Буквално исто, како ја да сум напишала Само шо кај мене големата не оди во градинка Малава кај мене почна и да ја бутка големата, се бори уште сега А добро, што им викаш тогаш ? Јас им викам дека не е убаво така, дека треба да си играат заедно, и се слуша само НЕ НЕ НЕ, и пискаат врискаат на цел глас Малово почна и хартија да јаде многу, ако начека тетратка, сликовница, прво ја врти и разгледува а после ја џвака и ме гледа право во очи, знае оти не смее и пак. Или ако ги начека дрвените играчки а да не ја гледам, ги глода со забите.
Значи колку хартија јаде малава, не е нормално. Вчера додека и’ го правев ручекот, она беше тука си играше. Одеднаш се стиши и викам да видам шо праи, кога што да видам. Она го дофатила бришачот (сум го заборавила на маса ), искинала тон хартија на ситни парчиња и пика ли пика во уста и џвака Па кога ме виде, одма прекина и вика не, не, не Мислам сите деца ја имаат оваа фаза, и картони јаде, книги гризе, све. И големата така правеше памтам. А за што им викам кога се караат, устава пена ми фати од зборење дека треба да делат. Големава убаво знае, и во градинка дели со децата, ама дома е друга песна, се’ е нејзино И само вика на малава не тоа, тоа е мое, остави го Мада има напредок откако оди во градинка, потрпелива е откако ќе ја предупредам, и’ викам чекај малку дада да си поигра со играчката, па ќе ти ја даде, и стои и чека Порано го немаше тој момент, или ако ептен и’ се запнам, знае и да и ја врати таа што и’ ја земала од рака на малата. Кога како, ама во глобала се џапаат секогаш за едно исто, од 100 играчки они за едната ќе се фатат и крај
Мајки по колку дремки имаат вашите деца на 12++? И кога почнаа да ја преспиваат цела ноќ? На секој пола саат-саат се буди за цицање
14+ уште по две дремки и уште се буди многу често вечерта за млеко. Иначе имаше период пред некој месец баш така на секој пола саат кога се будеше.
Моево е со една дремка од околу година. За навечер, на периоди. Неколку дена е ОК неколку, исто, на пола саат закенкува и само со цицање се смирува. "ОК" значи преспива убаво од кај 12 до 6, пред и по никогаш не спие убаво. Сѐ поинтересен ми е. Многу разбира што му кажувам, си игра со нас, дури и он почнува нас да не закача. Ама уште не збори, дури не ни имитира животни, за мyy мее ав ав понекогаш вика ммм и толку е. Се тешам дека неколку јазици слуша па му треба време. Ќе видиме. Исто така е запискан деновиве. Ама еден пискот што вади, во влез кога сме гарант цела зграда го слуша. Ваљда е и тоа некоја фаза? Вриштеле вашите? И забележувам дека кога сака да каже нешто, вика Аааа! Онака со пискање. Аман дете ајде кажи едно зборче барем... Ве читам за качувањето по маси и кревети.. Тоа е, не ми е сигурен ни за до ВЦ на пола минута да го оставам. Еднаш се завртев вода да си ставам, кога го погледнав беше од масичката со едната нога во воздух надоле. Од тогаш почнав интензивно да го учам како да се симне, употребувајќи ги точно истите зборови (легни на меше, нозе надоле - како матра), и брзо научи. Сега умее, ама секако не го оставам, ко што нема осет многу за простор, уште долго време ќе бидеме залепени еден за друг.
На 12м имаше 2 дремки, сега е 16м и уште се буди навечер. @rainbowmama јас се сум со отворена врата од вц, одма иде да провери и да ги стисне сите копчиња на машината
Од 2 премина на 1 дремка некаде кон 13 месеци, сега е 2 год и 3 месеци сеуште станува ноќе.....за утеха
Или кине тоалет Потврдувам,истото се случува и кај моето А за качување не зборете, комода, маса, стол, кревет што ќе најде се качува...среќа ја подзаборави комодата инаку како ја тегнеше од ѕид ќе ја отштрафеше. Педијатарот вика оставете го нека се качи да си ја исполни целта..
На 21 месец уште се пентари секаде. И што ако знае како да се симне, кога пак паѓа. Нема оставање воопшто. Сега и од креветче се научи да се прекачува. Ни таму не е безбедно да ја оставам. @lackygirl И ние во просек 1-2 стануваме навечер. Пукнав веќе
Моево со дневна дремка ги правеше 10-11 часа. Од пролетта навака, заспиваше во 12 стануваше 8ч или 9ч и дневна дремка 2 саати. Сега пред месец почна во градинка и заспива 10, 11ч
Здраво мајки, јас пак околку јадењето т.е нејадењето. Денес бевме кај трет доктор и пак не добивме конкретен совет за што понатаму. Хемоглобинот е на граница, 2 недели нема јадено ништо освен града, вишти сеуште на храна, плука константно се. Прикрај сум со нерви, ми се плаче нон стоп затоа што ништо во уста не реди. Не знам дали има некој друг приблем, орално или па во мешко, никој ништо не превзема. Се плашам луѓе.. ме советуваат да ј прекинам, е сега пошо Нина не имала до сега ниту еднаш еден цел оброк, постепеното одбивање беше не возможно, дојдовме до совет со изгладување, да не попуштам, да ја остаам да вришти за цицање, прво дење па потоа и ноќе така или 2-3 дена да не ме види, па маж ми нека се снаоѓа. И двете варијанти ми гледаат хорор, највеќе за неа. Стварно не знам што да правам, упатете ме некаде кај некого, дај те ми совет ако знаете повеќе за одбивање од дете без трауми. Да ја остааам да изгладне... не знам луѓе.
Мене ова не ми изгледа како решение,хорор е за читање не за практикување. Се надевам некој поискусен ќе те посоветува. Внука ми цицаше до 3 год.беше нејадач и уште е. Ама каснуваше по нешто овошје,зеленчук. Советувај се со 4,5ти педијатар.
Леле жено ми се плаче за твојот проблем не знам ништо паметно да ти кажам само овие методологии да ја оставиш некако трауматично ми звучат и за беба а и за тебе штом е само на доење значи имаш количински млеко тоа директ прекинување може да доведе до проблеми и кај тебе Што и да правиш да знаеш не има тука што те мислиме дека не си сама во тоа. Ти праќам виртуелна гушка полна поддршка