Кога е во фаза на проодување тешко дека ке шета. Ке лази паѓа станува, така ли ке ја шеташ? Кога ке прооди купи најк танјун, или некој друг модел на најк, адидас. Ти пишав што е битно да гледаш.
Босо за дома е најдобро ,и за да не се лизга со чорабчиња со гумици. Кај нас во дневна е се со плочка поради подното. Неможев бос да го оставам а неможев ни да најдам бројче мало со рамни влошки. Имавме малецко стапало. Му зедов од цицибан.Имаа ортопедска влошка но и покрај тоа му ги носев. Кога заоде убаво му порасна и стапалото за еден број па му земав патики од најк. Сме зборувале погоре за нив.
И да знаеш дека не ми помогна пошто планирам онлајн да нарачам а не сме имале до сега други сем тие од Геокс први и беа Како и да е ке мерам и ке спиредам и со мерките што ги има кај Геокс фала во секој случај
На ваквите прашања увек се јавува некој како мене и тебе "војник на Антоније" и стварно не знам зошто се запнати лугево со тие чевли за проодување.... Другиве ортопеди зар не ги советуваат родителите како нас Антоније :?
Зависи од ортопедот. Јас ги носев моите кај Димова, истово ми го кажуваше како Антоније. Има ортопеди што уште се водат по стара школа, за жал.
Не, има ортопеди кои велат дека може џампер, кенгур итн. Велат не треба ама ај може. Исто како што некои доктори велат дека може да пие аспирин ако мисли дека треба. Или може или не. Ај тоа, ама нели им е јасно на родителите дека дете кое е во фаза на проодување не може да го шеташ. Единствено во двор со трева ама треба ептен среден да е. Додека да прооди саглам не требаат патики.
Geox се мал калап, малку помал и од Најк. Мојава имаше чизми на geox. Земи најк 22ка. И да ги утнеш ќе ги замениш. За Адидас не знам. Јас најк претпочитав.
И пишав на педијатарот..ама мора до понеделник да чекам..викенд не фати..секако дека одма неа и пишав прво..сакав некое искуство да слушнам плус
Охххх и за аспиринот имав деновиве прашања пошто сум доктор ама не навлагувам во тоа.... И баш пошто сум доктор моите пациенти се советувани строго секогаш дури и кога тоа што го кажувам не е тоа што сакаат да го чујат (затоа и не сум секогаш омилена) па затоа не ги свакам ортопедите.... Бевме и ние кај еден што ни рече дека може џампер и си отидовме кај Антоније следно да @Annath има ретки што се веке саглам изгледа се бројат на прсти :/ исго како гинеколози @Yowannty фала на советот Што одговарате на коментарите До кога ке ја доиш? Нели и е доста? Затоа е со тебе толку приврзана:/ демек да не ја доев немаше да ме сака мене толку уфффф
И да не дојам ке е приврзан, логично кога е 24/7 со мене. Неделно вежбам 3 пати, значи 6 часа неделно е сам со татко му. И во тек на недела кога ке излеземе по 2 часа да купиме нешто за станот. Неделно дали 10 часа е без мене. Со мене заспива и се буди. Дојам 20 месеци и кога ке ме прашаат до кога кажувам до 2 години затоа што е здраво, сакам и имам можност.
Јас бев во ситуација да не само небитни личности, дури и мојата мајка да ме праша до кога планирам да дојам? Искрено за мене ова е мн дрско и воедно интимно прашање. Затоа што не е само прашање .Личноста која го поставува алудира на тоа дека правам нешто погрешно. И муабетот -е што млеко е тоа ? Какви придобивки има син ти ? Има преголеми . Син ми додека го доев не му протече ни носето. Ама на кој да се објаснувам и зошто ? Моја работа е јас сум му мајка и секако нема со комшиите да биде приврзано ќе биде со мене. Не можам да сфатам зошто се мешаат луѓето во такви одлуки.
Не ми е јасно оти тоа те нервира и плаши? Шо има лошо во брм? Сигурно не очекуваш да ти кажува за што точно стамува збор. Детето само сватило дека округлите работи можат да послужат за возење и тоа е многу мормално и сосема ок. Потоа спомна зборување. Знаеш дека до две години сега е нормално да не зборуваат? Кај Др е граница до 3 години, нема врска што проодел порано, те молам не се оптеретувај, не го форсирај детето за ништо и остави нека си брмчи. Мојава вика Аааааа по цел ден и мау мау, па сигурно не ми паднало да памет да се секирам. Буквално се знае, разбира, поврзува брзо и не кажува зборови и тоа што кај мене телефон нема, а Тв не регистрира. Јас и зборувам и и повторувам секој ден, па еве 14 месеци има и само мамам, татат, мау, деде, ам ам вика.
