Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.416
    Допаѓања:
    18.655
    Кај моето прво единици доле, единици горе, двојки горе,четворки сите одеднаш и една по една долните двојки. Последната уште расте.
    Нема правило се наопачки:D
     
    На nadenadia, NNA, MinnieM и 3 други им се допаѓа ова.
  2. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Добро е. Мислев уште го нишкаш, а тој 18 килограми. Грб да ти падне. Ме утеши сега малце. Се надевам и мојата ќе почне да заспива на кревет, да престанам и јас да нишкам.
     
    На NNA, Dikinzi, lackygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.941
    Допаѓања:
    12.145
    Пол:
    Женски
    Здраво мамиси :)

    Ве прочитав сите за напредоците на дечињата, многу ме радува што сите се супер дупер одлични :D

    Мојов прооде :party: Многу е внимателен, ептен се чува, се кочи со стапалцата ако се заниша и паѓа пооолека на коленца, главата ја чува :) да не го подречам пу пу пу. И си викам значи рамнотежата ја вежбаше два месеци, за сега да биде постабилен, ама за одењево можам да речам дека slow but steady. Сакам да се чува и сакам да е свесен, на мајка да си биде детето :inlove:.
    Друга работа што ми е симпатична овие денови е што кога јадеме, доаѓа до столот кај нас и чека ко некое маче, да му дадеме, си бара од јадењето наше, па му давам ако е јадењето потаман за него, ама скоро секогаш тоа е само лепче. Нема проблем, си го зема :D
    За брборење, по негов бебешко-детски јазик, нешто повторува баба деде бу бу мама само кога плаче :^).
    Со спиењето што правиме?
    Ајде кажувајте кога почнуваат да спијат цела ноќ? @Sexybaby86 ,те памтам рече дека големата кога заодела, почнала да спие. Спиеше по цела ноќ или подолго во ноќта?

    Мојов поврзува по 4 5 часа, ама двапати си се буди, тоа му е од 7миот скок. И јас попуштив, место да го смирам поинаку, му давав да цица и ете си додаде уште еден подој ноќе. А претходно еднаш се будеше. Сега што да правам, да го чекам сам да се стабилизира, да го чекам да оди убаво или да почнам со скратување подој? 8ми скок веќе е при крај, ама што дека, мислам дека ќе продолжи со будење. Од заби - двојки горни двете заедно растат, ептен споро и тие, што коска ќе да беа...

    И да ве прашам за вода купечка. Зедов ваква од зегин, грчка. Натриум читав овде треба да е помалку од 10, оваа има 6. IMG_20210406_215751.jpg
     
    Последна измена: 6 април 2021
    На nadenadia, RAK91, crazylady и 9 други им се допаѓа ова.
  4. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    И јас мислам дека е рано, ама можеби нема правило не знам. Ќе видиме.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    Секое дете своја приказна
    Јас кажав по книга како оди
    Кај мојата ете така си тераат според книга
    Што не значи дека сите ке се исто :)
     
    На NNA и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  6. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Да, кога прооде големата, почна да си преспива цела ноќ. Претходно беше хаос, секоја вечер по 2-3 саати беше будна, стоеше на глава во креветче натртена, си играше, дрдореше... :D
    Е сега пошто она на таа возраст веќе не цицаше, пиеше ад, ама пиеше пред спиење. Навечер ако некогаш се разбудеше давав вода, ќе пивнеше и ќе презаспиеше. Пробај со водичка :)

    Мене бебка сега ми е во оваа фаза кога уште не оди и се тркала по саат време додека да заспие навечер. Си стои на глава и она, само рита со главата по ќебињата, место не ја фаќа. Ама така е додека да заспие, после си спие цела ноќ. Да не се подречам, со малава немам проблем за ноќно спиење, спие откако е родена ноќе. Дење знае да забушава некогаш, ама не е страшно. Две дремки барем од по саат ипол ги има, така да не се секирам. Сега двојките горе и’ растат, мислам затоа е толку немирна навечер и си поткенкува. Ама каде каде помирна е од сестра и’, не е плачка. Големата рикаше по цели ноќи, ама карактерно си е она драма квин :D
     
