Да, ептен е мал. Ама ме плашат тие прекини во сонот. Ни дадоја терапија да пробаме така, иако ми рече најдобро е после 2 год да се извади. Не бил до сега болен, освен една настинка. Понатаму ќе видиме. Сега бев во Ремедика, планирам и второ мислење. Ти благодарам.
Генерацијо кај сте ми фалите... Како се другари и другарки? Ние добри. Денес бебе прв пат си го нарани плишаното лавче. Го седна на маса, зема тањир и лажица и го најаде! И вода му даде Неколку дена уназад го седнуваше прво на точак, после у хранилка и денес конечно го направи the next move! Тоа е од новитети. Друго се по старо. Ваљда регресијава е при крај (или што и да беше ова периодов) Пишете некој збор... @Мариаа. @Septemvri @Presrekna @Mia Fuentes @Yowannty
Јас му го давам навечер некогаш директно со шприц, некогаш помешан со сок. И не пазам баш дали е пред или по јадење Го пие веќе еден месец,сега за сега е ок, но за да даде резултати пишува 2-3 месеци да се пие. Летно време не се даваат вакви сирупи?
@Larahappy да најдеш некоја замена што ќе сака да ја пие без проблем можда? Јас давам сируп за железо, многу го сака, дури и уште ми бара. Како сте друштво? Кај нас се по старо. Ирис ни јаде, ни спие. Уствари последно време знае да касне ќофтиња. Па секој ден и праам ќофтиња. Мисиркини, телешки, свински, пилешки, мешани. Мисиркини највеќе сака, а и ние по дома нив ги претпочитаме. Од ново, се пушта по некој збор деновиве. Што на македонски, што на грчки, хаос. Ама сеуште вреска и доаѓа ме тегне ако сака нешто, за таква работа не се ни труди да изусти нешто. Многу е немирна, активна е цело време и неуморна бељаџика. Со 2 играчки највеќе се занимава периодов. Минион Ото, кој прави секакви минионски звуци и пробува да го имитира, и зајче на батерии кое го земав на брзање за мали пари од Џамбо, со него се кикоти и по еден саат. Игра, трча, го гали па го треска од земја, сирото го испокрши ама уште работи и уште и е интересно. Утре ќе текне маж по ново некое такво куче, маче што ќе најде. Поздрав од нас.
@The Unicorn Генерацијоооо Одамна немам пишано тука. Моментално преживуваме вадење на тројки, и е појако од сите скокови и регресии претходно. Ужасен период. Дополнително здраво им кажавме и на тантрумите и удирање од земја зошто треба да се смени пелена. Не јадеме. Во суштина, многу е сменет од кога иде во градинка. На подобро. Ме лупа језа од тантрумиве што следат.... Ве поздравуваме.
Кога спие наеднаш како да прекинува да диши и така е 2-3 секунди и потоа зема длабоко воздух и продолжува со нормално дишење. Го приметив уште околу 4-5 месеци ама као демек тогаш нормално било, така дишеле бебињата... И спие со уста подотворена најчесто, не секогаш. На ОРЛ треба да го ѕирнат, за да постават дијагноза
Мојов трапавко само паѓа. Крај на ноември прооде, на 13ипол месеци, абе цел е со модрици. На контрола по проодување имаме закажано на средина на мај. Се тешам дека кај некои е понапреден говорот, кај други стабилноста/проодувањето. Моево папагалче уста не затвара. За некој ден ќе прави 18м почна да кажува цели реченици од 3,4 збора. Секој збор го повторува, кога греши некој збор му го кажувам во слогови,слог по слог повторува а потоа и целиот,сака да научи правилно да каже. Многу памти и ситуации,дешавки и приказни од книги. Некогаш доволно е само да му вртам страни а он кажува: црвенкапа,шумата,волкот,дојде бабата изеде ам,ловецот...