И на синко моторика му е јака страна, и фина и груба. Оди од 11 м. Сега околу 19 м има доста нови зборови, ама во споредба со тоа колку разбира и колку му е добра моториката, говорот е послаб.
@koritsaki Од 9 месеци ја возам на точак во задно седиште. По 10 км на ден. Од ноември немаме возено. Вчера баш мм го донесе точакот и свртиме мало кругче. Да видам за тежината, макар што за 10 месеци ни 2 кг нема ставено. Многу е лесно и интересно возењето. Бебе ужива. Го препорачувам. Еве и слики како е поставено. Spoiler: Седиште На Првата слика синко ја вози. Седиштето околу 2000 го зедовме лани. @Panovic иста ситуација со ќерката. Слабо јаде, месо потешко. Хемоглобинот 10,4 од 11 Долна граница. Хељда, просо, киноа, пченица, јајца од препелица, спанаќ, суви кајсии,семе од коприва, урми... Јас и фероглобин давам со ц витамин. Нагло е извишена, па двајца педијатри ми препорачаа препарат за железо. Плус како шеф не јаде доволно и цица.
Исто и кај синко. Разбира многу за негова возраст, слуша команди, покажува со прст, меѓутоа ме плаши неговата опседнатост со брм брм. Што и да види дали е круг, дали е тркало, дали е магнет во форма на круг се му е брм брм и тоа страшно ме нервира и ме плаши. Сите колички му ги тргнав пред некој ден. Во парк ги гледа колиците на дечињата и одма брм брм. Да се нема раат
Остави го детето да си брчи. Тоа што брчи значи ги поврзува работите и разбира што точно е брм во сите големини бои и форми.
Затоа што случајно налетав на статија/видео од една мајка каде што наводно вели дека нејзиниот син ги превртувал наопаку сите колички, тротинети и слично и им ги вртел тркалата цело време и правел брм. И истиот тој е аутистичен. И овој мојов почна по малку да го прави истото. И знаете колку малку треба на една мајка за да почне да се плаши
И моите го правеа и прават истото. Ич да не се секираш. Да, професорот Владимир Трајковски чија специјалност е токму аутистичниот спектар ни кажа дека големиот има такви симптоми, ама од неговото образложение сфатив само дека секој од нас има по некој симптом од аутистичен спектар. Второто мислење од лекар го демантираше Трајковски, а детето сега има десет години и не отстапува по ништо посебно од своите врсници. Не се грижи и не барај проблеми таму каде што ги нема.
Јас не се плашам лесно, посебно не алармирам за вакви статии. Допрва ке има секакви периоди, лесно ке изгубиш памет ако бараш симптоми во се.
Исто кајсии суви се добри за хгб И комбинација банана авокадо Спанаќот со ориз Блитва исто со ориз давам Киноа е исто добра за железо Црвена леќа Само како што рече @Yowannty што поголем размак со млечни
И ние го имаме истово седиште,од прилика таа цена го земавме од Локо Кроко. (И истиот велосипед го имаме )
А како може параметрите од крвната слика да се исти за возрасен и бебе/дете? Сигурно хемоглобинот за новороденче од 1 месец, за бебе од 6 7 месеци и возрасен 40годишен со 80 кила не се исти. Не може да важи за сите тројца една иста референтна вредност, кога бебињата нон стоп растат о волуменот на крвта им се зголемува, па следствено и поанемични се. Но се надевам дека и тоа што се нарекува анемија е во границите, очекувано за бебе. Ама педијатрите одма со препарати, никако со храна. Еве абер немам од медицина, ама логиката друго ми вели. Дали имате други параметри овде да ги ставите, да погледнеме, зашто од матичните не очекувам да ми кажат. Само научени лекции напамет.
Еве во прилог табела што ја најдов на интернет, на други форуми. На табелата се прикажани различни параметри според возраст. Веродостојна е нели?
Кога воведовте свинско месо и какво? Јас немам можност да најдам домашно па ќе нора да купувам од месара. И уште нешто, што пиете за смирување на нерви додека доите, мислам дека сум при крај
Свинско докторкава ми рече од 12 месеци може да и давам Ние бевме денес на вакцина , докторкава ја мереше во висина 1 см пораснала за 3 месеци малку се загрижив За тежина , 300гр додала ок е. Инаку, и кажав за проблемот што го имаме со какањето, има страв плаче , кака со жива мака, ако не ја легнам и стиснам нозете никако да се искака. И давсм effocol прав, со помош на тоа полесно ќе се искака , ете цела кутија потрошивме.. работата е зошто го има тој страв. Докторката се зачуди и ме праша дали сум ја одвикнала од пелени. Рече децата што се одвикнуваат од пелени им се јавува овој проблем, како страв итн. Јас уште не сум се обидела а баш сакав нареден месец да пробам. Значи воопшто да не пробувам?
Да , општо има тврда столица , пие течности (плус уште цица) , е сега може треба овошје почесто да и давам јас еднаш во денот и давам ама па ми е страв само овошје и зеленчук да не не ја најадува ова месец и нешто трае , не и е секогаш тврда столицата ама го има набиено веќе тој страв
Слично беше кај постарата. Ти не знаеш колку не сакаше да кака. Па колку повеќе се стискаше, полошо беше. И тоа од една тврда столица.
Да, значи го стиска газето до крај, а каката се гледа дека треба да излез и она назад ја враќа. И при тоа го иритира тој дел и се раскрварува дури понекогаш..Се извинувам на сликовитото објаснување ама пуста мака што ја снајде. Се надевам само дека нема да биде вака со месеци
Спомна крварење,иако е мала постои можност од хемороиди. И ради тоа да враќа од болка иако е течна столицата. Внатрешни ако се тешко се гледаат. Отидете на лекар да ја ѕирнат.
@RAK91 нормално е, на нивна возраст фасцинантно им е како нешто стои во место а може да се врти и поради љубопитноста го прават тоа. Ако ти кажам дека свекрва ми намерно му одпревртува се живо и диво за да вртел и од караници требаше до сега во бардовци да сум со попуштени нерви. @elenaklasik за параметрите не знам ,сепак тоа доктор би требало да го потврди. Кај дете јадач може и со храна да се среди. Син ми додека јадеше се ,од спанаќ до кајсии,па пиперки свежи,манџички,месо значи се што можеш здраво да замислиш му беше хгб 110 . Последниве два месеци не јаде ништо . И земав флорадикс сируп со витамини и органско железо бла бла. Му давам 1 месец а 1 правам пауза и сега му е 120 хгб. И мајки со јадењево што да правам ? Денеска изеде пола банана, 2 коцки црно чоколадо , за ручек и за вечера леб и кашкавал ужас. Пишав пред некој ден дека ни е рсастечено носето. Сега му течи и во боја густо. Можно ли е од тоа да нема аптетит? На лекар ми кажаа грлото дека му е чисто ,плуќа чиста. Но еве веќе 5та вечер по ред, се дави неможе да дише. Што може да дадам друго освем аспиратор и физиолошки раствор ?