Дискутирајте си вие ‘големите’ у приватни групи па ние ‘помалите’ ќе нема кај да читаме препораки после...
Wow Еве ја повикувам @AlicaInWonderland ако сака да даде препорака Тука сме ограничени одма не бришат
@Yowannty прво се оди во градинката која што сакаш да ја запишеш па ти даваат барање да потполниш, па дека ди вработена/невработена документ, и др истото и од мт и сега по ново се праќаат на меил или преку пошта и потоа известуваат дали е примено детето. Е сега зависи и градинката дали соработува со тие програми Еспа, ако не тогаш плаќаш приватно.За овие програми има голем интерес , првиот пат кога ја запишував на 2 години не ја примија, а наредните две години ја примија без проблем. И доброто е што ништо не се плаќа. Можеш и така да запишеш дете ама скапо е , една жена ми кажа 400 евра месечно плаќаат
Знам дека сега е онлајн, баш собирав инфо периодов за градинките тука. Од компанијата каде што работи маж ми покриваат пола партиципација за градинки на децата на вработените, тоа ми е плус, ако не успеам преку програмава што ми ја кажа. Иначе има некоја посебна програма по која учат, нуди нешто различно или само ослободува финансиски?
Ние мора прво да договориме што и како, за после тука да го споделиме најдоброто за дечињата Мојата теорија, всушност моја логика беше дека потребата да се потпрат ножињата на децата не е всушност толку голема потреба. Сеа штом во Германија ги препорачуваат овие стручни лица сигурно се подобри. Ама кај нас во мк не се ниту наоѓаат сеуште, а и мислам дека не е некоја толку потребна карактеристика за баланс точак. Прво што се користат малку време. Првата фаза на баланс е стоење и буткање. Втората фаза е седење и буткање. И третата фаза е возењето и држењето баланс. Со тоа што нозете во вис се некои 2-3 секунди па мислам дека нема потреба од такво место за потпирање на нозете. Ќе немаат време да ги качуваат и симнуваат. Баш гледав клипови од деца што се тркаат со баланс, профи деца и всушност возењето е цело време буткање со нозете. Дали по 2-3 сек ги креваат во воздух, па немаат потреба од потпирање. А коа ќе дојдат до фаза да држат баланс повеќе време и да имаат потреба од потпирање на нозе тогаш веќе мислам дека дошло ред за обичен точак Мислам доволно објаснив на што мислам. Побарајте на јутуб клипови од деца што возат баланс и ќе видите појасно како возат. Ние веќе го имаме купено балансот како @Yowannty што го има постирано, првата слика, па морам да се утешам за изборот Дрвен е, нема потпирање на нозе и не е според никоја препорака Ама да ти е милина да го гледаш Денес прв пат го возеше малиот и сме во прва фаза, стоење и буткање. Сега за сега е супер. Кога гледав баланс не ни знаев јас дека има таква опција. Изборот беше дали дрвен или пластичен. Тоа се мислев Али ова вака ни се само теории. Ќе видиме со @FreeMind за некое време споредба. Па за следните генерации ќе знаеме со сигурност која е реалната потреба Ќе ви пренесеме обавезно
Оо супер тогаш Јас бев презадоволна , научи многу работи ќерка ми од таму ,секој ден нешто различно ги занимаваат , учат, и јадењето беше супер. Имаа приредби, им даваат да учат песни , ги носеа н разни места (пр. да гледаат како се произведува маслиново масло итн) па на театар (ова за деца од 3+) , а сите деца по иста програма ги учат било одат во приватна, било да е државна градинката
Се изначитав цели страни, а само 2 дена ме немаше Хелоу Да почнам од генерација. @Yowannty , @The Unicorn , @Septemvri , @MilaSs12 , @Мариаа. Јас значи сум имала Супер мирна и воспитана госпоѓица ама надвор. Се срами и прилично мирна е. Сеуште се вози со количка и трицикл. И доста е плашлива и често ме држи за рака. Во места кои се познати како парк, маркет и библиотека знае сама да оди со проверка дали сум до неа. Дома е прав ѓавол.дури синко јаде ќотек и удоволува. Многу е Палава, растура и само вреска и се фрла на под за ситници( сум го затворила фрижидерот а таа не истурила нешто во него) . За спиење не се жалам. Заспива во 20:30 до 6-7:00 наутро. Се буди 1-2( во заби вадење и 100 пати) но брзо заспива. Минути се во прашање. Јадење се каснува ништо не јаде. Со пеење, приказни, браво ќе касне неколку пати и клешти уста, држи залак и по 25 мин. Само овошје и печен зеленчук нема проблем. Отвара уста без молење. И декорирам оброци и така сама јаде. Месото ни е слаба страна. Моментално пие сируп за железо и тоа без проблем. Со витамин Ц. Исто и молерс пие без молење. Во килажа е +/- 200 гр цели 4-5 месеци. Тоа не ме грижи бидејќи е весела, активна и расте во висина. Ставивме пнеумо вакцина пред 2 недели без реакција помина. Зборува околу 50 зборови. Ама толку е вешта за асоцијација што се се разбираме. Толку убаво објаснува што нема проблем. Секој ден пушта по некој нов збор и почнува да сврзува. Вечерва влегуваше по мене во тоалет и викав бегај, а таа ми врати - не бегај, дај мама. И на синко му рекла ча Бата( Чао Бато). Тоа е од нас. Одам да легнам преморена сум
Мајки дали ако ја одбијам ќерка ќе почне да јаде цврста храна? Мака мачам, а и ова вака веќе не се издржува. Давам и витамин Ц и б комплекс за апетит ама дете нејќе ништо да јаде. 15 месеца сме и верувајте веќе живци неам. Де прави па фрли, де купи па фрли гадни пари давам за јадење а она освен града нејќе ништо. Читам по групи дека ако се одбие бебе ќе јадело бидејќи вака се лажело по града. Мене ми е страв нем и тогаш да не почне да јаде што ќе правам. Едино што јаде и си сака е белка од јајце, и ја кршам ставам во чиниичка и си грицка. Супа јадеше порано ама веќе и тоа нејќе. Не можам јас уште да и бидам доручек, ручек и вечера. На крај краева има и 12 заби веќе знае да џвака, а и дадеш нешто она одма плаче и го плука гадува се.
