Ај здраво! Не сум уште за во темава, но ве прочитав за чешањето. Моево не само што се чеша по стомак, по нозе туку си ги дрпа курето и тестисите, а бе ќе ги откорне кога ќе ги грабне. Па ќе му се здрви курето и се смее Ептен е среќен и едвај чека да се стиска насекаде кога е гол Читајќи ве за чешањето, ваљда нормално е.
Најдобро е од дента да биде. И малку треба да има за пример. Оние стерилни чашки што се за измет, на капачето имаат како едно лопатче, е со тоа колку фанеш толку. Не мораш да полниш цела чаша. Јас за децата не сум зимала сега за сега. Ама знам за мене кога одев на работа како требаше. Не знам дали си дала цеден портокал да испие, кај мене од тоа се празни големата ептен.
Колку време има запек? Помага ли нешто од јадење? Сируп пр8ба ли на природна база? Синко има запек од време на време, ама слива, патлиџан го протеруваат. По потреба и прашок давам.
@srekice колку време трае регресијава у спиење на година ипол? Ќе се мрднам веќе мислев завршив со овие работи коа го затворив 10ти скок.
Скоро 2 месеца кај нас беше. Сега иако помина, сеуште не спие мирно и има многу лесен сон. Не знам што и се деси... Ќе споделиш искуство во баланс бајкот? Стомак не чеша, ама затоа секогаш кога е гола си чачка во пупак и го вцрвенува. Мене ми е многу језиво ни сама не сакам да си го пипкам сем кога морам, кога ја гледам како си чачка целата ежам.
Најнова занимација - фрла што стигне. Се започна од коцки, кои јас ги фрлив, си зема здраво за готово и тоа му е забавно. Има многу добра меморија, памети каде биле со баба му и каде му купила играчки пред месец и повеќе. 20 + нема огромни промени. Се е едно ниво над, подобра меморија, моторика, вокабулар проширен. Висина и тежина ке мерам денес утре.
Имам убава книга за milestones на деца од 12-24 месеци, па зошто многу мајки прашуваат и се секираат еве сликички до 17 месеци, а после ќе досликам за до 24.
Аххаха не ќе да е тоа чешање, и моево исто прави со курето веќе поодамна, си викав да пишам на темава ама си размислив дека повеќето машки бебиња најверојатно така прават.. И поголеми прават, па маливе што не разбираат ..
@KuklickaSk благодарам многу. Вака напишано секоја мајка ке може да го следи развојот, и ке знае ако треба да реагира.
Да, многу убаво е објаснето со можеби ќе може дури и... пример син ми, во некои делови е понапред во деца кои 'можеби ќе може дури', ама во некои е во првиот опис. Но важно е да знаеме дека се е тоа во рамки на нормален раст и развој.
Јованти баланс бајкот ќе почека уште некој месец изгледа. Го преценив бебе Некако не капира што да праи и неможе да го држи сам. Неможе ни да ја префрли ногата сам. А не е баш ситно дете. Не знам дали уопште да го форсирам или да причекаме уште некој месец Кацигата нема шанси да ја стаи на глава ме тера јас да ја носам Дома има онакво бебешко дрвено мало точаче со 3 тркала и тоа супер си го бутка пример, балансов му е чуден изгледа зашто неможе да си седне така Вие возите? Регресијава ме уништува. Ова најдолго трае од се до сега... Едит : Сега читав од постираното на @KuklickaSk. Со говорот сме дефинитивно најслаби. Друго горе доле тука сме. И од чаша не знае да пие. Тоа го пишува во 17 месеци уште.
Исто и син ми. Уште пред два месеци може и повеќе се качува по скали, а тоа е наведено во 22 месец. И шутирање топка исто така. Знаев и сама дека моторика му е јака страна, и разбирање. Говорот е доста послаб во споредба со се друго. Ме интересира за говорот, секој збор се смета, така? Мама баба тато итн? Синко твој колку е висок? Знам дека се тука некаде со синко, со 2 месеци разлика, или 1?
Многу траеше кај нас. Можеби месец ипол. Таман мислев се оправи и почна да спие, сега на 22 почна тројки да вади. Душа ми извади. Синоќа одвај вкупно 5 часа се на се спиеше. Ја незнам што се дешава Мислам никогаш нема да заврши ова.Ќе поврзе со онаа регресија што е на две години.
17 месеци има и е многу висок, 93/94 cm со 16.6 кила,носи облека за 3 години и патики број 25 Ама гени, и татко му така бил. Не ми треба теретана мене Исто моторика му е посилна страна, трча, се качува по скали од 16 месеци, се лизга сам на лизгалица, подава топка, јаде сам со вилушка и лажица, покажува во книга многу работи, ама чекаме повеќе зборови да почне да кажува. Инаку се смета за говор се што кажува со значење. значи ако вика баба за баба му , се важи. И не мора цел збор да го кажува точно за да се брои, туку пак се што кажува со значење. пример син ми вика нана кога ќе види банана, буе кога ќе види фен, бр кога ќе види кола, њам њам за храна, и тие му ги бројам
Ај тука ќе прашамкај веќе поголемите.. Дали вашите деца ставаат вуста играчки или ставале па прекинале веќе... Ние смепомали 9++ и се став вуста ама баш се.. Го земи играчето го види и вуста си го џвака, лижи... Нз до киг трае оваа фазаа
Машала машала, големко е колку моето, а има 2 год и 8месеца Чим толку кажува, очекувај да се пушти веќе и повеќе да зборува