Нема,мораш да го ставиш капачето. Јас фрлив едно вакво,служеше за грицкање само.Единствено шише кое го прифати е она со цевка на Авент исто,што има полукапаче како крокодил. Јајце давам едно неделно,и уште едно распределено во мафини,палачинки,и сл. Неполна година е мојата,но дека не сум во Мк,по малце поинкви насоки се водам за дохрана. Денес јадеше ќофте печено,во смесата имаше јајце.Комбинацијата е потешка за дигестија,два комплесни протеини,но не е строго забранета.Овде кај мене периодот од 9-12 мес служи за преод на фамилијарна трпеза,па во зависност од желбата на бебето,може и смее да јаде иста храна со возрасни,секако без сол,силни зачини и длабоко пржена.
и така сме пробале. И брат му исто миеше заби малото го гледаше и со четката почна да жулка по чешмата наместо во уста
Да.. неќеше ни да проба незнам во каква фаза ми е детево ,се надевам нема друг проблем. Пробав после само палента ја вртеше главата.. па на крај му дадов кисело млеко попара со леб. За ручек неќеше манџичка, среќа и проја имав направено за нас па тоа јадеше и малце јогурт испи. Вчера цел ден јадеше леб и кашкавал. Незнам како да постапам дали да не му давам оброк па со следен да пробам . Стварно не сум паметна што да правам
На пријтелка тоа и советуваа... Или јаде тоа штп има на маса или чрка следен оброк Ама јас не сум имала таква мака па да ти паметувам од искуство ич незнам една другарка малата само ако има банана во јадењата ги јадела.... Ама пак не зборам од лично искуство
Женски, дали малишанки ви шкрипат со забите? Ужасно шкрипи, пукнав, ги трза горни со долни и се слуша ужасен звук, веќе некое време вака прави. Умирам од страв дека ќе си ги испокрши. Излезени 5ки некаде да сподели искуство?
Мојата ги шкрипи Јовантти. Ја приметив пред околу месец, четворките растеа, а сега во моментот и искачаат тројки и тоа три во исто врреме... И мене ми е многу језиво за уво, а и незнам дали е за загрижување таквото шкрипење?
Па не знам веќе ни јас. Така прават на почеток кога никнуваат првите им е интересно и сите велат дека е нормално. А сега ги има сите освен 5ки, и мене многу страшно ми звучи. Како многу сила да вложува ми изгледа кога ја набљудувам од страна. И ја прекинувам.. Наоѓам нешто да се занимава само да не праи така, ама џабе по кратко пак шкрипи.
Излезени се 5ките сите и пак шкрипи? Јас пак се надевав да не излегуваат 5ки па ја чеша и дека ќе престане да шкрипи ако и излезат 5ките.
И мојата шкрипи од прв излезен заб На секое ново јавено запче и текнува ова да го прави језиво ми е А сега никнат 3ки и 4ки
Шкрипеше коа почнаа да излеваат првите запчиња и после тоа престана. Ги има сите од кец до четворка и пред некој ден ја приметив пак ама не така често како на почеток
По долго време го ставив синко во креветче, немав избор додека да наместам кревет. Му купив перница и од вчера на неа спие. Еве сега спие како што го ставив, не менува положба сеуште. Дали е можно да му фалела перница? А се на мојата се качуваше во послесно време.
Шкрипи и моето, од нервоза во носе, сега мислам тројки растат, ама не е толку често, обично е период од неколку дена па ќе престане
Од кога заврши 8ми скок, нас тогаш не фати скокот Протестира за денско спиење, јас го ставам во креветче кога му е времето за спиење тој станува се исправа и почнува да игра, да ги фрла чорапите, да ги гризи нозете и се така дури цел еден сат. Не знам можда грешка правам со термините за спиење, станува во 5-45 па кај 9, 9-30 го легнувам да спие. Ама еве два дена протестира, да е за една дремка не верувам затоа што 12+++ сме. Навечер не се будеше, ама сега во 2 сатот станува од креветче и додека не го наместам пак да спие така ќе седи Еве вие што го имате поминато овој период кажувајте чаре?