На моето исто моторика помалку развиена беше и сега кога трча тромав е спор ама има скоро 19кг од бебе е тежок и крупен па си мислев затоа, но за говор е супер, од прв збор кога кажа се точно ги кажува, во градинка е најмал бидејќи е декември роден а зборува повеќе од некои деца што се веќе 3 год во група, брои до 10 на англиски (одмана) на мак до 18 брои само ја скока 13ката зборува се, раскажува случки....ама моево е веќе 2 год и 4 месеци.
Покасно ќе ја понудам пак пд истото ско јаде ок, ако не ќе цица дур спремам нешто друго, или ако протестира и е гладна хипп кашичка. И мојата пое само вода, ама јас ги вријам преку ден со сјај за детските работи. Кога ставам пресна вода ќе го измијам убаво со сјајот и пак полнам. Моја беба шо се научила ако не и нешто по ќејф или и земеш нешто од рацњтњ веднаш си ја треска главата. Ако стои до Ѕид дали напред или назад си ја удара . Ако е на под или седи одма право со челото у под. Имаше една мала modrica на челото. ако сака нешто да ти даде или ти да и дадеш вели На, На
Хаха исто прави и мојов, ако му речам да ги стави од кај што треба со моја помош ќе ги стави. Кога ќе го фати мрза го дига капакот и ги става. Јас едвај чекав таква играчка да купам него не го занима Мојов сака поситни играчки,на пример дрвена сложувалка со овошја има, и си ги прибира во раче, па ќе си ги реди на друго место. Но знае и кое како се вика и кај му е местото во сложувалката. Инаку до 15тиот месец кажуваше по некој збор,од тогаш преку ноќ се разборе како папагал.
@lackygirl Душо, уште се нишкате во раце за заспивање? @MilaSs12 И мали има одлична моторика. Дури и перфектна може да се каже. Али затоа не збори. Знае да одлепи некој збор, да пее песнички, ама јок да зборне. Ако и зборење и биде навиено, како што и е одењето. Тешко мене. Најново и е да се тркала на брдо во парк, и да се лизга со газот надоле. @Мариаа. Дојди да те гушнам И ние вадиме тројки. Т. е се местат веќе две недели. Навечер се буди повеќе од новороденче, денски штрбо спие. Зомби сум. Гел не дава никаков да намачкам. А ме види со тубата, ја граба и ја шмука @ddevojce Не се научила дека не и е по ќеиф. Она има тантруми. Тоа е излив на бес и нервоза кога сака да направи нешто а неможе. Незнае на кој начин да искаже незадоволство. И во ред е да ги има. Допрва ќе почнат тантрумите. Треба само да си смирена и да посматраш да не се повреди. Не ја карај никако. Утре и надвор ќе направи така. Луѓе ќе те гледаст со осуда, колку е разгалено. Ти насмеј се и кулирај.
Гушки за сите мајки што имаат деца кои вадат 3ки. Јас уште ги чекам 5ките. Тантруми за секое менување пелена, облекување, соблекување и сл.
Гушнете ме бе и мене ние и 3ки и 4ки вадиме значи се одеднаш :% Жал ми е дури за малава коллу е храбра се жали она ама за толку заби па и добра е А за менување пелени шта речи а не плакати
@srekice ќути и јас помислив на тоа, ама си викам ај рано можеби е. Леле нема да заборавам никогаш со големата ќерка околу две ипол години беше, ја зедов од градинка у 14 попладне, цел пат да рика, не сака у количка, не сака да оди, не знае шо сака, абе да се треска на земја, на средбцентар на сред семафори пука од жештина, тоа рева на цел глас се трескаше од земја, јас како семафор само менував бои на фацата од бес, едвај се воздржував, ајде со убедување на игралиште играше плачеше се у круг дур се измори и си отидовме дома у 18 часот. Ми се плачеше
И синко сите 4ки наеднаш ги вади, еве долу излегоја, сега и горните кај и да се ќе ги извади. И невозможен е. Тантрумите почнаа и кај нас А тројки растат следно? @Kallias2 кај синко прво двојки, па кецови Пресмешен беше
Ми го опиша детето жено Моториката и е јака страна. Прооде на 11м од прв чекор до цел стан за само една недела, веке од 12 месеци трча и еве не е застаната Значи буквално исто се качува се симнува по скали, шутира топка, на нерамен предел оди перфектно, дома се качува и симува по се. Исто разбира сложени команди како шо ги опиша. Кај говорот има напредок секој ден ама помала е од синко твој 17м е, и јас тоа приметив моторички децата шо се појаки послабо им оди говор. Ако не се лажам и кај тебе рано ги извади сите заби. Ама моето е јадач, тука не можам да се пожалам јаде буквално секаква храна, не бира. Веке користи и прибор. Се е супер во развој ама е бељаџика невидена, немирна, триста на саат и никако и никако не сака да спие. Немам проблем со заспивање заспива сама ама дете се буди по сто пати, преку ден едвај саат ипол спие. Јас не знам како има сила по два пати минимум е надвор и тоа без количка и точак значи оди квалитетно и дома пак не седнува. За тантрумите не зборувам ништо, ке си попчалам само на нај јако се. @Sofi.ja браво за малиот, многу ми се слатки децата од многу мали шо зборуваат @RAK91 да после четворките излеваат тројки.
Не е еано. Ние мислам околу година почнавме со тантруми. Тогаш поретки. Сега неколку на ден ја фаќаат. 22 месеци е. Еве, денес се трескаше за бањање. За жива глава не влезе во када. Така фино лепо си ја вратив назад небањата @Septemvri Да се пофалам. Не цицаме веќе десет дена . Вие до кај сте?
Редослед на растење се прво долу 1ци па горе па долу 2ки па горе 2ки па 4ките па по нив 3ки па 5ки Нели е рано за тантруми???
@srekice веќе 1 месец заспива сам, лежиме до него секако ама сам си бара, некогаш почнуваме в раце и вели На кревет на кревет во неговото креветче спие ама е залепено до спална(лежај) јас се преродив од ко е в креветче, од есената си спие во него. Општо сега за поќе работи е полесно, поќе разбира, па зборува нема многу тантруми и можам да речам дека мирен е
Ај честито . И ние сме на добар пат. Ноќе цица еднаш до два пати, а имавме две три вечери без ич, ама одиме пополека. Денски уште сме на два три подоја. Фала ти на советите и тоа што помисли на нас Заборавив да пишам веќе некое време заспива без "меме".