Од чико пластично шише користам само за вода, го мијам еднаш денот со сјај обичен, вода има нон стоп внатре и дење и ноќе и во градинка е истото, да кажам дека 5 месеци истото го користам можи и поќе и не мириса никако, само цуцла менувам
Добро бе 5ките колку време излегуваат?? Во карантин сме, плус веќе 5ноќи без спиење. Раце в уста, плачење, заспа после полноќ. Уморна ептен сум. И после 5ките има некој мирен период, да одморам малку??
Му мачкаш некое гелче? Сум слушнала дека ко ке имаат мака даваат пола доза блокмакс, ја намалува болката. Консултирај се со матичен, греота да се мачи.
Од летото тргнаа од 19 месеци, еве го 2 год и 4 месеци уште 2те горни 5ки останаа, не се излезени уште.
Да, претходно и ставав гелче на другите, ама не блокмакс туку специјално за запчиња на децата. Ќе купам сега обавезно, и на мм му текна то вчера. Ќе намали барем малку си се тешам. Тнх @lackygirl Лаки баш ме утеши Туку искуство си кажа само Ние досега само со 3ките се измачивме поќе иначе со другите полесно. Ќе видиме оваа приказна како ќе биде. Тнх
Дали на некое дете од тука му имаат откриено трет крајник на 1 година? Цело време диши на уста, има прекин во дишењето (слип апнеа) и сето тоа поради трет крајник.
@Larahappy јас давам сируп за апетит и го давам со сок. Секако на упатството пишува да се дава после оброк. Значи на полн желудник. Се надевам има ефект баш ќе прашам во аптека. @RAK91 на мојот внук му открија на година и некој месец. Дишеше на уста ,а кога дишеше на носе грчеше постојано како стар човек и воопшто не му беше пријатно. Пред да наполни 2 годинки му го извадоја со си другите крајници и сега нема никаква мака.
Предлог за занимавање при патување на 18+ дете? За две недели ќе одиме за Мк (патувањето е околу 500км) па бидејќи знам дека освен кога ќе спие, нема да седи баш мирна, а можно е сама со децава да одам па бидејќи ќе возам нема кој да го занимава малото, дали ќе е добра идеја ако и ставам таблет или да и пуштам песнички само? Имаме проблем со повраќања и пие сируп обавезно и не знам дали е добра идејава да и пуштам да гледа во таблет?
Моја блиска пријателка пред година дена на ќеркичката и ги извадоа крајниците, исто така имаше апнеа и многу често се разболуваше поради крајниците. Она на 3 години ја оперираше, а ми кажуваше дека од 1 година така исто со отворена уста спиела и правела апнеи по неколку секунди не дише и она многу се плашеше, ја носеше на неколку лекари и сите и рекоа да ги оперира, не е добро за срцето понатака ако многу се чека. Сега кај вас е многу мало јас мислам ама не е лоши да си земеш 1,2 мислења да ти кажат што е најдобро да направите во вашиот слулај.
Мислам дека нема апсолутно никаков друг начин да се занимава сама сем со таблет стави и и некоја играчка ама што знаеш дека нема да предизвика проблем И не е никаков грев па и еднаш да си поседи со таблет
За такво и мислев гелче, јас на фризидерм имам. А инаку за болка од сирупчето да се напие ке намали. Со лесно
500 км не се малку пат, па и плус сама. Направи се што треба за да се издржи патот, и ти треба да си психички смирена, ќе возиш. Дај и таблет, дај грицки, дај играчки. Лесно да ви биде
Тука кај нас во Грција изменија милион работи , овие месеци не пуштаа движење од област во област (за тие што сакаат да ја напуштат земјата не пример , не важи) , па колку толку ми помагаше свекор ми , сега има некоја најава дека ќе пуштат па ќе видиме. Друго беше летото кога седев со неа и ја занимавав. Ама беше и помала , друго беше. До сега никогаш не сум возела сама или татко ми ми помагаше или свекор ми. Ако треба сама да одам впрочем до граница ќе треба да возам сама тоа се околу 220 км , а на граница ќе ме чекаат моите така да татко ми ќе помага до Ск. Остај што мака ни направи коронава , ама ќе се снајдеме ако треба за баба и дедо да си ги видат внучињата. Се расприкажав јас , фала ви