Здраво генерацијо, еве пораснавме и ние 13+ сме...туку да прашам дали давате солени стапчиња на децата? Јас лично не давам, не е здраво, туку свекрвата( без моја дозвола) дава за да било мирно детето... Исто и чоколатце дава.Да се нервирам или не?
Солени стапчиња? Грисини мислиш така ? Ако е за грисини јас давам, ама не често. И не може којзнае колку да изеде. А чококадо не давам, арно ама големата јаде и додека се свртам и дала. Така шо.. Скоро 14 месеца екај мене.
Не мафта уште за Чао, ме прати кога му мафтам ама нема фитбек моето нема многу косе ама шишкичињата му одеа в очи па зедов сама рамно му ги потшишав и сега личи на Лојд од глуп и поглуп
17м е мојата не знае шо е киндер јајце а не нешто друго. Многу сум против. Додека грисинки давам некогаш, ама ретко не ги сака баш.
Давам се што јаде. Киднер, стапчиња, битно да меле. Сол по 1 година треба са се дава. Мала количина ама треба.
@Pocahontas9 јас некаде од 15м почнав да и давам стапчиња грисини , од благо иако и имам давано , не покажува голема заинтересираност. Сега е 18м и и давам се ама гледам да биде ретко. А нема зошто да се нервираш. Јас така со првото се нервирав кога и даваа помфрит ама потоа сакаш нејќеш ќе тргнат во градинка па по родендени и ќе јадат се и свашта таму. Секако , гледај колку покасно толку подобро и да не е секој ден.
Јас имам едно правило, стално ми важи. Кога одиме некаде нагости, дозволено е се да јадат. Освен малата ( 14 месеца, чипс не и давам, оти нема заби и не може да го јаде и сок оти не знае да пие од чаша и шише ) На големата се и давам, ништо не и кратам, и некогаш срам ме фаќа, бидејќи се лепат до масата, и се однесуваат буквално како да не виделе. Јас дома давам смоки, 2 пати неделно, и можам да претерам 3 пати некогаш. Грисинки надвор давам да се занимаваат. Знам да купам од тие оризови галети со се, тие ѓи сакаат, и така комбинации некои за да не им здосади.
Треба мислиш баш треба, препорачливо е, корисно е или само да се подобри вкусот, односно дека е дозволено по годината...
Смоки по две три од хип мислам беа, без сол се. Инаку благо нејќам да давам, ми е страв дан му се бендиса па да ми одбива друга храна. А бе бабине па тие одма на благото какви се значии. А да се понудеа нешто корисно да му направат? Манџиче несолено на пример. Едната му баба ми вика дај животинско да му дадеме - никако ѝ викам, 50 грама шеќери се, уште не чоколадо, е се повлече што ќе прави. Што фајде на едногодишно дете од благо, празни шеќери бе. Вистина му требаат за мозокот, ама си прима од овошје зеленчук, житарки. Мислам доволно му е
@prinstongirl2 Покажува да, кога сака нешто со прстето. И кога го прашувам кај е мама, тато, кучето, телевизорот и слично се врти и покажува. Некогаш знае и само да се заврти кон предметот. Ама цело време му покажувам чао чао, папа и пак џабе. Кога го носам пред огледало, гледа само како да го откорне од ѕид. Како мал му беше интересно, сега не. Ах леле не можам на раат да спијам од глупостиве негови!
Ахаха де бе, стварно немаш причина за грижа. Се глупираат, деца се. Нормално дека нема да ги прават сите работи што ние сакаме тогаш кога ние ќе им речеме. Ќе видиш ќе почне да мавта наеднаш сам. И се друго. Машкиве се стварно потешки на почетокот..
Потребно е, потребен му е на организмот. Претходно бубрезите не се развиени и не може да го процесираат, а по година веќе треба да се дава. Ако е во ептен мала количина солта не е зло, ни за деца ни за возрасни. И лино има смоки без сол, подобри се од на хип и на бејби лов. Синко најмногу ги сакаше. Синко кога не јадеше ни благо не бендисуваше. Да се дообјаснам иако добар дел знаете дека имам дете нејадач. Јас од мака давав чоколади, не ми се прв избор. Да е дете кое јаде се, немаше да давам чоколадо додека сам не побара.
