Јас користам за моето Синомарин спреј, спреј од Оригано,а може и оперил п 5 дена да прскаш. Кога се бања во водата стави морска сол и нека се пошлашка подолго. Мојов откако тргна во градинка на 3 недели беше настинат со носето,последниот пат закачивме и корона и се во едно. Сега после скоро 1м пак нешто мрсулчиња ѕиркаат ама два дена му правам инхалации со физиолошки и мислам дека делува.
Здраво ги добивме осанит гранули и ме интересира како се употребуваат дали се даваат неколку дена па се прави пауза или можам секој ден да му давам?
Добро само моево ли не спие Ке дојде регресијата на 18м а јас мислам дека од онаа шо беше на 8м не сме испаднати
Добро утро, Две прашања имам. По годината од бејбитол со кои витамини се продолжува? Да продолжам до лето со Д3 и исто да му давам омега 3? И годиначиња по колку млеко дневно треба да внесуваат?
Мојот е 17м иста доза д3 и омега му давам од 3-4м. Омега давав од бејбитол капсулите со д3, сега давам молерс. А д3 од пливит.
@Sofi.ja како се вика спрејот од оригано ? Смее ли да се дава на возраст од нашите дечиња ? Оперил еве 3 ден редам џабе. Синоќа од 2 до 4 неможевме да спиеме, мн му пречи тоа што диши на уста. Пробува на носе и почнува да се дави, грчи и му се треси и грбчето и градите. Жива не наспана сум оваа недела и на кој начин правиш инхалации ? Ти стои ли синко?
Настинки се во прашање или има вирувче некое ? Сопругот беше настинат, малото ми кашла ,од неќна и со затнат нос. А големото афти ми извади на устата..
Вода им давате превриена или купечка? Користиме жива вода, па не знам дали од истата да му давам без превривање
И млеко по колку пијат едногодишни? За тие шо не прифатиле шише, како им давате млеко? На мисла сум да намалам неколку подои во денот.
Јас давам купечка вода затоа што кај нас водата не е за каење а камоли за пиење. До пред годината имав 4ри подои, сабајле кај 6-30, па 11, 16, 19-30. Сега тој во 11 го исклучив и вметнав ужинка, а останатите ги оставив исти. Во мл не знам да ти кажам зошто цицаме, па појма немам колку цица
@Dikinzi па вирусче имапе пред не цел месец. Температура и дијареа. А сега изгледа е настинка ,веќе стварно не знам @elenaklasik за млеко незнам моето никогаш не засака друго освем моето. Па гледам од година на вака да му внесувам 400 -500 ml на ден млечни производи. (Јогурт ,кисело млеко,сирење и т.н) Вода му давам купечка иако дома исто се пие жива вода ама јас ја одбегнувам дури и за мене ,затоа што бара чести проверки па затоа не му давам на синко. Нај сигурно ти е да вриеш или купечка.
Извинете, едно по едно прашање поставувам, како ми текнува, така. Сега откако наполна година, ми е збунувачки преминов кон поразновидна храна и храна послична на нашата. За готвење, какво масло користите? Прочитав негде дека нерафинирано сончогледово не се користело до 3 години. А маслиновото нели не се става да врие на високи температури. И леб каков им давате?
Ќе се притресуваш првите 3 месеци и ако ти е јадач најверојатно ќе продолжиш со убаво темпо , ако не ,ќе даваш и од храната на кучето се шалам ,можеш со путер да запржуваш, маслиново масло да додаваш на крај секако е корисно. Леб купувам јас без соино брашно и без конзерванси.
Вода давам директ од чешма. Водата во Велес е чиста за пиење. Секако почнав на годината вода да и давам. Да бев во Скопје ќе се размислев за чешмовача Таму кога живеевме катастрофа беше. Ама овде е супер.
Штo мoжам да и ставам на oтечена уста? Трчаше какo штo падна се гризна....мнoгу и oтече.. Ќе заврши ли скoкoв веќе, детевo е 24/7 активнo, не мoжеш да гo дoпазиш...уште на лустер не се качи дoма. А за пoстojанo лигавење и трескање за се штo не е пo неjзинo не се идржува Кoсава ми пoбеле...
@Larahappy same here... инаку ништо не и ставај ке и спадне. Мојот завчера падна има дури и засирена крв на устето ама му спадна отокот сам.
@elenaklasik вода само купечка давам, а млеко моето е на ад пие вкупно 420мл и јаде се од млечни производи. @Larahappy и коа не е у скок се качува на лустер, цело време е активна ама сега скокот не докрајчи... Побудалев
@haruki @NewMama се исплашив бидеjќи имаше мала oперациjа на устата за гoлема реса меѓу устата и забите, беше и сo анестезиjа..oд тoгаш уште пoише се размази И какo за инат jа чукнува устата....
Мајки, кажете искуства со сируп Зинат? Од вчера почнавме да го пиеме, на малава и е ептен грозен за пиење, ми го повраќа. Во сок го растворив, и така едвај со многу молење...
@elenaklasik после првиот роденден почнав да и’ давам вода од чешма. И ние таква пиеме дома, и на поголемата исто после годинката и’ дадов. Ако живееш во место кај што е исправна за пиење, давај слободно. За масло, кога и’ правам ручек, ставам се’ да се вари, не запржувам ништо. Откако ќе се свари, на крај додавам маслиново и малку сол (од после годинката). Ако сакаш да запржиш, можеш путер да користиш, а има и маслиново за пржење (тоа што не е ладно цедено, може да се пржи во него). И сончогледово во краен случај не е дека е крај на светот, ако немаш друго, иако треба да се избегнува. Јас искрено сега почнав еден ручек за сите да правам, секако за бебка го прилагодувам без зачини многу, ама се случило да запржам нешто со сончогледово. Иако најчесто готвам без запржување, директ го ставам зеленчукот да се вари кога правам манџи. Демек не е вкусно така викаат, ама мене вкусот ми е ист. Се’ така правам, леќа, грашак, компир манџа.... Дома не се пожалиле