Не покажува со прст, се врти накај спомнатиот предмет, го бара. Сепак, не се роботчиња на навивање, секое за себе си е приказна.
Ама тоа треба повеќе пати д аму кажиш како де вика предмето п за да научи што е и д се врти нели... Евемоево е 9 ++сег тоа учиме.. Лола кравта на тв песничка и ја учиме каде е лола за да види во тв... Имам едно бебе на ѕидот и тоа каде е бебето... Оф имитирање само кашлање друго не.. Хо учам и на чао ама само ме гледа..
Ама мало е бебето, не очекувај многу работи на 9 месеци. Мојов е точно 1 година, па нешто прави нешто не. И на 9 месеци го учев чао и сфатив дека не перцепира чао што нѝ значи и оставив, и сам на 11 почна да прави чао со рачето.
Мојата сфаќа многу бргу, еднаш да и кажеш и одма го запомтува. Пример некни и вика маж ми, на Грчки оти Грк е нели на пижамата има маче и и вика каде е мачето мјау, мјау еве го и и покажува на блузучката и го гледа она и се смее. После 5 мин она си играше сама и вика каде е мачето, каде е о она се фаќа за блузичето и го гледа го фаќа како да го гали. И толку. Сега кога и да ја прашаме за мачето одма се фаќа за блузата и гледа дали има маче Знае кај е кучето, кај е пилето, кај е бато, тато, мама, вујче..... со татко ми и со брат ми на вибер се слушаме и брат ми на камера и правеше брм бр бр со раката на устата и другиот ден само што го виде на камера она самата почна да прави така, колку се изненади брат мии само ваков остана Преку ден кога ја прашувам, како прави вујче, одма ми покажува сама Ептен се паметни значи мозок се денешниве бебиња
Да знам оти е мал еве вка кога прочиташ некок нештп ти кажи и одма анализираш.. Мајка ко мајка секоја се нашла во ткв ситуација верувам д испнили за нешто... Сега го учам одредени зборчиња нешто што го гледа секој ден д нема многу информации ноби зборови одеднш.. Истп и тапши тапши си први сам коче му текни и брвос некогаш ке плесне кога јас ќе плеснам... Сега го учам и тато каде е да се врти д знај тој збор тато што е.. Ама сега почнува да резонира и уште не знае
На 10 месеци има поголем скок, кој за мојов се покажа поголема развојна фаза, тогаш почна многу да возвраќа. Така што сѐ во свое време, има периоди забрзано учат восприемаат, без гајле.
Се претерува малку со некои работи, кај им текна сега ова дека дете ако врти тркалца од точак,кола и сл е ран знак на аутизам значи кои глупости Божее.. на тик ток да не го има видено случајно ова? Па скоро сите деца си играат со тркалцата кога се така мали. Мој совет е да не се загрижувате за се што ќе видите на интернет
И да не гледате и истражувате одма на интернет одма после ‘првиот симптом’. И јас сум прв пат мајка па не сум толку потресена за сенешто. Се разбира дека ако има некој проблем треба да се реагира ама не на нет, свашта има, обавезно ќе се најде некое негативно видео или статија.
Синко многу си ја сака количката што ја има, една од омилените играчки му е. Исто ќе ја вози вози по паркет, ја треска, па седнува и ги врти тркалата. Постојано вака прави, ама не ми е за загрижување. Едит: имаше уште една количка ама ја мавна неколку пати и отидоа тркалата
И кј нас има таква ресичка.. Гор3 излегојљ запчината и серазделени ама бш се познава таа ресичка измеѓу.. Нз кога е најдобрљ да се консултирам со некој околу тоа...
Јас денес се.слушнав и со нашиот стоматолог, му испратив и слика да види како и се забчињата и ми го рече истото што и вчера ортодонтот, додека не излезат и другите забчиња не чепкаме ништо. Им верувам и на двајцата и веќе не се распрашувам околу таа тема
Мојата од многу рано почна да капира некои работи уште на 6 месеци почна да мава на чао, да прави “ѕе” и по доткаи да вика дада. Кај некои бебиња порано кај некои подоцна. Таман работа да се вртење тркала зНак за аутизам. Успат да прашам, кравјо со висока масленост се даваше или со ниска? 3,8 или 1,5? Нема да дадам АД ќе давам кравјо за со мусли или бисквити, по потреба на маж ми ако ја гледа и шише. За големата давав тогаш кравјо.
Фала! Денес нешто досадна со тие прашањава имам уше две прашања: Прво како правите домашен јогурт и со што? Јогуртот не ми го сака го плука и се гади, пробав да и направам домашен овошен јогурт не го јаде. Дали со павлака или Кварк ( незнам дали има у мк) И второ како правите домашни мусли и со што? ај и трето од кога се даваа бадеми лешници и сл? Сум купила мусли со бадеми ама не се сњќавам од големата ништо како сум правњла и како сум давала
Не правам домашен јогурт ни домашно мусли ама рецепти има сигурно на нет. Јас давав после 14ти месец апетисани. Поточно бадем и орев, па месец два подоцна и лешник. Едит: има овошни јогурти(како пудинг) на хумана . Во зегин ги има,мојот многу ги сакаше , а сега не отвара уста за нив, но види пробај.
Сега е 2 год и уште малку 4 месеци, подобар е каде каде сега, сношти на пр стана само 1 за вода и мирно спиеше, сеуште не врзува цела ноќ сон но подобро е Мене ми велеа ќе смени после 2 год, вистина малку смена, уште 2 петки горе останаа да излезат и крај со заби
@ddevojce ако почне да пие и друго млеко одлично , кај мене ниту големата ниту малата сега сака да пие АД млеко , само цице , ама јас грешка направив може што не ја учев да пие од шише со цуцла , сега веќе касно е. Само кравјо ќе се напие и тоа не којзне колку може 80мл на ден и тоа само со мед/какао , вака не сум пробала да и го дадам. И незаблажено млеко и ставам со бисквити или од моите Нестле фитнес сака многу да јаде денес пробав да и го дадам со овесни снегулки , не и се допадна. Јогурт исто не пие , ептен кисело млеко што јаде. Овошен јогурт не сака. Смути исто. Лешници и дадов во бомбици правени со банана , урми и лешници. Прв пат сега на 18+. Ми беше ептен страв да не има некоја алергија ама не се случи ништо
Фала, утре ќе пробам да и дадам сабајле да се напие чисто млеко. Се напивала по две три голтки од доткаи кога пиела ама дали ќе го пие не знам. Од коќе воведам млеко ќе пробам да и дадам малку од тие муслите, да видам дали ќе прифати да не извади некоја алергија. Земав и пробиотик денес ќе и дадам поради антибиотикот шо го пијам, таа у аптека пак се погоди ме изнервира НИКОЈ НЕ ДОИ БЕБЕ ВЕЌЕ ТОЛКУ ДОЛГО, ГЕРМАНИЈА Е РАЗВИЕНА ЗЕМЈА ИМА ОВДЕ СЕ, ДА СЕДНЕ БЕБЕ НА МАСА МОЖЕ ВЕЌЕ ДА ЈАДЕ СЕ!!! И велам големата ја доев 27 месеци, и ова исто!!!