кажува некои 12 збора (мама, тата, баба, дада, ао (чао), ае (ајде), на, дае (дај), њам њам, да, не, брр за коли, буе за фен) разбира буквално се, слуша наредби, и се кара на негов јазик. Многу се нервира кога не го разбираме. вие?
За збор се рачуна ако имитира животни? Знам дека е некаква комуникација, ама кога се брои, се брои и тоа? Мојов на 14 месеци кажува баба деде мама тата, сега научи "па" кога ќе му падне нешто да вика. Имитира куче, прасе, коњ и крава. И кола нели, омиленото нешто, прв збор му е БРМ. И како папагал повторува први две букви од што и да му кажеш. Ако го караш ти враќа со ЕЕ Е со таков тон ист демек и он се кара, или ти се кези во фаца. Генерацискиве бебиња до кај се? Ми смени фаца некако веќе почнува на детенце да личи бебево мое
Да за разбирање се разбира исто се кара на нејзин јазик ко некое мињонче ми е Кажува мама, тате, баба, деде, бај бај(ба бај) ало(аwo) ајде, фала(ала) да, не. Мислам дека се ок за нивна возраст?
Па јас тоа не го рачунам затоа шо не го изговара зборот куче туку како прави кучето или било кое друго животно.
А со кое млеко имаше проблем.... Извини може глупаво прашање ама малата ми е со низок хгб јас ја дојам друго млеко нема ни пробано гледам кога давам малтофер да има разлика бар 30 мин до подој,а од млечно јаде само козјо сирење и к млеко Можда и тие пречат???
Ние сме 13 +++ разбира мислам повекето работи Се кара со нас по нејзино ако и свикаш се расплакува Вика мама баба, емитира куче и кога се возиме со количка брм брм Кога ке кивне некој она прави проба да кивне (излегува плукање само ама се важи трудот) А што се рачуна за збор и јас не знам баш ме занима Од моторно лази ко стрела се качува и симнува од седмосед без проблем оди сеуште држејки се со едното раче прави деновиве по чекпр два ама со страв и ке ме погледне со насмевка ке си клекне да лази
Намали ги млечните производи, доење може да остане исто. Форсирај месо телешко, јајце, просо. За слабокрвни деца, јајце со к млеко ако му го дадеш, нема ефект во зголемување на железо.
Мајки да ми препорачате од кои патики сте задоволни за бебе 13 ипол месеци ,конкретно од Kegi Shoes ,сакам да му земам ама некои без лепенка и не морат да бидат од тие за проодување него кои се најдобри први патичиња да му земам ,ваше искуство сакам и предлози .. Гледав на страната ама не можам да се решам ,од 20 број нагоре да почнуват... Фала однапред.
Кеги шус имаат анатомска влошка која ортопед никако не ја препорачува. Најбитно е да се рамни внатре и да се виткаат како палачинка. Без лепенка не знам дали ке најдеш, скоро сите се такви за полесно облекување и соблекување. Моја препорака е најк. Најдобри се танјун ама јас не најдов и купив револушн или така некако беа. Ортопед кажа дека се супер избор. Синко супер одеше во нив, кога му се смалија, пак зедов најк ама поголем број. За број ке земеш еден пар, ке ја извадиш влошката и според линиите внатре ке се водиш.
На кеги Колев сега имаат нови како со мрежа за проодување до 22 бр се ( само мери стапало бидејќи различни се броевите према Адидас или Најк). На кеги шус имаме топлински па јас и ја вадам влошката бидејќи треба да се рамни. При изборот најважно е да се виткаат напред. Како сте женски. Ние стандард со палчица пардон палавка по дома. Но да не се жалам многу се трпи освен она растурање и незастанување по цел ден. Важно периодов е мирен. И покрај регресијата на 18 месеци кај нас или допрва ќе дојде или ќе не скокне како првите 7-8 скокови. Спие по 10 часа ноќе со кратки будења( повеќе би рекла вриење во сон), и 2.5-3 некогаш 4 часа преку ден. Откако зедов препарат за железо можам да се пофалам и дека јаде повеќе, дури и сама бара. Тоа е кај нас. И по цел ден се дрдори, не повторува. Најново и е бегј за бегај.
Здраво мајки, мојата од вчера е затната со температура која варира од 37.9 до 38.5 Чепчиња ефералган ставам не се симнува. Бев на лекар ни дадоа сируп ефералган. И од него ништо. Од блок макс пред некое време имавме реакција осип и затоа не го зедов. Ако знаете да ми препорачате што да земам да и дадам. Цела вечер немаме спиено