Не се плаши за вакцините. За леукоцитите и сама спомна дека бил поднастинат пред некое време нормално е. И плус на граница му се не се тоа којзнае колку покачени. Плус деца, се менуваат. Битно е да те разбира да има контакт со детето ,да е присутно. Не си прави стресови безпотребни затоа што било мирно
Ти зезај се ама ја миле паника бев. Испаничив зашо у прв момент коа се удри немаше ништо и после ми се виде ко дупче у подуеното и истрипав да не го каснало нешо. Цел филм. ‘Дупчето’ да ти било гребаница од работ кај што се удрил
Тантруми на најјако. Зошто не давам да јаде лосион за тело. Зошто не му давам кафето од фрижидер да го растури. Зошто не му давам да седи на тераса без јакна. Само кога се шета е се во ред. Среќа се оправи времето па 2 пати дневно е надвор.
@FreeMind жено, за секоја пофалба си! Не е ова "лижење" кај нас како што го велат, едноставно ти се восхитувам. Отворам една тема, убаво скоцкани одговори од тебе, ок. Отворам друга тема да читам, па гледам имаш пишувано, итн итн. Се разбораш во поќе области, дете гледаш, ручек, форум и не знам таму што ти уште не. Да не должам многу, прашање ми е Како постигнуваш се? Како ги знаеш сите тие информации? Како си толку посветена дома, надвор, социјални мрежи? Вака јавно ти пишав, а не во ЛП, оти сигурно и другите членки ги интересира твојот одговор. За мене онака баш би бил мотивација. Па со душа чекам да го прочитам
Драга Македонка, драги феминки, драги посетители, пред се ти благодарам на убавите зборови кои го величат мојот лик и дело на еден ваков престижен форум како што е Фемина. Јас сум мајка, жена, кралица. Или да не бидам толку скромна јас сум жена за сВе. Се раѓам еднаш на 100 години и баш во Македонија сум се родила. Под среќна ѕвезда секако. Мојот префинет хумор потекнува од пелени најголем процент ми е наследен, а помалиот процент ми е избрусен на форуми каде циркулирам повеќе од 15 години само нешто сум омекната со годините. Моите интереси се здрава фамилија и поколенија во последните 2,5 год колку што сум на фемина. Се појавувам исклучиво на темите актуелни за моето дете и веќе “одраснати”. Поинт оф интерес ми се сега тодлер темперамент и техники на воспитувања. Порано повеќе зборев за политика, ноќен живот и секс. Ама се замина у курац. Како дел од моето форумско делување допринесе и карантинскиот период од 1,5 г на корона. Ми ги изостри сетилата и сега сум уште побрза од претходно. Можам цела куќа да средам од 8-12 со се тоалети, со се ужини направени, куче прошетано, ручек во подготовки, машина спружена и остали возбудливи активности по дома. За се тоа сум и благодарна на короната, без неа немаше да бидам толку добра во тоа што го работам. Она што го знам го пишувам, она што не го знам не ни почнувам. Така си држам некоја “линија” и затоа паметно делувам иако не сум до толку. Порано попаметна бев сега некако отупев. Да си ја задржам скромноста до крај и да се одјавам. Со почит, Александра
Јас дадов и на 13 ама не беше заинтересиран, па дадов на 16 и си шкртка на листови интересно му е ,само да не му дојде идеа на ѕид како на моето секако без надзор не ,заедно со тебе
Под надзор нормално уште пред годинка сега е 16м давам и мрсни и водени, шлакарници е целата и најсреќна. Во хранилка седната и шлака црта ама никогаш не ставала во уста.
ми се свиѓаш. Може да се дружиме?? абе луѓе @Presrekna @Yowannty @Мариаа. .... Каде сте? Или вас ве има а мене ме нема?? Да прашам децава кога почнуваат поасално да зборат? Со кажување зборчиња не се разбираме не сериозно. 18 месеци сме и освен зборче не кажува ништо друго. Јас очекував барем да почнува да сврзе два збора. Или многу барам?
Ај кажи им дека имаш cleaning lady, готвач, дадилка, dog walker и персонален менаџер кој уствари пишува на форумов. @*malenavolena*87 мојов сеа скоро на 17 месеци почна да чкрта. Цела дома ми е графити по ѕидови.
Дали некоја има трицикл? 14 м скоро сме дали ке видиме полза пошто во количка веке мн кратко седи мирна и сака да се исправи да стане
Со трициклот потешко дека ќе седи, јас лани цела година во количка го возев, со трициклот ги пушташе нозете долу и ги влечеше на пат, ама еве па годинава (2 год и 2 месеци) седи во трициклот. Моето е мрза нејќи да оди пеш.
Немаше бебитол капки со Д3, мажот ми земал Пливит. Како оди дозирањето ? Знам дека педијатар одредува, ама ме интересира колку е нормативот на дозирање.