итн Дури ме засрамува надвор,ги повторува другите луѓе. Во маркет си зборат продавачките:Лиле викни ја... и овој: Лиле и се смее.. Бевме во Лешок, една мајка тетовчанка поминува покрај нас и на децата им вика: Не играјте туе!и мојов се дере:туе! Јас главата во земја Значи за говор немам замерка,ама стабилност.....вчера падна врз коцки и две модрици под коленото. Пред некој ден падна со цуцла во уста и сега има модрица кај бркчето. Денес во градинка ми викаат што е работа до модрициве,ме фати срам ќе помислат семејно насилство дека е во прашање го мачкам со кремата од Фризидерм,ама некако нема некој ефект. Пишував дека малку се одвикна од градинка, сега веќе е супер,радосен влегува,радосен излегува. Ми ги кажува другарите по име. Почна да јаде повеќе и дома и во градинка, за среќа и крвната слика е добра ( на тоа не јадење) Ама мислам дека ми стои во место со висина и тежина има околу 11кг и околу 85см. Од прилика 6м е вака (за тежината сигурно,висина не стои мирно никогаш кога мериме). Уште ми е цицалче ,и во последниов период сфатив колку многу он е заљубен во цицето. На моменти ми доаѓа нервоза (најчесто ноќе кога ми ремети сон и мене и на себе) и викам готово ќе пробам да го одбијам...ама кога ќе цица дење,додека чека да се соблечам како се радува, кога ќе ги видам тие радосни очиња...па цицајќи кога ќе ме погледне и погали нека цица до прво одделение За промена, вечерва прв пат заспа со мене на спална лежејќи без да цица. Со приказната Црвенкапа Многу сака деца, а многу им ги сака и реквизитите Му купивме кола на акумулатор,малце ќе се повози и готово да станел,па после јас трчам по него,татко му си ја вози колата. Последниот пат во парк не прашаа да не ја продаваме а дома (во соба) душа и вади,влези излези,уклучи, исклучи. И така бидејќи реквизитите на другите се поинтересни ( @Yowannty те памтам за топката кога кажуваше,исто ни се дешава, носиме топка -не, туѓата е поубава) размислувам да му купам тротинет. @The Unicorn вие мислам имавте? Ги гледам малите дечиња ги возат најчесто оние со бубамарата, дали е ок тој или друг некој да ми препорачаш? Со заби сме исто тапа во исчекување на тројки, а потоа и петки. Со структурата на храна нема проблем,можеби малку за месото,но во супа си го јаде парченца. Уште малку повеќе апетит да има не ќе биде лошо. Поздрав
@Sofi.ja и јас имам впечаток дека не може и говор и моторика да се перфектно развиени. Изгледа ако едното е напредно, другото ке е во сенка. Браво за твојот батко. Синко мој обратно, моторика му е јака страна. Пред една недела падна за прв пат, држеше гранка во раче и трчаше, се сопна на испакнатина од корен која не се гледаше. Сите разбраа дека е повреден, изгребан е ама си се жалеше. Дома како поп сите да го бакнат. Се качува и симнува по скали, соблекува алиштенце, јакна облекува малку наопаку, шутира и фрла топка, итн. Разбира се, разбира сложени команди без гестикулации. Пример, земи ги влажните и стави ги во твојата торба, а влажните се на кревет, торбата во ќош. Потоа прашувам која е мојата торба, ја покажува. И од друга соба знае да донесе, однесе, сите команди ги разбира. Дури и оние кои не претпоставувам дека ги разбира. Ова се е карактеристично за 22 23 м. Затоа говорот слабо, а 20 месеци е. Има напредок, веројатно наеднаш ке се случи бум.
