да да навистина кака. Ама има и случаи каде кака а не кажува. Знам за нокшир препорачуваат да е во летен т.е топол период јас би почекала до тогаш. Сега како што е наоблечен во ладново додека го соблечам ништо нема да биде од какање во нокшир. и јас мислам дека веќе има осет ама додека го соблечам сега во ладново.... Да видам да почекам бар уште еден месец.... Ама од друга страна па ако и покрај осетот му дозволам да си кака во памперс може ќе мисли дека треба во памперс па нема да седне на нокшир. моето 18 месеци ни шише но бутур,со сламка само пие. Има шишиња пластични со сламка па сакам такви да му земам. и свекор ми за првото дете ми викаше детево ти има аутизам. Тоа затоа што ко ќе му се довикнеше не реагираше понекогаш, покасно зазборе играше само, играше него што го интересира не соработуваше секогаш.... Сега еве го живец црвец не застанува не заќутува.... Не земајте здраво за готово се што ќе прочитате. Децата со аутизам имаат и напади. Има звуци кои им пречат па реагираат во вид на паничен напад има луѓе кои им пречат не го сакаат често се приврзани за некоја особа што ја сакаат....
Fala vi mi olesna nekako od snosti koga pisav tuka mi vratia nekolku zenicki i fala vi na site srcki ste
Моето е 25 месеци и уште не спие на перница. Кога го прашав ортопедот дали да го ставам на перница,а синко имаше 22 месеци,ми рече да му ставам кога он сам ќе побара или кога ќе почне да легнува на нашите перници,ситуација како твоето што прави. Засега моето уште не бара. Мислам дека твоето бара и треба да спие на перница,а каква немам искуство сеуште.
Иста бев и јас од пред 6,7 месеци и само ќе ти кажам ЗАТВАРАЈ ИНТЕРНЕТ И НЕ ЧИТАЈ ВЕЌЕ НИШТО ОКОЛУ ТАА ТЕМА!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Детето ти е СУПЕР!!!
Многу е вкусно, мојот син го обожава па речиси секој ден ставам во каши. Го спремам исто како и друг зеленчук, на пареа 20 мин. Се борам како со мече, лудница, па се препотувам, па викам, па играчки и триста чуда и ништо не помага не е само твоето Ми наполни бебе една година, не ми се верува како ми летна време. Најубава година
Од кога почнаа вашите дечиња да имаат само една дремка ? Ова второво на 1 год и 2 недели ( од вчера) ја скрати втората дремка. Искрено, очекував 1 год и 2 - 3 месеца. Арно ама порано ја скрати. Вчера издржа, и си легна во 9 и нешто вечерта.
@Dikinzi можно е денот да се погодил таков. Син ми на година и 4 месеци се префрли на една дремка,забележав и денот му е поубав и на време секогаш си легнува, баш од кога префрли на една дремка фати ред за спиење. @MilaSs12 за перница приметив уште пред неколку месеци баш и тука пишав доаѓаше на мојата перница. Земав секакви од анатомски,до обични,мемори пена за негова возраст но тој пак ида на мојата. И купив и за мене и за него ниска мемори мека од дормео. Па така спиеме, пола вечер ја преспива на неговата пола заедно со мене на мојата, а исти се перниците
Даа, боровинки кака иначе мене тој феномен од цицање да кака тоа ја што сум јадела не знам.. додека бевме само на доење ако јадев салата она парчиња салата какаше
@Dikinzi Нина не прифати ни едно шише освен тоа со сламка, има за 9+ и 12+. Иначе за дремките, пред година исфрли сама една дремка, од 11 и пол до кај 14ч спиеше и после не, сега на 13 месеци си се врати пак на 2 дремки.
Не знае од цефче да пие, не знаеше од ништо, еве ја се научи скоро Море нејќев да ми ја скрати оваа дремка, ама ако се осеќа спремна може и поарно, порано ќе легнува
Мојата перница е доста висока, не е за него. Перницата што оди сп гарнитура е ниска, таа ја брка, ама јас сакам нова да му земам.
Ѕирни ги на Limes перниците. Другарки такви користат. Андреа несака оерница, а се качува и преспива на нашите. И јас и мм имаме дормео перници.Двете се различни. На мм е онаква џамбо баш, ама она дреме саат-два само. Мислам дека се мали уште за перница. Иако мојава има врат како жирафа може комотно да се намести Еве: https://limes.mk/pernici/
Моево дека спие со мене во кревет, ако се дочепа до мојата перница обавезно си легнува и дремнува некое време, ама изгледа дека му е удобно. Одамна ова го прави, од кај 8-9 месеци сигурно. Не размислувам уште за купување перница. Скоро 14 мес е.