Сеуште купечка Леб обичен бел сечен на кришки за да ми е полесно, а за масло маслиново. А зошто не се става при готвење? Некогаш и путер ставам.
Извор: деца.мк Е сега, колку и да немам абер од медицина, крвната слика од секогаш ме интересирала и имам колку-толку логика. Еве од доктор напоменато дека референтните вредности се разликуваат кај бебе, дете и возрасен. Цел ден барам текстови да прочитам, за да сфатам дали пониско железо/хемоглобин влече употреба на препарати кај бебиња. И да знаете дека не мора. Во првата година од животот, хемоглобинот се заменувал, од фетален во адултен, па вообичаена е тн. физиолошка анемија. Ама за да се продава сѐнешто, ќе купуваме. Потоа, се чудам зошто на секоја крвна слика лимфоцитите му се покачени малку... А леукоцитите во ред. А тоа да значело дека имунитетот е неразвиен и тие како дел од одбранбениот механизам на организмот, се повисоки. Сѐ така до кај 6та година, кога полека се намалуваат. И уште да најдам за намалени неутрофили, ако знаете, пишете. И после доктор гугл, е па да, нека се лутат, ама ем не објаснуваат, ем одма со хемиите. Жити педијатрите
Probotalife baby oregano спреј. Еден е,од таа фирма само нагласи дека е за бебе. Јас го почнав околу 15ти месец. Еве сега кога настина 1-2 прскам оригано 1-2 синомарин. Пробај и со лепенките спиранто и со мастите од билки што се на база на еукалиптус. За инхалацииве не збори, го купивме инхалаторот минатиот месец. Тогаш имаше бактерија и многу долго беше со симптоми (плус корона закачивме) и бевме очајни што не го сакаше "диши диши" како што би рекол он. Педијатарот не советуваше да му го даваме кога не е болен да го допира, на мечиња да инхалира итн за да се опушти. Тогаш се откажавме, сега на шала мм му вика сакаш диши диши? Да. Седнавме сите на маса,мали кај мене во скут ,собравме играчки ги инхалиравме,јас маска ,мм маска ,мали маска циркузи За живо чудо, седи еве два дена. Само би побарала совет од поискусни, дали спреј се прска пред или по инхалирање,дали треба да се инхалира два пати дневно (при проблем со нос,со физиолошки) и дали не смее да се излегува надвор после инхалирање? Вода купечка давам Ладна откако почна да пие вода. Млеко не пие,уште цица. И кога ќе престане да цица педијатарот вика не треба да пие. Доволно е да конзумира млечни производи. Од млечни мојов сака само урда,кисело млеко и јогурт. Кога правам ист ручек како нашиот го запржувам со сончогледово. Кога ние јадеме прженици,а му готвам него друго користам путер или директно ставам да се вари зеленчукот. Леб купуваме тазе од фурна или од продавница тие што траат еден ден. Потребно е да се избегнуваат тие со долг рок на траење.
@Sofi.ja мислам дека инхалација кај нас би било не замислив поим.. едвај поминувам со аспираторот . Исто игра на мечињата со цревчето ,доаѓа кај мојот нос, кај неговиот го носи.. но кога ќе дојде реално да му тргам секрет од носот хорор е купив спреј денеска еве втор пат сега го прснав, и купив и налепници со ментол и еукалиптус па да видиме дали вечерва ќе се спие или не
И на мојава ептен и беше лош за пиење, никако не поминуваше, па и го дававме на лажење (демек и давам цуце и лажичето во уста, пробај така или залажи со некое јадење и следна лажичка сируп, кога се мора тоа е). Е сега уште полошо со тој сируп кај нас беше што цела се нафрли, па завршивме со сируп за осип (не ми текнува на името) на крај. Ако приметиш ситни брунчиња извести педијатар итно.
https://deca.mk/praktichni-soveti-o...9Tp88PUphQkUv8Wdy9xgxtwhVDdX9h_48Hlt0h9i0CHNo Ми се допадна текстов ептен! Баш да го прочитате, ослободување од повеќе родителски тежини кои самите некогаш и непотребно си ги создаваме
Мајка и мојата имаше тврда столица долго време, ја однесов на педијатар ни даде Дулпалакс да пие. Нас ни се среди од тогаш немаме воопшто проблем, сега цело време меко кака. Подобро да го средите проблемот со време. Гледај избегнувај компир, ориз, наместо тоа давај батат, тиква, и течна храна повеќе гледај. Леб избегнувај, давај но не многу често. На сабајле ленено семе или микс на семиња во јогурт потопени давај, и овесни снегулки исто помагаат со овошје.
