Ја пишав погоре, прелесно се размачкува и не остава бело, малку мрсен ефект дава ама моите се со посува кожа па им одговара, за мене е мрсна ама кога ставам плус нешто е добра, се сетира со пудра на пример или бб крема
Нема проблем убаво е тоа на Ла роше, се размачкува убаво, не остава бела трага , ама ај викав сега ова да го пробам на Лавера,дека е со поприроден состав и физички филтри. Го рецензираше на јутјуб @Biodevojka и видов дека и ова лесно е , одма се впива и добри коментари читав па затоа на него ќе му дадам шанса сега
Да ве прашам,дали на малите доколку одбиваат да јадат од ручекот давате замена или чекате да помине некое време па пак да понудите од истото јадење?
Не знам јас немам користено ич со фактор Но неколку членки погоре ми ја препорачаа и рекоа дека мн фино се размачкувала
Јас му давам друго. Сум пробала да не му давам сат два но залудно повторно одбива. Незнам колку е веродостоен мојов начин бидејќи имам дете не јадач ,скоро се одбива или ке касне 2 залаци па врти глава. Па морам да му дадам нешто што ќе јади. Ако не си пробала да почекаш малце ,пробај. Во спротивно нема поента да ги држиме гладни. Има вакви периоди. Пред 2 месеци значи немаше нешто што не јадеше. Жива пиперка му давав, бараше уште . Јадеше месо, секое овошје, секој зеленчук.. а сега... ми се плачи дури.
Здраво на сите за Лавера тврдам јас лично. Не остава многу бело како останатите производи со физички филтри. Јас ја имам момантално. Минатата недела направив и видео во кое покажав каков е ефектот врз кожата еве ќе ви го оставам овде. За некој ден ќе направам и статија со слики. За деца е одличен иако мене и за мене ми се допаѓа. Слободно земете го.
Мајки како ги одржувате шишињата да не замирисаат? Синко пие само вода од шишињата, ги мијам со посебен сјај и пак мирисаат гадно Не можам секој втор месец нови да купувам.
Се умирисуваат од водата. Нека не стои по цел ден водата во шише. Дај му да пие, истури ја водата и нека се исцеди и исуши. Кога ке сака пак стави вода. Или земи од некои евтини, во рамстор ги гледав еднни wee другарка е задоволна од нив.
Стави во шишето лажичка сода., наполни го вода промешај и остави да отстои некое време и после го миеш на вообичаен начин. Пробај, кај мене обично делува.
Види ги и Nike start run. Слични се со танјун а имаше и црни. Само не знам дали ќе најдеш број зошто е постар моделот.
После виденото видео си решив да ја земам Ке сакав да те прашам дали знаеш каде може низ Мк да се најде сем во belina таму видов дека ги има производите на Lawera Благодарам
Има и во космо. @marchi-cool давам друго. Ако од прва не почне да јаде, нема воопшто да го јаде. Јас нудам храна кога е гладен, посебно ручекот, по пладневна дремка, значи ако не сака, јадењето не му е погодено. Пример, имаше спанаќ со ориз, не сакаше да го проба. Понудив друга опција веднаш почна да јаде.
Ако не се лажам имам видено Лавера и во ДМ. Не сум сигурна за ова со СПФ ама други производи на Лавера имам видено во ДМ така да би требало и ова да го има. Утре треба да одам во ДМ па ќе ти кажам. Инаку 100% ја има во БиоШоп на Белина позади цветен пазар. Поздрав.