За прва патика за големата земав Најк, по препорака на нашиот ортопед (Каличанин од Систина). Ептен, ептен меки, како гума се виткаат. И Адидас имавме, и тие беа супер, исто многу меки. Моја препорака е не Кеги, туку еден од овие брендови, нема да згрешиш. Сега бебе ми е 12+, ќе ги наследи од сестра и’ патиките Инаку сите се со лепенки, скоро невозможно да најдеш без. Најлесни се за облекување така, и тебе ќе ти е полесно, верувај
И на бебе ке му е најлесно да ги вади Ние си имавме проблем до пред некое време за 3 мин од излегување од дома ги вадеше Сега фала Богу не си ги носи, инаку ние имаме Geox ама тие и се само за да се возиме со количка Кога ке е проодена за надвор да шетаме и нам ортопед ни препорача да се виткаат скроз да се вади влошката и да е цврст делот одзади
Е да Додуша, ако сака да ги соблече, ни лепенка, ни врвки, ни патенти спасуваат Големата беше махер, имаше период кога штом излезевме од дома, вадеше прво патика, па чорапа и така боса ја возевме насекаде. Јас облечи, она соблечи по стопати, и после се откажав Среќа не траеше долго, после прооде и имаше побитна работа
Мајки каде наоѓате Nike мали броеви? 19 или 20? Не можам да најдам во моја близина каде што барав. Инаку и јас не сум за Кеги некако влошката многу е испакната внатре а по сите совети од ортопеди треба да е рамна.
До кога вака се соблекуваше и патики и чорапи ? мака мачам со ова , вади патики , чорапи и седи боса. Ќе ја облечам и така постојано во круг. А ладно е не можам така да ја шетам , зима е уште ќе испомрзне. И и најдов чаре и ги облекувам чизмите и ги стегнувам убаво (имаат и патент и врвци ) и нема шанси да ги извади
Секогаш од Sport Vision Kids имам купувано, имам и 19-ки и 20-ки од таму земано. Види онлајн на сајтот, провери дали имаат ако не можеш до Сити Мол да одиш. @koritsaki па додека прооде, после првиот роденден. Тогаш престана, ама може и дека поретко ја возевме во количка оттогаш, не сакаше повеќе Знам како е, и јас живци кинев, надвор ладно, она боса. Ја мотав со ќебиња
Не е нормално ама со деца нејадачи е така. Додека беше помал и не знаеше да плука беше полесно, бутав и голташе. Сега... Нормално е да не сака некој вкус, ама кај нашиве ништо не чини, не некој посебен вкус.
Буквално ништо не чини прво морав со борење да ја намачкам за да лижне и као ако сака ќе отвори уста, сега не отвара никако и ако отвори одма е плукнато, и бананата ја плука неам живци веќе
19 месеци има, од 1 година е така. До 1 година со лажење и театар јадеше. Последниве две недели три, почна да јаде колку толку.
Што правите кога се качуваат на кревет малите ? 13 месеца, се научи да се качува, не знае да се симне, па сега тоа ми е стражарење ..
Да е само кревет.. кај стигне се качува. Пред неа, зад неа сум и јас. Коцка да виде долу, на неа се качува и ете ја со главата на паркет. А слегува ласта, исто со главата на пркет.
Се сеќавам со првото, јас ја учев да се качува. Ама со ова оставив кога она ќе сака. Еве ја вчера се мачеше, и научи, па ја учев да се симне. Знам дека ќе и треба време,ама живци ме фаќаат , сега нема да можам уште толку во тоалет да отидам. Кај тебе Нина знае ли да се симне ? Ставаш ли перници околу кревет ?
Μоево е 17 и сега дури научи да се качува. Креветот и е висок на него не може , ама затоа на троседов да. Стојам до неа додека не се симне. А се качува на се. Зема тенџериња ги превртува и на нив се качува
Од на гарнитурава зависи, почна и како што треба или право на глава ама мене ми е поголем проблем што се качува на количиња, имаме како масички за играње со коцки што се, на нив сњ качува, па на кутиите што се за играчки.. нема осет за опасност воопшто. ПЕрници не ставам оти си ги влече и немаат никаква функција, а за спиење во креветче е.
За помали работи одамна се качува на нив, ама тие дека не се високи и нешто не обрнувам внимание . Ама сега на креветов е друго.Знам дека може да падне и понатаму кога ќе биде стабилна, и секаде може да падне..кога сака да биде ќе биде. Ама друго ме нервира,ептен е несмасна. Првово внимателна беше, кога беше на кревет пазеше,пружаше раце. Овоа рипа на кревет и запаѓува со газот наназад, фактички ако паѓа диреткно на газ би паднала. Не обрнува внимание баш. Не дека за првото дете не ми е жал, ама за ова ми е многу повеќе, оти уште од мала е таква, се сили а не ја држи газот, се трудеше и се на глава паѓаше. Ај кога слушаш други како викаат дека децата им паѓаат на глава си велиш : " Така растат децата", ама еве кога е на твоето дете не е баш сеедно. Со второво баш се изнамачив со тоа паѓање на глава. Здрав ум немам више, мене тоа ми е. На девер ми и јатрва ми малиот, од 7 месеца паѓаше од кревет. И тоа не еднаш.Плус еве го дечко од 5 и пол години е сега, уште кога паѓа е ласта оти не пружа раце. Ништо не му е, здрав прав си е ..се тешам со тоа. Ама филмовите вп глава што си ги вртам се проблем.
Ја вртам, и зборувам, и кажувам како треба. И ги ставам рацете и ги местам нозете. Кога рипа ми е мене. Ја гледа сестра и, па ја имитира неа
Ќе седиш во близина , нема што друго да се прави. Мали се не знаат дека као паднат може лошо да се удрат. Истото е и кај мене , првото со внимание паѓаше , и не паѓаше на глава. Второво , ќе падне и мора на глава/лице да се удри. А до неа сум ама додека реагирам , џабе. Два пати минатата недела ги удри забите доле дури крв и течеше. Лошо се удри. Пред некј ден се препна и на лице , мислев носот го пукна , добро помина што само устата ја прегриза
Исто значи, буквално исто. И до неа да си таа е,не знам дали си земаат залет, или имаат мотивација од поголемите па си мислат дека се способни и они, кој ги знае. Баш вчера со сопругот си набројувавме уште кои фази останаа за да биде полесно 1. кревет 2. стол 3.скали Еве ја