Мајки син ми има 20 месеци, му се појавија две топчиња, има од двете страни, дали сте имале слично искуство..што може да е и од што....фала
Кажувајте каде се храните. Значи за жива глава нејќе во хранилка да седне. Место тоа, кај маж ми во скут и да брца со негов прибор за јадење. Не дека јаде, периодов и ништо не јаде, ама да се занимава со наша чинија и прибор сака. Има неколку збора само. Ме радува што прилично разбира на 3 јазици, па кога прозбори тогаш. Туку од пред некој ден има нов збор. На грчки. Вика псаи, треба да каже псаРи (риба), ама р веројатно и е тешка за изговор. Зема гумени рипчиња од летото што ги имам за во базенче што се, или покажува во сликовница на рибите и вели псаи. И еве се чудам колку поедноставни зборчиња ја учиме што се многу полесни за изговор.. таа за тоа се фатила. Од друга страна.. Веројатно е добар знак. Значи слуша кога и кажуваме. На име се врти од многу рано. Ама сеуште не знае да си го каже името. Не дека нешто посебно сум ја учела, ама нели така ја викаме, па претпоставувам треба да знае сама да го каже. Или треба и тоа да ја учам? Кога би требало да го знае тоа? 19+
Името мислам подоцна го кажуваат, иако си го знаат. Исто како со години кога покажуваат со прстиња. Ама за името, бар од 2 години натака, според мене, пред тоа малишани се, кај знаеле име да ти изговорат
@Yowannty истото го прави и синко . Хранилка веќе 3 месеци не користам, се врти се напиња да излезе. Кога е маж ми тука кај него во скут и брца со приборот по чиниите наши , зема се мачка ,ако стави нешто во уста се радуваме. Кога не е маж ми тука седи во столот од трпезарија и не му ваѓам прибор,го хранам јас ,со цртани и надеж дека ќе отвори уста. Ние сме 18+. Разбира прилично се. А зборови со значење неколку има само. Името не си го кажува, а си го знае, се врти кога ќе му викнам. Баш педијатарот го прашав ,ми кажа на 18 месеци деца заодуваат не па да почне да зборува. Здрав е прав ќе си почне пополека. Многу зборување со него,објаснување што е како е и песнички . Да не сум го кревала критериумот премногу . Јас секако мајка сум, загрижена но ете ајде ќе се трудиме што е до мене да биде стимулиран со зборување па здравје да почне . Ако не, постои логопед . Но мислам дека ќе биде и без тоа.
Имам потреба од помош за бројче на патики Првите ни се 21 на Geox вчера ја извадив влошката на беба скроз кнап и се И сега прашањето ми е Geox во споредба со Adidas како оди со брпеви???
Не знам за Геокс, ама Адидас имаат регуларен калап. Секогаш земам точно бројче кое го носат во моментот моите, а од Најк на пример секогаш поголемо, зошто помал калап имаат. Не ти помогнав, знам, ама да си кажам П.с. Имаш на глобалниот сајт на Адидас мерки во цм, најдобро така ќе измериш
Јас искрено како што сум паничар ,веднаш би се јавила на доктор. Ако не си го сторила тоа, иако е сабота ,пушти му слика на вибер нека не ти е незгодно. Може и да не е ништо ама зошто да се мислиш?
Ни од таму ни од таму. Имаат анатомска влошка која не треба да ја носи дете без препорака на ортопед. Дете проодува босо. А за потоа патики кои се виткаат како палачинка а имаат цврста пета. И се рамни внатре.