Вежбам јас веќе цела година. Немам такво растојание меѓу мускули. Баш проверив сега. Од прекумерна тежина пак ич. Отидов во минус со килажа уште одма после породувањето.
Незнам јас ова неам пипнато сама ни пак сум добра во анатомија ,јас враќав мускули од грб. Затоа што се направив како гаргамел со малиот нон стоп во раце. А стомачни мускули веќе 2 3 години неможам да пипнам од сало така да незнам
Хаххахахаа која Гаргамел која тркачко куче, леле се искинав од смеа Немам јас прекумерна тежина 59 кила сум и во фаза на слабеење за да стасам до 56 кила. Мускулите на стомакот ми се раздвоени 2 прста , убаво се проверив. Не верував дека имам дијастаз затоа што стомакот не ми подуен, ниту виснат, вратен ми е како и порано, затоа не верував дека имам. Едино имам малце кожичка од вишок и мислев треба тоа да го средам само и да се затегнам. А мускули на грб не знам како се проверуваат Ама изгледа и тоа се решава со вежбање правилно. Моја инста мама има вежби, се уплаќа кај неа. Ама решив да најдам на интернет вежби, и имаше една жена ставено посебнп за дијастаз. Па тие ќе ги вртам сега, секој ден по 20 мин
Нашта крвна слика е и повеќе од одлична. Го прашував педијатарот како може да е одлична кога сме само на доење тој ми вели преку тебе внаса се и ќе пројаде немај гајле. Ама големи сме веќе не можам веќе цело време да ја дојам. Б комплекс давам оној што е во прашок бидејќи има вкус на какао и она така се лаже и го пие.
Мојов го имаше тој проблем кога беше околу 10 месеци. Урлаше и препотен го вадев од кола. Добив многу совети да го игнорирам, нема каде, ама ете јас и мм (имавме можност) решивме да не се вознемирува детето и одреден период да не го оставаме сам во седиште. После месец и нешто почнав постепено да го оставам сам во седиште со лажги (играчки, телефон), сега веќе на 14 месеци се вози без проблем да не го урочам, не ни се занимава ништо, си гледа од прозор. Период е и поминува, барем кај нас. Јас не го форсирав, иако не е безбедно некоја недела во раце го држев, па полека го сместив во седиште..
Добро вечер Дали сте се соочиле со страв од одење,мислам оди ама се плаши да се пушти уште се држи за масата,бара потпор во нешто ако не ја види мојата рака не се пушта.. Период е или ? 13 ++ сме .
Не е сигурен. Јас не би го форсирала да оди сам. Ќе се пушти кога ќе му дојде времето. Мојов немаше таков период, откако тргна за брзо профи стана. Неколку дена трчав по него после почна низ цел стан да шпарта.
mojot bese taka posle se opusti i za 3 dena proodi pusti go bez forsiranje ke pokaze koga ke e spremen.
Апдејт. Стигна баланс бајкот. Прекјут е. Е сеа, бебе не може држејќи се за него да ја префрли ногата за да се качи. Некако нема баланс и да го држи и да подзастане на една нога. Да бидам попрецизна, не може уопште да го држи и без да проба да се качи. До таму стигнавме денес. Ама си го сака! Ми покажуваше цело време на седиштето јас да сум седнела да возам. Ќофте! Ќе се ухода бе. За некој месец... А, кацигата исто на мене ми ја ставаше!
Добро што е со скоков број 10 Како пројдовте на 16 месеци? Цел ден е дерење, буквално за секакви ситници. Само шо почна, полудев веќе.
Ништо страшно, уште не е сигурно. Ти кажале веќе, без форсирање, остави сам да се движи, не го паткај, биди 2 чекори пред него и вели дојди гушни ја мама ама не мора ни тоа. Нина не изненади, се пушти сама 2-3 чекори, па на газ падна, виде дека е интересно и пробуваше. 13 месеци не е ништо загрижувачки, има проодуваат на 15-18 месеци.
Ние за некој ден сме 18 ,и бетер ми е сега од колку на 16. Не дај боже да му чепнеш нешто или да го искараш. И за секунда од ваков -> станува ваков -> и обратно
Мојов цел ден се џапа по недозволиви работи, па плаче со солзи, па се треска од земја, па гризе. Доживеав детето на шетање надвор по земја да ми се влече за глупости. Не знам што ќе биде со тантрумите, ама веќе бес секој ден покажување имаме. Вчера па се качил на софа во дневна. До врат му е висока, не знам како успеал. Не ни јаде веќе, чува све во уста.. Јас не се ни жалам тука еве сега приметувам, секојдневие ми станаа траскањава не се ни нервирам веќе
Дали и што можам да мачкам на гребаници? Имам гелче што го мачкам кога ќе се удри, за модринки и слично и топ е за такви работи, ама за изгребани колена што? Малце ми фали штитници да почнам да и ставам.
Ништо. Ќе помине. Јас никогаш ништо немам ставено на рана. Кај нив се брзо поминува. Не ги сакам хемиите. Освен ако баш се мора.