Од коа останав бремена до денес, малата е 16м, не можам да спијам без кетонал, се отрув од апчиња. Масажа ми помага ден/два и после пак исто.
Јас само неќна се напив парацетамол, не можев да издржам. Обично не пијам апчиња, прво чекам да ме искине болка па потоа почнувам со нив. Ама еве константно веќе 5- 6 месеца ако не и фазла спијам со болка, преку ден исто така. Стојам ме боли, седам ме боли, како и да сум не мине. Болката ми е од средина на грб и се движи надоле накај половината. Почнав да вежбам некои лајт вежби дома, за истегнување, ни се фаќа 15 мин вежбање. Исто почнав да се масирам и со масажер од Топ шоп, а вчера и Блок макс сопругот ме намачка..ама што фајде од тоа, првите неколку саати супер, а потоа останатите со болка спијам. Никако не ми е згодно, и спиењето не ми е слатко. Иако спијам по 7 саати, не се осеќам одморена него изморена. Подобро да спијам помалце ама по убаво, неголи вака. Со првото кога се породив, 5 месеца кога имаше требаше да се снимам, арно ама дека уште цицаше и ништо од тоа. Болката сама престана кога направи 10 месеца. Ама сега салам си ја носам. Психички веќе ме уморува. Цело време си замислувам како одам кај некој што се разбира од кофчиња, и како ми ѓи пука сите едно по едно со ГЛЕТО
Истоо и јас барав совет. Вчера се слушнав со една докторка и добив ужасен совет, дај и да јајт то шо сакат, чоек ништо не сакат. Денес оваа другава бара уште една крвна слика, па да видиме со консултации и од други доктори што понатаму. Б комплекс не сум дала, има различни? Каков користите? Ние сме на макс. 5 лажички од нејзини 6 месеци или по 2 недели само цицо, сега 4 дена само цицо. Плука храна, вришти ако и понудам, значит живци губиме сите. Од други, а и тука ми спомнаа да ја пуштам во градинка, она е во состојба ништо да не јаде, не змам како ќе ја биде. Друго, уште е лепенка за мене и ни баба не може да ја чува, деца многу сака ама имам чувство дека ќе ја избркаат одма од граника оти не ќе можат да се справат со неа колкуу е инает и активна. Ии до сите: Предолг за педијатар во Ск, кој си ја обожава професијата, дава совети и помага ван работно време, не чека да се наплати прегледот за да е соодветно прегледано.
Јас имам ужасни болки. Недај Боже да се свртам во сон и легнам на стомак тоа е хорор. Рамно на породилни болки. Ползам за да се извртам на страна. Мислам дека никогаш нема да престане
Јас имам привремени болки во полоњата кои ми се шират на нозете. Во првата бременост ми се влошија што доаѓав до степен мајка ми да ме тушира или да ми помага да станам од кревет. Од кога се породив се закржлавив и во грбот бидеќи синко нон стоп враце ми беше и одев на масажа медицинска 1 неделно и искрено мн ми помогна. Кога наполна синко годинка сите болки ми исчезнаа. И помислив дека можеби со породувањето ми се наместила карлицава (глупаво знам), и еве сега втора бременост пак болки неподносливи имам. И сфатив дека освем тоа што можеби имам некој проблем, мн ми пречи килажава. Секогаш кога ќе имам кила од поќе мн ми пречи. А би те советувала да одиш на медицински масажи,можеби мускулите ти се поместени или вдлабнати и ти создава тоа болка. Процесот е болен но вреди.
Исто, и на стомак ептен ме боли. Читај подоле .. Неќна @elenaklasik ме советуваше да проверам дали имам дијастаз, пред 5 мин легнав и се проверив. Цели 2 прста раздалечени мускулите. Арно ми кажа, и од тоа може да боли. Најдов вежби, ги почнувам уште од денеска. Само да помине ова лудило, понекогаш толку силно што не можам да дишам.
Да убаво е да правиш вежби, секако процесот ќе се убрза ако професионалец ти го враќа мускулот постепено. Во секој случај вежбај за да не стане полошо. Јас сега не би одела никаде иако имам мака , затоа што се пазам ради бременоста,и ќе си трпам.
Nie problemot so menuvanje peleni go nadminavme sega nov predizvik vozenje so kola.Na koj nacin gi animirate ( ili kako sto pravat ) za da im e ubavo da se vozat.Znaci 4 km da odime nekade glavata tapan vikanje placenje pa nekogas taka od vilanje ke zaspie.
@Dikinzi Да ме утепаш ако разбирам што пиша Какви мускули раздвоени Едит : Готово, прочитав. Не е тоа кај мене. Си носам јас друга болка.