По три блузи менував во денот од лиги, преку цуцла течеа. Кенкавост,плачки, будење на секое единствено кога ги вадеше тројките јадеше за другите заби јок
Јас го давам овој прашок, баш деновиве имаше запек. Во 50 60 мл вода и го пие без проблем. Пробав и јас нема никаков вкус. Дури и интересно му е што гледа како го ставам во шише, едвај чека да го испие.
Help околу чевли чизми пак. Земам на попуст некои работи за синко, мм и мене па гледам чизми за бебуш. Колку броеви во една година надраснуваат. 2-3? Адидас како на сликата сакам да и земам. Сега носи патики Адидас 20 со простор напред. Дали 23 ќе се доволно за наредна сезона? @FreeMind , @BabyT* @srekice @lackygirl @duffi @TeddyGrey ,@paleska3 ...знам околу пола година сте пред нас ако не утнав некоја. @koritsaki и водата од слива варена помага многу. И кашичката од Круша на хип. Јас од што кака 3-4 пати на ден не и ја давам а многу ја сака. Ако дадам револуција до 6-7 полни пелени со кака
Здраво и добре ни дојде. Ние имавме таков период ама кога бевме 5-6 месеци. Симнав апликација white noise, и ја пуштав нејзе. Има звуци на фен, на дожд, на правосмукалка.. но секогаш ја пуштав со колебање ,незнам колку се добри тие звуци иако кога истражував пишува дека не се опасни. Мислам дека голем ти е бебчо ,можеш да најдеш и др решение. Пробај песнички приспивни има на ју тјуб класични само мелодија. Или пробај нека спие на тебе, можеби му треба сигурност. И исто така увери се дека нема некоја мака. Најверојатно му е период @koritsaki нас најмн ни помага компот од слива. Или купи сок има од цедена слива уште поубаво.