Кога ке го ставам ноќе до мене, обавезно се качува на перница и така спие. Јас го спуштам, тој се качува. А во креветче нема ништо, па спие без. Синко спие подолго време на перница, јас го спуштам, ама се качува, значи удобно му е. Синко скоро 19.
А во креветче спие мирно? Мојава сеуште акробации прави и се траска на сите страни, па перница би било џабе. А кога лежи со мене, обавезно се пентари на мојата перница, ама не ја става само главата туку целата легнува на перница, па не го сметам тоа дека стасала до перница...што знам. Кога почнуваат мирно да спијат?
Во креветче не спие мирно, затоа сум во голема дилема. Кога е до мене, обавезно се качува на перница и така спие. За нијанса помирно спие до мене отколку во креветче. Синко баш само главата ја става на перница, како возрасен. Еве сега спие мирно, не бара перница. Во креветче не би можела да го ставам со перница, мисла ке ми е.
Исто скроз.. еве ваква имаме и јас и тој ,со што средниот дел го иставив за да биде пониска и помека. Но веќе не го редам во креветче баш ради што и јас сум во мисла, спие секоја вечер со мене. https://www.dormeo.com.mk/dormeo-memosan-anatomska-troslojna-pernica-v2
Ти ја пратила членката. Јас и имам ставено сега два дела, на три и е високо, на една ниско. Заспива на неа и после се спушта сама на рамно.
@MilaSs12 мојот на оваа од детските дормео спие само го извадив пола полнење. https://www.dormeo.com.mk/dormeo-lan-klasicna-pernica
Stvarno mnogu mi olesna od koga pisav tuka i nekolku zenicki mi pisaa inaku bev poludena imav na um da baram psiholog veke za mene zatoa sto plus sum bremena me ceka da bidam majka na drugo dete a jas se nerviram od internet nema da bidam sposobna da go gledam nego nonstop placev stanav opsednata so kerka mi sekoj cekor i go sledev bukvalno so site doma se karav za deteto..
И мене ме интересира Мидлам дека моментално кѕпување перница ке е џабе со оглед на тоа што дпие сегде само не таму кај што треба да има перница
Ја нема на залиха, ама сепак фала, ке ја побарам во продавница. Фала, ке ги погледнам и оваа и таа на лимес.
ко ќе пораснат не знам дали да плачам или да се смеам ама за жал така е. Првото дете вистина цела ноќ спиеше од старт ама имаше разни периоди на немирно спиење тоа некаде од пред година до близу 2рата година па едно време стануваше навечер и ќе си седне и така си седи долго време буден. Тоа околу 2 години беше. После 2 ипол Год следеше период на вриштење во сон. Негде после 1 - 2 по полноќ се мрда и прета и ќе плаче не знам ни како да го објаснам тоа. Значи спие не реагира да го смирам. Тоа некаде до 3тата година. После тоа и од цуцла го откажав и се баталив веќе ми беше смачено искрено и веќе од 3тага година помирно спиеше. Сега само се надевам дека нема да минам низ истото ама ипак со второво има повеќе непреспиени ноќи Луѓе моево дете во 90% од активностите работи со лева рака. Чкртање шарање јадење.... Претежно е со лева рака ептен ретко да ја употреби десната како доминантна. Значи ли тоа дека (ќе) е левичар или уште е рано за тоа?
Имам читано дека до 3 год исто работат со двете раце, дека после 3 год се гледа дали е левичар или десничар, зависи која хемисфера е повеќе развиена во мозокот, секако не е битно
@marchi-cool истото го заприметив кај моето. Ја користи и десната ,со двете има одлична моторика но често ,еве ако си чкртча на лист,ќе почне со десна и си ја префрла боичката во левата рака. Парички во каса со лева реди, моливи со лева реди. Лажицата ја мавта и во десна но кога ја реди во уста со левата го прави тоа. И баш се запрашав и јас. Свекрва ми па, упорно му реди во десната предмети,као страшно ако е левичар и ја опоменав уште еднаш да не видам да ми форсира дете
Здраво женски, ние се доиме веќе скоро 14 месеци без никаков проблем, напротив уживаме уште и двете иако за брзо планирам одвикнување.. па тогаш ќе барам совети како да се изведи тоа. Нина до годината едвај имаше еден оброк, па затоа според препорака од педијатар ја доев од сам старт по захтев и како бебе кое слабо напредуваше, ми велеше никако одвикнување. Еве веќе месец дена и фазла можит, си јаде еден цел оброк обавезно, некогаш и два.. мхм 14 медеци ама толку малце јаде и ми се крева коса уште ама тоа е. Последниве два дена ме боли ненормално левата града на допир, посебно кога цица, како да ме претепал некој. Вечерва кренав и температура, омалаксаност и трески. Не сакам одма да препишам Корона. Пошо на почеток знаеше да ми се наполни градата и да ме здоболи, поминуваше кога ќе се испразнеше, сега не ја осеќам полна, иако знаело да не станува ноќе многу за цицање, па да се стврни ама сабајле после цицање како нова. Па ме интересира дали е можно да е маститис, барам совет како да ја ублажам болкава ако е тоа.. мора ли да е тврда градата за да дојде до преполнување и згрудчување на млекото?
Не сум стручна ама двапати поминав мастит, карактеристично беше појавата на црвена вџашена како мапа на одреден дел од градата. И ужасно жежење. Ако имаш со кој, консултирај се. Со помин и нека си цица од критичната града најнормално
Од утре 18 месеци. Сеуште цица и тоа интензивно. 3 мастити имам поминато. Два со тем до 39.5, па завршив со антибиотици, а третиот полесно, само со болна града. Веќе е големо бебе ставај ја на таа града прво, ќе исцица. Туширање со наизменично ладна и топла вода, јас ставав листови зелка. Имав оток и црвенило. И се измолзував ноќе кога не стануваше, но мојата тогаш беше мало бебе.Консултација со Др обавезно. Со помин.
Како што и објаснувате изгледа и јас имам поминато мастит :/ Само сум малку коњ и и покрај болки терам даље @Bubish26 би додала и немој да се измолзуваш на советите погоре Инаку за оние чии дечиња јадат козјо к.млеко Кораб Трница го имате во стокомак под име МИЛКОНА (ова е инфо од вработени таму) за доста поефтина ценс и секогаш попресно отколку во другите маркети 27 ден е а во пбичен маркет од 34 нагоре