Ние спиевме до 14 месеци со фен Со вистински ја успивав, после со white noise. И кога ме искара матичната, во ист ден прекинав. Поише моја психа го бараше фенот. Дете не ни примети дека го нема
Мами даа прашам за мислење Ќерка ми е 22м од пред два месеци ја откажа дневната дремка и го смени распоредот на спиење. Сега заспива околу 21:30ч а станува кај 8ч. На почеток без дремката спиеше од 21 до 10 а сега еве и тоа го намали.И се фаќаат максимум 11часа сон, дали е доволно за возраста..? Фала вии
Кризира и те како, али во никој случај не заспива. Ја фаќа криза и тоа неколку пати, плачки, крај не и се најдува, се попрпелува тро па претежно тогаш гледам да пуштам цртани да одмори.И јас дека мала сакав да преспива и друго е ќе одмори ама не, се обидував до последно ама цел саат лежевме се мачевме и двете и на крај пак немаше да заспија
Фала ти, Тоа ми беше важно да и се доволно саатите. Инаку и јас мислев дека е период ама еве скоро два месеци трае, се надевам дека летово ќе се изморува поќе па ќе ја врати дремката.Вака барем на вечер е капната и ми заспива полесно и порано инаку се заспивавме со саати од 22и30 до 11и30 или полноќ ќе не фатеше
Жени каде ги носите децата на шишање, пошто Мали Ѕвезди закажуваат термини посебни за деца што плачат и не плачат и многу се чека... Од Центар до Ѓорче ако знаете, пишете.
Имаш регресија во спиење на две години. Читни на нет. Можеби ја фатила порано. Викаат многу била полоша од онас на 18 месеци. Мала е да нема дремка.
Болно било малото или? Јас гледам само хемоглобин пошто од тоа имам уплав, океј е. Кога испитуваме крв контролно, а бели крвни, лимфоцити му се покачени, а е здрав, само ми викаат изгледа е болежлив а? Често се разболува? (Врска нема) Така што... ако е рутинска проверка мислам дека е океј? Ич не ти помогнав ама гледам никој не ти одговорил..
Не беше болна, ни кашлање, ни кивање,ни нос, имаше инфекција на препони. Ваљда од тоа беше. Крв ради МРП отидов да и земат. Фала на одговорот, ми помогна и тоа многу, не било само кај моето со покачени,а да не нема ништо Се консултирав со многу. Фала уште еднаш @rainbowmama
Знам дека секое детенце е различно, ама има ли некоја мајка кај што детето извадило прво 4 пред 2ки? Доле само кецови има, а 4ките му се готови да излезат, двојкиве абер нема
И на ќерка ми така и излегоа. Не е по книга тој редослед, ама не е ништо страшно. Проблемот со двојките е што има деца што скроз ги немаат, иако тоа почесто кај трајните заби се случува. Бидејќи тоа работам, прво таму паметот ми отиде, ама за кратко време искочија двојките и се си се нареди како што треба.
Да ,кај нас, горе има двојки и четворки во раст, а долу само кецови и четворки веќе излезени штрбавчиња Патем имав пишано пред недела дена за лупење односно перутење на кожата на стомаче ,грб и раменици. Да споделам дека ни помина со наизменично мачкање со еден ден пантенол, еден ден јекодерм. И додадов во доза на молерс уште по 2 капки д3 пливит, значи најверојатно до витамините било.
И кај синко прво двојки па кецови горе. Сега ги има сите освен 5ки и нема никаков проблем. Реално, не може ништо да смениш, ни да влијаеш.
Какво кремче користите за во ладново време за да немаат децата суви обравчина? Се мислам меѓу mustela и weleda ве молам мислење
10 скок почна кај нас. У исто време му растат 4ки, долна 2ка и како да ми зирка некоја 3ка. Со месеци немаше ново забче и бааааам! Од како ќе стане од спиење дур не заспие се нешто приплакува, се буни, се фрла На раб на нервен слом сум.