Hellooooo дечиња и мајки Кој на работа, кој во градинка, никако да пишеме. Еве со 19% батерија да ве поздравам, фалите! Ние сме супер, се уште не оди во градинка, малку шетаме, повеќе во двор овие дена. Збора 100 на сат, оди застани ја. Пазиме шо збораме пред неа. Во фаза балони сме, секакви бои и големини и омилено - од сапуница. Мирна е, спие. Ај со крстена вода да ја попрскам и легнувам Ве гушкаме
Понекогаш и јас ја имам забележано малата дека така прави, ама си мислев нормално дека е. А и неможам толку да ја забележувам дека си спие сама во креветчето. Сеа што да правам поим немам..дали да ја следам навечер некое време кој знае..фала ти на одговор
Да темпираш време додека спие? Барем пола пат да го спие. Ние така кога имаше две години отидовме до црна гора. Пола пат го преспа, после пола нешто грицки, таблет, листови боички, една табла пиши-бриши доста време со неа помина, песнички.
@Sofi.ja од како убаво прооде и мојов имаше еден период многу паѓаше. Така на прав пат од ништо. Мислам дека е период. За тротинетот си ме помешала, јас баланс бајк му земав. И бар мојов уште не ми личи спремен за балансирање Инаку знам на кои тротинети со буба мара мислиш. Мене не ми личат многу практични ама не знам од искуство да ти кажам. Ама па и не се скапи може да пробаш па може ќе упали
Иста е и мојата. 21м, се разбира, слуша команди, на слика знае сите да ги покажи, трча, се качва, ама зборчиња мама, тато, баба, тете, да, не, нешто по нејзино. Слушав логопед рече дека било во ред, но до 24м треба да се зголеми фондот на зборчиња. Јас сигурна сум дека овој период ќе се пуштат, ехее има време уште 3м. Скокови сега, па напредуваат цело време. И имам повеќе примери од познатите личности на кои децата им се пуштиле баш точно на 2г да зборат, ама онака се, буквално се зборале наеднаш. Ако ти е за утеха
Па јас воопшто и не сум насекирана за зборењето. Маж ми знае да праша кога ке прозбори бе, а мене ми е во ред. Целокупно развојот му е повеќе од одличен, навистина е интелигентен, и говорот ке дојде на свое. Синко има нешто поголем фонд. Како што не проодуваат сите на 11, така не прозборуваат сите на 18 19. Битно е да се следи детето и ако има потреба да се реагира.
Кога ве читам со дотигнувањава сакам и да ве прашам дал преку ноќ идат некпи работи? Мојата 14 месечна брбливка си збори по свое, се разбира ама по свое збори сем неколку зборчиња како мама тата баба њам њам ап ап ау и ѕе Од книги ке ги разгледа малце и после директ во уста (никнат 3ки и 4ки сите одеднаш) не се случило една книга да ја прелистаме до крај а обожава да ги реди во кутија Од играчки си ги рани куклите и им прави манџа (врти со една црпалка во пластично како миксер е брза) и кога им дава да јадат им вика ап ап Реди и од оние што се како гевречиња на врвот што има пајче и друго со топче Ама пример имаме автобус со внатре коцки од различни форми а тие коцки не ги става низ соодветните дупки туку ја отвара задната врата од автобусот и од таму ги пика (100 пати сум и покажала од кај треба) А за одење прооде мислам има 1 месец од тогаш навака се на нога е
Здраво мамички ...ние сме помали не сме за тука но веќе бебе полнува д се интересира доста за околината.. Му зедовме сликовници и сак д гледа во сликите и покажува со прстето го мести кон сликите ама так по негово не е со знаечење демек да прашува нешто.. Па ме интересира од кога почнаа вашите да покажуваат со прсте со значење... Исто го учам з чао да кажува ама залудно смо ме гледа.... Имитира смеење и кашлање... Мнму е интересно и кивање ама не знае уште а ска да го напрви и тоа... Крев раце високо да кжи колку голем ќе порасне.. Некои работи ги први ги учиме... Исто ме интересира од кога почнуваат д разбираат да имитираат звуците на животнитњ да знам кога д обврнам внимние и на тој дел...
Супер е момата. Достигнувањата доаѓаат спонтано, децата учат секој ден. Се што ке направиш и кажеш за неа а ново и таа снима а потоа и копира. Јас не сум ни свесна кога порасна, како вчера да го ставав на стомак и да тропав со тропчиња да се врти по нив.