Тоа е, само стражарење додека не научи. Јас за до веце го ставам во креветче. Ама сега дига нога да излезе и ја префрла надвор.
И викам на големава да ја пази, и ја пази..одам до вц, и само слушам "Не таму да фаќаш, не тоа" И ќе почне да ја тегне, да не и дава..и малава почнува да вришти и се лути Луда куќа Ама во деца па колку доверба можеш да имаш Битно ме слуша, тоа е моментот
Јас ја научив и да се симне друго нема И двапати така качувајки се се преврте доле и пак стражарам и покрај тоа што знае да се симне
Ми дадовте кураж,очигледно сите се така. Фала ви женски за споделените искуства. Ќе си стегнам заби и ќе издржам
@Dikinzi до прва ке ја имитира дада, тоа е да ти е страв да трепнеш се а не па да ги испуштиш од поглед
кравјо млеко. Било кои млечни производи во големи количини намалуваат абсорбција на железо. Моето многу пиеше кравјо млеко. Речиси по едно литро
Може за нијанса ми е полесно од тебе оти е едно, ама е исклучиво пргава и бесна. Од коа претрча на 11м не е застаната, многу е самостална, љуботитна. Значи ако седи 10мин ја проверуваме дали има тт Искрено многу ми е тешко на моменти ама па да ми дадат некое мирно јас нема да знам шо со себе Јас сум во шок кога ке прочитам дека децата им спијаѕ преку ден по 2/3ч,или седат мирни со цртани или во количка.
Сериозна сум чоек  ама не седнува и ако се заигра клечи, единствено цртањето може малце да и задржи внимание па тогаш да седне во хранилка
Богами стварно да се замислиш шом е такво Кај мене второво е малце по живо, ама не како твоето Имам две деца, ама искуство како тебе немам
Леле исто, исто! Големава ја кара да не праи белји, малава вришти зошто не и’ дава да праи белји, хаос Инаку за симнувањето, мојата знае да се симнува, одма научи, после двапати што и’ покажав. Ама па не знае да се качува И се нервира, дига нога покрај гарнитурата, а прцле е, ни до пола не и’ доаѓа оти висока ни е Па се нервира, се тегне да ја земам да ја качам Циркузи се
Мене ми дојде смешно, оти кај мене никогаш не биле такви. Весели се децата, играат, скокаат, се качуваат посебно големата , пеат, викаат , цркаат, ама и знаат да се заиграат сами. Едната во дневна, едната во кујна, од кога знам се така,затоа смешно ми дојде Ќе помине знам, и го брзам за џабе, месец дена е во прашање Ама со толку алкаво дете многу ми се гледа Ја зима ја тегне и вика " Не Ема таму, фанеш пстето " "Не Ема , ќе паднеш ". Знае што смее што не смее, ако случајно мијам садеви иде и ми кажува што направила А се караат ли за играчки ? Се лути ли кај тебе големата?
Охооо, како не, секој ден само за тоа врескаат Среќа големава оди во градинка и поголем дел од денот не е дома, инаку општа тепачка ќе настане. Ништо не дава да пипне малата, одма и’ ги џапа од рака, бебка вреска, и така. Па големава, итрица, и’ подметнува други играчки, демек ај дада не плачи, еве ти, и ќе и’ тутне некоја друга, ама бебка не ја сака таа, туку ја сака баш таа што сестра и’ и’ ја џапнала, и така Многу весело