Мене од свекрвами од другарките што не доеле.... Од другар... Па као со подсмев демек доста и е као голема е јас примитивна се осетив Па од свеки зар уште имаш млеко, сигурно само така се лигави на цицка. Па какво млеко е тоа А кога ке си ја гушнам навечер пред спиење и ке виде дека ке добие млекце тоа е најубавото нешто на светот и си има млеко и си го бара и треба и се додека сум дома имам и можам ке ја дојам Па нека пукнат од мака
Исто е и кај нас Ама не нк очекувам нешто муабет од 14 месечно за мене бебе а ова со брмчењето мојата не брмчи за тркала брмчи затоа што и се допага звукот и знае дека ни е интересна па си брмчи Се разбира се поврзува а си збори некпи нејзини глупости ( лклклм. Ткл ткл. Ткл, мама, баба, тата, апап, ауау ајде, дете, бебе, меме е најново а никој незнае што е тоа И што знам лабаво се ке си дојде
Дали знаете која цена е преглед кај др. Ацо на детска хирургија во Ремедика... И на клиника од кој детски хирург сте задоволни...фала
Како што пишав погоре, прочитав и гледав на јутјуб као демек една мајка кажува дека нејзиното синче сите колички, тротинети и слично ги превртувало наопаку и со прстето постојано ги вртело тркалата, и како хипнотизиран брм брм цело време. На истото му утврдиле аутизам. И мојот почна да го прави тоа, го вртеше точачето наопаку, прстето на тркало и брм брм. И нормално дека кога ќе прочиташ такво нешто ќе се подзамислиш. Инаку е доста паметен, се разбира. Кога му се јаде прави со устата и покажува накај кујна или ако види кашичка или банана. Покажува кон предмети со прсти и сл.
Имам повеќе прашања: - Утешете ме, не маваат бедови детево не збори само вриска. 19+е. На име 20% се врти. Освен тато и некогаш баба друго не кажал, а и кога ќе ги каже не се обраќа онака си брмка сам. - Сакам да го дојдам до 2 години, но паѓа летен период, знам лето не се одбива. Дали може да го одбијам на есен значи би имал година и 3 месеци или касно е. Цица само навечер пред спиење. - Веќе втор ден ми кашла се засркнува изгледа како грлото му е полно со шлајм. Нос не тече. Со оглед на ситуацијава не ми се носи на лекар. Нешто на своја рака некој сируп да му земам? Страв ми е навечер се засркнува во спиење. - Ја немаме примено Мрп, а сега стасаа уште 3 за ревакцина. Дали ако отидам може д ми ги пуштат тие три, а мрп пак да а одложувам и до кога може? -Со одвикнување од пелени како ви оди. Ние абер немаме уште како да не е свесен дека мочање и какање треба во нокшир. Како да почнам? -Утешете ме дека е фаза, за се се мава од земја не знае за не, кога му викаш не со лош тон за инает пак го прави тоа те гледа и се смее. Не сум паметна како да постапам ме полудува.
- Дали се смее со тебе ? Дали те гледа во очи ? Дали си игра ? Дали воспоставува контакт со тебе невербален ? Дали кога игра или гледа цртан или било што се врти да ти се насмевне ? Ако е во ред се друго, говорот ќе си почне сам или со логопед во краен случај. Ако детето е заиграно или гледа во цртани не очекувај дека ќе ти се сврти на секое повикување. За доењето не знам зошто не би се одвикувало во лето. Знам дека препорака од педијатар во сезона на вируси е пожелно да доиш но тоа е секако твој избор. Носи го на лекар ако ти кашла. Прво јави се и ќе ти кажат дали има потреба. Ќе си одиш со заштита а и докторите се заштитени. Можеш мрп да ставиш кога ќе одлучиш ти а сега да си го ревакцинираш. Ама ако ти е настинато детето и за тоа ќе почекаш. Совет за одвикнување неможам да ти дадам,18+ сме, не сме почнале сеуште со одвикнување. Нормално е такво однесување за негова возраст. А ете имал и контакт со тебе, значи знае дека му кажуваш не и за инает прави уште така. Во секој случај за сите прашања што ги имаш убаво е да си направиш и со педијатар муабет.
На сите прашања е да. Освен што знам тоа дали си игра. Сам не знае да се заигра ќе земе некој за рака и да седи до него. Со играчки не е љубител не си игра баш туку со некои глупости од домаќинството. Кога гледа цртан е хипнотизира нема смеење