Копија на баткото мој. Носи патики 27 мислев му се големи и ги кренав вчера случакно му ги пробав и таман со 1 прст луфта. Алишта носи 4 до 5 години. Има 2 години и 4 месеци.
Здраво мајки, конечно да се префрлиме тука. Правам копи пасте од постот кај небињата шо го објавив и ќе дополнам. Мајки помош!!!!! Поради заб издуен образ ми прњпишаа антибиотик кој оди во млекото, не е пенцилински бидејќи сум алергична. Не сакам да го одбијам детето 13 месеци има, дали ќе успеам после една недела од антибиотикот пак да почнам да ја дојам или нема смисла, ќе се изгуби млекото, ако само молзам. Не знам како психички ќе го поднесам тоа и да не добијам пак некој мастит одма да прекинам???? Плус нема пиено ни формула миту кравјо, како и дали ќе прифати? Ако треба да воведам млеко тогаш формула, која ми ја препорачивате за бебе 13 месеци и како да почнам? По колку оброци со млеко имате? Мојот заболекар ме прати на клиника пошто он нема појма и искуство шо да ми даде и како да ме третира сега пошто сум доилка. Тие биле модерни антибиотици шо му ги спомнав он немал со нов искуство само со трудни и анрибиотици. Цел ден трчам од таму на ваму. Плус денеска и двете примаа вакцина за менингитис. Се надевам дека ќе биде се во ред и до вакцината.
Машала, нека е жив и здрав. Од генетика не се бега, ако сте вие високи и тој ке е. Ама и тоа е индивидуално, маж ми се извишил во 8мо, од просечна висина сега е највисок во друштво, 190 е. Огромно влијание има и храната, кажувам постојано дека мака мачам со апетитот, а и екстра темпераментен е, последни две три залчиња во одење ги дојадува. За тебе знам дека имаш дете кое си јаде и нема ништо поубаво. Синко беше 87 пред 2 месеци, извишен е, ама не сакаше да застане денес да го измерам. А кг не знам колку има, 12 мислам, 13 преку сила. Еве го сајтот каде што можеш да провериш кои антибиотици не се лачат во млеко, http://www.e-lactancia.org/breastfeeding/salbutamol-sulphate/synonym/ На оваа развиена медицина стамота е да не можат да ти најдат антибиотик кој оди со доење. Што да беше бебето 2 месеци?
За антибитикот не знам што да ти кажам, иако знам дека многу доилки пијат "некаков" ( оти не се разбирам од имиња затоа пишав вака), и дојат без да прекинат. Најдобро да се консултираш до некој доктор што знае. Иначе, јас ја одбив малата пред неполн месец, а не пие ни Ад ни кравјо. Давам кравјо само во кашички. И јогурт исто така давам. Не ни форсирав да пие млеко, шише со цуцла не фана. Прифати само купечко шише вода "Јана", и само тоа пие преку ден.
Негде прочитав дека Клиндамицин ти е антибиотикот, јас имам пиено и дојам плус, безбеден е 100 % Еве да видиш
Терапија ми е 3х2 ама јас ќе пијам денес по едно да видам дали ќе има бебе пролив. Пише така у упатство. Абе сам доктор, сега ќе видам АД ДА воведам по малку. Како да почнам, знае да ми каже некој и погоре прашав?
Гинекологот ми е многу старомоден, ќе каже голема е веќе одбиј ја! Не у болница ми рекоа безбедни се за пиење, се консултира некаде заболекарката ама у упатстбо пише дека може може пролив дури и габична инфекција у устата да собие па мора веднаш да се прекине со доење. Почнав да ги пијам ама почнав со помала доза. Јас бев и у болница кога бебе беше две недели старо пораси мастит и застој у крварење, и тогаш примав антибиотици ама тие одеа со доење, а тие шо ги примав тогаш ме одговараат за заби и џабе ќе ги пијам рекоа.
Да бе, и у аптека една нели и е доволно? Абе ако треба ќе се прекине и со доење, нели за здравје се работи. Ако и др варијанти не преќинувам.
Има многу антибиотици кои одат со доење. @Annath @Spidy се забарки, ке ти потврдат. Доволно е кога ти и бебе ке одлучите дека е. Не некој од страна.
Ми треба помош Колку цм им купувате подолги патичиња на дечињата? Малата стопалото и е 13.5 цм и треба да и купам која должина патичиња сега Ај ако знае некпја поискусна мама нек ми каже
Клиндамицин е генерално безбеден за употреба при доење, јас само препорачувам пробиотик за бебето. Се излачува во млекото во одредена количина, но за дете кое има воведено 3 оброка (што би требало на 13 месеца да има), не би требало да внесува доволно за да предизвика некаков проблем. Исклучок се само алергии, кои доколку детето не примало антибиотик до сега не може да се знае дали ги има. На крајот од денот, доењето не треба да биде пред твоето здравје, ако имаш инфекција која треба да се третира, само полошо ќе направиш ако примаш помала доза или послаб антибиотик заради доењето. Колку што е препишано од докторот, треба да ја примиш целата доза за да има ефект.
Слободно пиј ги, ти кажала и колешката погоре, за бебето обавезно пробиотик. Ова е генерално безбеден антибиотик, многу мала количина се излачува во млекото.
И јас така си претпоставив и според size chart на нет од nike 25ка е 14 цм па се мислев дал 25 или 26 да земеме срека отидовме до продавница пошто не јадеше јанза со се малата па и ознесов патиче 25 да и пробам.... Малата пливаше во него јас незнам каде ке ја утневме битно сватив дека nike 23.5 е број за неа пак и беше 1 прст поголемо ама не пливаше А стопалцето и е точно 13.5...... 5 пати и меревме