    На elenaklasik, dunika, Mia Fuentes и 7 други им се допаѓа ова.
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.009
    Допаѓања:
    108.615
    Пол:
    Женски
    Женски, некоја да го има седиштево Chipolino verso или било кое Чиполино седиште? Сакам да ја извадам целата навлака да ја исперам , ама не се вади лесно
    [​IMG]
    Исто сакам каишите да ги протнам на најгорните дупки.
    [​IMG]
    Ама го има железово и не може никако да се извади. :swear:
    [​IMG]
     
    На NewMama му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на муабетот за развој на моторика и говор, за првото мислев дека не одат заедно, прооде на 11месеци, одлична моторика, стабилност, снаодливост во ситуации, говор доцнеше и тоа доста. Второво ми ги поби тие ставови, на 10 месеци одеше стабилно, потоа низ месеците качување по мебел, трчкање, скали, одлична. Со говор не изненадува секој ден, од годинка со 10 зборчиња, па сега на 15 веќе не ги ни бројам, секој ден ново учи.
    И двете здрави и прави, тоа сум најсреќна, месеците на достигнувањата ама баш не се важни, се додека се во граници на нормала за возраста се е супер.
    Кај првото покасното прозборување ми носеше малку фрустрации, ама затоа кога почна да напредува бев буквално на седмо небо, уште порадосна отколку сега кога второво од мала возраст убаво напредува.
    Побрзо или поспоро напредување не е важно, сите се ѕвезди на свој начин
     
    На rainbowmama, elenaklasik, ddevojce и 12 други им се допаѓа ова.
  9. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    На elenaklasik и BY<3 им се допаѓа ова.
  10. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    12.939
    Пол:
    Женски
    Хелоу генерацио.
    Сите чкртаме по збор два, па се е јасно какви деца имаме.
    Мојата како на @Yowannty е невидена палавка, бељаџивка. Не што се вели зборот туку онака озбилно. Само бељи прави, се качува секаде, растура, крши чачка се и сешто. Верувајте мијам заби со десна рака, со лева го држам програматорот од пералната, со една нога стојам, а со другата го држам капакот од шолјата да не го отвори. Може комотно да влезе внатре.
    Ако ја оставам надвор тоа е руски рулет. @Мариаа. Сфаќе држ се. И ние сме со тројки во очекување, плус трантуми, убиствена комбинација. Пак ништо не јади, само се лажиме.
    Сеуште е 10.3 кг, а 10,7 беше.
    @The Unicorn @srekice ве гушкам и вас. И палчица моја има една кукла од Мала ја храни, пресоблекува, но се трае секунди. И ноќе има вечери спие со едно будење, има ноќи кога маста ми ја вади, на цицка спие, па се буди на минути ако не И дадам.
    Ништо не и задржува внимание подолго од 2-3 мин.
    @Septemvri ние сеуште се доиме и тоа ексклузивно, хахаха. Бидејќи не јаде од цице живее.
    Може да заспие без цицање, но кога е преуморена, но обавезно да го гушни цицето.
    И мене ова дете ми побива ставови како @Autumn_ дека моторика и говорот се обратнопропорционални. Со 200/час се движи, а веќе има фонд од 50 зборови, секој ден ново учи. И како на @Mia Fuentes повторува како папагал. Веќе почна да поврзува по 2-3 збора.
    Пр. Деда даде пае- дедо ми даде пари
    Ато на бата- чоколадо дај му на бато.
    На и дај ги греши и обратно ги користи бидејќи така ги слуша. Како со возрасен да сум по цел ден. Многу сака да ја терам нешто да извршува со одење. Само тогаш не прави бељи. Пример да однеси алишта пред тоалетот за перење, кога собираме алишта знае се кај седи па носи на место обично чорапи, долен веш. ...
    Знае се да донесе, кои чевли ќе и речам, играчки, палтенца нејзини, ми го носи тел, на Бато му носи вода, разликува Кисела и обична ( различни бои се шишињата)
    Но за да и читам сликовница не застанува ни 2 мин, не се заигрува нити пак врти глава кон тв. Само песнички сака да течат и да слуша.
    Постот трет ден го пишувам затоа е долг.
    Ве поздравувам и гушкам.
    Почесто вака да се здружуваме @The Unicorn Фала што не собра.
    @elenaklasik лесни чекорчиња.
     
