@Yowannty кога ќе почне да разбира повеќе ќе почне да се срами. Ама и не мора да значи , до детето си е @Мариаа. рака големата ќерка не ни даваше никогаш. Кога порасна таму , 4-5 години кога беше почна. До тогаш трчаше како куче пуштено од ланец по улица , кога ќе се сетам мајка ми не можеше да ја стаса и само и викаше се чудевме кога ќе видиме деца мирни кротки си се држат за раче и си одат , нашето немаше шанса такво нешто. Кај нас ништо посебно инаку , кажува некои плус нови зборчиња (јакна -џа џа , за бубамара и банана вика баба и др.) , понекогаш нешто кажува ама неразбирливо последно се мислиме со мм да ја запишеме преку едни програми тука што ги има во Грција од ЕУ во градинка , ама малку чудни се работите тука. Јас планирам летово да ја учам да мочка и кака во нокшир , е сега ако ја примат , во септември 2 ќе полни и ќе ја примат на таа возраст во јасли кај бебињата (од 8 до 2,5 години се заедно). Работата е ако успее да научи дали тие ќе се нафатат да соработуваат со неа или ќе си имам проблем. тоа треба да се распрашаме..
Колку ми се слатки мене тие точачиња, едвај чекам да стаса до таму. Е како не е мрза дома, не застанува ни кога спие. Надвор со цела опрема сме. 2 топки, мала и голема, пиштол за балончиња и едно друго за големи балони што прави на мафтање. И земав последно и тркалце да го турка надвор, ама ич не ја занима тоа. Уживаше со балончињата долго време, и со топките де едната де другата, ама последно време се и е мех. Ми остана уште да и земам мрежичка за ловење пеперутки, по совет од невропедијатар. Може тоа ќе ја интересира.
@koritsaki какви се тие програми? Јас овде имам двојазична градинка, на грчки и англиски е, 3+ е, а нема шанси до 3 години дома да ја чувам. Само сега со пандемијава е малце комплицирано, ама ќе гледам да ја протнам негде.
Па на нет читав стои дека е 18+, ама мојава не гледа пред себе, оди ко да го ослободила градов, не верувам дека може да балансира. Ќе споделиш искуство, ја имам намерачено еден уште пред месеци.
Во претходната градинка три пати неделно ги шетаа за рака фатени до бауернхоф (штали со животни). И благодарение на тој принцип секогаш не држеше за рака. Сега во оваа градинка нигде не ги шетаат. Убаво што спомена утре ќе ги прашам зошто не ги шетаат (иако е централна градинка помеѓу згради мора да си најдат решение. Тоа е дел од педагогија). Сега само двајцата не држи за да ја креваме во вис за раце. Иначе како арамбаша оди ни рака ни бутур. Вака така ќе си ја барам старата градинка. Таму многу работи научи овде некако ми назадува. Време е за трета очигледно.
Тие (ако воопшто те интересираат препораки) не спаѓаат во препорачани баланс точаци. Овој е почетен баланс точак за мали деца од две. Погледни кај нозете како е. Тука треба да ги стави ножињата кога ќе се залета за да оддржува баланс (и така да учи). Инаку треба во вис да ги држи (тешко) или да се потпира нон стоп со двете нозе (нема никаков баланс од тоа). Иако има и контра теза на мојата @AlicaInWonderland која држи вода. Ама тоа ако не ја мрзи да ви објасни. Ако ја мрзи ќе мора мене да ми верувате. Мал е уште. Околу 22 / 23 месеци почнуваат да потсетуваат на тодлер. Има еден прелом на бебе и дете. Како скок само така подраматичен
На литл дач. Еден дрвен еден метален. И двата ми праат мерак Ама мислам дека вториот е прилично голем.
И мене од тоа ми беше страв со првото, па со текна време почна да се срами и да бега накај мене. Сега ова второво не се пушта баш накај луѓе, само кај оние со кој ние правиме муабет. Второво ми е 13 месеца, па сеа ја учам да држи правец , да оди со нас Раче нема шанси, сака да фане се што е на земја. Во парк е пуштена да шета кај сака, па таму и е уживанција. А кога шетаме низ град, не таму не ваму
Јас и го зедов. Стабилен е, е сега уште нема испраксано баланс. Ептен е фенси Со @AlicaInWonderland имаа добра дискусија околу нив незнам кој е во право