Воглавно срамота било големо дете да се дои. Ова го сфатив од луѓево околу мене. Мајка ми уште ми се фалеше како таа до 9 месеци не доела и немала ич мака. Кога и објаснав кои се придобивките и зошто треба да се дои додека се може и падна незгодно самата си рече - леле колку прост народ сме биле порано.
Епа да на мајкати ке и објасниш Ама на секој ли треба, на комшии на пријатели на свекрви сите "Уште зар ја доиш" мислиш кривично дело правам
Големата ќерка кога беше 4 месеци , една комшика ме праша како не ми е досадно да дојам. бог да чува Еве линк за бомбиците https://www.google.com/amp/s/mojasl...m/2015/12/23/kuglice-sa-bananom-i-urmama/amp/
Камо само порано да беше прост народот! Исти сме и сега, само што сега имаме милион извори на информации и уште поголем срам е да се мешаш коментираш во туѓи работи. Јас не знам чуму тоа прашање поврзано со доењето... Еве порано кога се дружевме повеќе со едни комшии, малку постари од нас, ќерката дури им беше малечка, мајката ја доела до 3 години. Тешко на почетокот ама потоа не им се прекинувало. Кога ми кажа таа колку долго ја доела, јас не припаднав в несвест, додуша и не бев свесна што значи тоа, во ред реков, убаво. Ај позади грб искрено не се замарам што коментираат, секако сите си даваме мислење и коментари, тоа е факт, ама пред мене, директно кога некој ми паметува и сега јас треба да го убедувам или да се докажувам?? Значи луѓе усул немаат па си го пикаат носот во паричникот на другите, во креветот па прашања ајде кога дете прво второ петто десетто, ајде женско ајде машко, дека во киндер јајце нѝ се паѓа детето нели? Па во имотот кој колку имал што возел, ај позади грб нека се зборува како си сакаат, ама дрскоска во лице да му речиш на некого за негови работи што тебе не те допираат? Ете таков заостанат, прост, недоделкан народ сме. Се надевам прсна во смеа пред неа
Отсекогаш има и додека беше само на доење, сеуште се дои не прима ниту едно цуцла ни ништо, ниту пие млеко друго. Сум пробала со све ама не јаде многу, нема апетит многу малку количински јаде и секогаш свежа и здрава храна му правам ама не помага.Има 27 месеци а тежи 12,500 г. Педиатар вели дека такво е детето до 3-4 години ќе се среди метаболизмот, му давам шурупче порталак или ефекол кесичките што се едно на ден по препорака на педијатар.
Фала за рецептата Инаку ваквите жентурачи јас ги сметам за љубоморни Обично прашањево ми е поставувано од жени кои поради разно разни причини никогаш не доеле (не ги осудувам ниту сакам да навлегувам зошто тоа си е нивна работа) а свеки на 2 недели ме прашува дали уште цица
Истите работи и синко ги пие, сирупот немаше ефект, ама прашокот брзо го протерува. И слива и домат го протеруваат кога сака да јаде.
За запек мајки дали сте пробале да им давате почесто тиква печена, батат варен и ред други работи ако ми текне ке ги пишам ако јадат де јас сум приметила кај кере од тоа почесто дека си кака
Баш е соодветен називот жентурачи Пикаторки едни. Којзнае што им е поентата, тие си знаат... А свекито сакаше да знае дали цица поради загриженост да се дои бебето или носот ја чешаше? Ќе ја менам онаа во: жена на жена волчица ѝ е.
Сум пробал ама многу прибрлива е со јадењето не јаде ништо што нејќе. Копрокултурата негативна нема паразити.
Носот ја чеша Попто малата ради тпа само мене ме сакала и само со мене се гушкала пошто уште ја дојам
Оф иста мака со доењето. 20 месеци ќе полни и цица како бебе. Ме прашуваат Аман бре жено до кога со цицката голема е веќе. А јас мртва ладна им велам додека не почне на школо. Ако пак се усогласиме И тогаш додека не ја мажам. Овие денови изгледа вади тројки или е размазена од вирусот пред некој ден, само плаче по мене и цице, цице... И навистина цица многу пати. И ништо пак не јади. Пак се врати на 10 кг. Ама воопшто не ми е грижа што мислат Инаку за јаткасти јас дадов после годината без реакции. Ако @ddevojce успееш да дадеш млеко секоја чест. Јас се намачив, сите адаптирани ги пробав, ништо. Само моето го сака. Дека ептен во каши млечни по 120мл мах може да прими на неколку дена. Но пие јогурт, кисело млеко и сака домашен овошен јогурт. Едно прашање. Како се бројчињата на Најк патики во однос на Адидас? Мислам помали но дали еден број е доволно. Има патики Адидас 21 но и се големи. Дали 21 најк би биле ок бидејќи онлајн сакам да нарачам. Баш овие ги меркав
Ваков модел има малата и може да кажам дека се доста крути. Знае да се сопне иако е поголема. Веќе ако се решиш да зимаш, изгмечи ги пред носење да омекнат. Инаку Најк ми идат за нијанса помали од Адидас.