    На dunika, rainbowmama, Mia Fuentes и 13 други им се допаѓа ова.
  11. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    и кај нас така израснаа. А и трајните кај големиот не почнаа да растат по тоа пишано правило

    И ние сме исти како последнипѕ коментар на @Presrekna тоа генерациски е така изгледа освен што не е толку голем бељаџија. Големиот на таа возраст беше леле мајко ова е посмирен. Од тантрумите за среќа ретки ни се. Јас и додуша ретко читам овде ама во глобала ве следам. Тука сме сите генерациски. За една недела ќе сме со полни 20 месеци. Очекував за оваа возраст да почнат со зборење макар и нејасни зборови.
     
    Последна измена: 8 април 2021
    На NNA, ddevojce, NewMama и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.193
    Допаѓања:
    26.137
    Пол:
    Женски
    Кај нас првп долни кец, долни кец, сега четворка една горе, другата ја чекаме и двојките горе се набабрени.. касно извади запчиња и сега сите на еднаш.

    Туку мајки давајте лек против болка во кичма, плачам..
     
    На NNA и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.894
    Допаѓања:
    18.775
    Пол:
    Женски
    Масажи, јас на јапонска бев и се препородив. Плус и почнав да вежбам, и сега е подобро. Инаку ужасно ме болеше.
     
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.009
    Допаѓања:
    108.615
    Пол:
    Женски
    Со зборувањето, моето има 18+ освен што има некои зборови што само јас и ги разбирам :lol: за телевизор вика тата , за саат - та , за тато исто вика тата ама покажува со прст за тоа што кажува па затоа знам што мисли. Бананата е баба , а исто и баба и е баба. Лимонот го вика ми , мачето- ме. :D
    Има и зборчиња со значење секако. Во последно време си зборува по нејзино , овие две недели стана по интензивно. Почна незадоволството да го изразува и со пискање и вцрвенување освен што знае и да ја удира главата наназад. (facepalm) Се качува секаде. Нема шанси кога си со неа да седнеш малку да одмориш. За 5 мниути знае милион работи да направи. Отворила шкафот ги извадила сите тенџериња додека ги соберам оди се качува на количката и сака да игра со тендата. Па ќе ја симнам , па ќе отиде на троседот да се качи и така се во круг. Со какањето оваа недела е подобро , ама гледам ако не кака 1-2 дена веднаш да и дадам од Ефекол прашокот , за да го заборави стравот :x
    Уште цица , особено навечер :| иако јаде, не дека не , ама мора и да цицне. И тоа ќе легнам јас , ќе се качи до мене ќе легне и ќе цица. Многу тешко ми изгледа дека ќе ја одвикнам ама ете таму јуни кога ќе се вакцинирам против ковид , оддеднаш ќе прекинам и тоа е.
     