Машкиве се побавни во некои работи, а и во свое темпо, сами си го диктираат и не прифаќаат. И мене така ми се ѕвереше ко некое ѕвере кога му покажував нешто да прави. Ама рано му беше. На 11 месеци научи да мавта, за мавтањето треба добра координација, и е баш поголем чекор, исто и почна да шлашка. А бакнеж не дава, не имитира. Додуша што има бе бакнежи да дава, поженски гест ми е. Речи на женско, одма ќе ти врати, а машко никако. Сега ќе ми се нафрлите, што ги делам вака на машки и женски гестови ама па така е што, ко некое девојченце да бакнувал, како не! Доволно ми е мене што ме шлапка на нос, се трие од мене и си правиме бууц. Со прст не покажува, имаше слаби обиди, ама не. Само се врти кон предметот и го гледа. Мислам дека многу брзо ги учат имињата на предметите, затоа само да им се зборува. Почна да разбира и дај ми го тоа, па го пушта рачето и го враќа назад. Сега е проодувањето во тек, најголемиот "чекор" да се направи првиот стабилен чекор
@RAK91 Моево е 16 месеци, да не претерам ама пред месец два почна да мафта и да плеска. Бакнежи праќаше едно време кога беше помал, па престана, сега скоро пак почна. Мислам дека до скоро се занимаваше со проодување, па сега на ова му дојде редот. А за покажување со прст (мислам дека се важи и со цела дланка ако е), одамна покажува. Сега веќе како разбира сѐ, обожава да го прашувам каде е тоа и тоа и он да покажува. Зборењево уште абер нема и мислам дека потсвесно сум напната пошто пред некоја вечер сонував како ми вика да му дадам нешто... Сабајле се посегна по една книга и испушти едно "баа", си викам може бара book, т.е. се тешам, не знам. Ќе го чекам, еве плескањето и мафтањето покасно ги извади, може и со зборувањето така ќе биде... За јадење, грицки уште му давам бебешки, бисквити и пуфки без сол и шеќер, некогаш оризови галети што се со сол, ама па колку сол е тоа. А и ретко, ако јадам пред него и ако сака и тој. Друго не давам зашто мислам дека има време цел живот ќе јаде глупости (освен ако не се навикне на здрава храна, haha I wish), па не го брзам. Кога сум кај јадењето, сте мереле ли количински колку јадат на ручек на пример? Ако јаде нешто како манџа или каша од житарки и зеленчук. Понекогаш си мислам да не го прејадувам. Макарони ако јаде, јаде дваесетина, ориз околу 30гр па варен, а ако му правам на пример каша од просо со зеленчук, околу 200г му давам. Многу е?
Никогаш не мерам колку јаде, ниту пак мерев оброк кога почна да јаде. Ако има за ручек пример месо и зеленчук повеке врсти најбитно ми е од се да има каснато. Ако е манџа задоволна сум и од пола ама немаме проблем се си јаде. Не верувам дека можеш да го прејадиш знаат колку им е доста.
Моево мислам како до вчера ништо да не знаеше да прави и преку ноќ се знаеше сега има 12 месеци знае да мавта за чао, покажува со прст ако сака нешто, покажува кај му е носето, имитира животни (засега ау за куче и мау за маче, и за крава понекогаш р'жи многу ми е смешен ), знае браво да прави, кажува мама,тато,тета,баба итн.. колку е голем покажува и сега после роденденот научи да кажува со прсте дека им 1 годинка во меѓувреме прооди и мислам се тоа наеднаш се деси, како до вчера да ми беше бебе а сега дете, буквално.. мислам дека нешто од ова има удел и градинката, а секако и јас дома многу му зборам и читаме, имитираме звуци, заборавив да кажам и за колата знае како прави одма брмчи кога ќе види јас си се испофалив, ама многу ми е мерак кога прави нешто ново
Јас за оваа нон стоп се расправам со стариве; и никако не можам да му докажам дека е штетно давањето чоколадо ; тие пак по старо си терат, сега пак бел леб на сабајле му пикат во уста и после не сака да јади.. Тешко е многу кога зависиш од други ; не можиш да знаеш што му дават цел ден додека си на работа и да кажиш едно тие пак по старо си тера.. И се нервирам многу го навикнаја да јаде обичен бел леб а сите знаеме колку е штетен...
Во Велес има една фурна " Фурна на којник" се вика, и давам таков леб затоа што буквално за 3 дена фаќа мувла бидејќи нема препарати. А од овој на Жито Лукс не ни помислувам да дадам. Исто така и домашни правени лепчиња давам. За некој ден полни 14 месеци. Прави "чао" со рачето, и ако и речам дај пољупче дава. Прави "здраво" ја мрда раката горе доле. Бацува кукли, мене, татко и , сестра и. Гушка. Ако и се пие вода, шлапка со муцето и ме носи кај шишето со вода. Ако и се јаде, отвара вратничиња вади чиниче нејзино. Ако речеме одиме чао, застанува на врата и чека. Од пред 2 недели вика "мама" со значење, ако излезам од соба ме вика, или ако работам нешто а сака да се гали вика "мамааа". Сестра и ја вика "нана" ( Јана). Знае да рече тате, ама кога му се обраќа и него му вика " мама" Ако го земам телефонот вика "баба", оти и ѕвониме на мајка ми да се чуеме преку Фб на камера. Зборчето "на" го користи за Дај и Повели. Ако сака нешто го пружа прстето и вика "воа" по велешки Знае само кучето како прави, го плази јазикот и диши брзо, па за сите животни го прави истото. Имитира кивање, кашлање наше. Намигнува, се плази со јазикот. Прави да пукне. Ако падне нешто вика "бам" и се фаќа за глава Ако бутне нешто прави "иии", ако се удри некаде, оди и го мава местото оти ја удрило " на нааа" Ако ја искарам, или ако не и дадам нешто, се лути и легнува на земја да плаче. Зема чешел се чешла коса. Се качува на кревет, знае веќе и да се симне, ама не е стабилна сеуште. Сака да фрла книвчиња во корпата за ѓубре, па оди отвара и фрла, а често знае и да прибере нешто од таму, па сеа тоа се учиме дека не треба да зима. Надвор кога сме лудница е, сака да шета она каде сака, а не право по пат, па наместо надоле она фаќа нагоре или друга кривинка, затоа во парк ми е супер. Е сега, едно ме мачи, секое соблекување детево се чеша, на ножињата, и на мешето, иако има сечени нокти пак се прави со гребаници. И ако отидам некаде на доктор, тадури срам ќе ми биде ќе мислат дека го малтретирам детето. Не се чеша иначе, тоа го прави само кога менуваме пелена. И јас знам така да си се чешам, кога сум на шоља И знам не е нешто за сеќирање, ама пак...