    На marchi-cool, Autumn_, rainbowmama и 12 други им се допаѓа ова.
  15. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    За забчињата кај нас ништо не беше според книга. Прво горните кецови му излегоја па еден пар двојки, па долните кецови па четворки и сега и долни двојки :D уште 3ки и 5ки :wasntme:

    19м сме точно денес а за зборување трупче. Неколки збора со значење другото не јасно и зборува сам на некој кинески јазик. Најново знае да брои до 3 и си кажува де даа тииии и вика на 3 пресреќен, дури и кога сме на игралиште за деца пред да се спуштат на лизгалка им брои ,пресмешен е :D моториката добра и јака страна. Многу памти . Знае се кај му е - коса ,носе ,оче ,уше, запче ,ноџе ,чорапче и едвај чека да го прашам. Со командите исто ,извршува само кога му се сака пр затвори врата, донеси си го сокчето, стави ги играчките во кутија... а тоа што му е интересно еднаш само треба да му речам - дај му на мечето да јаде, баци го, гушни ги мечињата, ајде количето да го возиш,ајде надвор, уплаши го тато и т.н а за другото мрза. Исто ново му е не тера со татко му да се бацуваме. Или ако седам на фотеља ме турка да одам до него и да го гушнам или за коса ме носи (facepalm):rofl::rofl: Постојано е во движење неможам да го дофатам само се качува само растура, ми гаси и пали сијалици, исто истава тањири тенџериња.. зема метла да мети ,хаос е (facepalm) а јас 7ми трудна не знам главата кај ми е :D нека ми е жив и здрав камо да му ја имав силата :rofl: и така.. ете јас сега во исчекување сум за зборување иако ми гледа дека нема да е за брзо

    @Bubish26 мене ме спасија медицински масажи еднаш неделно, месец дена или повеќе. Синко додека беше помал од раце не ми се симнуваше и имав голема мака. Сме пишувале неодамна за ова. Ако неможеш да посетуваш физиотерапевт обавезно прави си вежби дома .
     
    Последна измена: 8 април 2021
    На Autumn_, rainbowmama, NNA и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.482
    Допаѓања:
    183.742
    Пол:
    Женски
    Дали сте приметиле да не сакаат да јадат сами периодов? Не знам дали е фаза или што се дешава.
    Со месеци јаде сама, за некои работи и помагам нормално, ама претежно сама си јадеше, и еве деновиве одбива, таа сака да ми кажува што да и боцнам со вилувчето, ама сама нејќе. :?: Фаза ли е што ли е...

    @koritsaki дали знаеш можда кај можам да најдам големи тетри? Или некои многу многу тенки ќебенца, да нарачам од негде, ама поголемки да се. Се што наоѓам е 80 на 80. :?:
     
    На srekice, crazylady, Mia Fuentes и 7 други им се допаѓа ова.
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.009
    Допаѓања:
    108.615
    Пол:
    Женски
    @Yowannty си проверила во Оrchestra или низ маалските продавничиња? Јас порано наоѓав поголеми тетри тука во градов по продавничињата кај што продаваат долна облека, пижами.
    Ако видам онлајн негде ќе ти пишам.
    Мојата во последно време си игра со вилушкатаили јаде со раце. А со лажица не сум и дала уште, зошто ќе си игра :D
     
    На srekice, crazylady, Yowannty и 3 други им се допаѓа ова.
  18. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.941
    Допаѓања:
    12.145
    Пол:
    Женски
    Мене наутро ме кине половина, не знам зошто... Дури се растегнам, да се раздвижам и потоа поминува. Ама болка некогаш не можам да се вртам во кревет. Можда дијастаз имам сѐ уште, иако правев вежби, стомакот уште ми е млитав.
    @Sexybaby86 како да му давам вода сред ноќ? Од шише не пие воопшто.
     
    На Sexybaby86 и Dikinzi им се допаѓа ова.
  19. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Па како пие вода инаку? Големко ти е детето како што знам, сигурно до сега пие вода :wasntme:
     
  20. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.941
    Допаѓања:
    12.145
    Пол:
    Женски
    Од чаша пие по неколку голтки. Ако нејќе од чаша, со шприц му давам :tmi:, а пие и од едно пластично шише купечка вода, грчка е, со мало отворче има за шмукање.
    Навечер кога ќе заплаче, одма го кревам и цица и го враќам. Не сум пробала да пие вода сред спиење. Велиш дека помага тоа да не се буди за цицање?
     
    На NNA, Dikinzi и Sexybaby86 им се допаѓа ова.